Контакт

Европа

Барања Австрија двојно да го намали бројот на азилантите

Објавено пред

Австрија би требало да ја намали горната граница за бројот барања за азил коишто ќе ги обработи на 17.000, што е за околу половина помалку од 35.000 кои ги планираше за оваа 2017 година, предложи во средата вицеканцеларот Рејнхолд Митерлегнер од конзервативната Народна партија.

dobivaj vesti na viber

Имајќи предвид дека австриските власти допрва да обработат 14.000 барања од минатата 2016 година, драстично намалената граница би можело да резултира со затворање на австриските граници.

Вицеканцеларот Рејнхолд Митерлегнер изјави дека ограничувањето е неопходно за да може подобро да бидат интегрирани азилантите. „Знам дека тоа е многу, но е неопходно“, рече.

Австриската Социјалдемократска партија, која е во коалицијата на власт со Народната партија, сé уште не реагираше на овој предлог.

Пуштајќи на својата територија во 2015 година 90.000 баратели на азил, австриската влада го промени пристапот веќе на почетокот од следната година и постави граница од 37,500 барања за азил во 2016 и 35.000 за 2017 година./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Зеленски: Имаме нешто што Русија го нема

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во пресрет на зимата, апелираше на истрајноста и издржливоста на Украинците.

dobivaj vesti na viber

„Непријателот силно се надева дека ќе ја искористи зимата против нас: да ги направи зимскиот студ и тешкотиите дел од неговиот терор“, рече тој во својата дневна видео порака.

„Мораме да направиме се што можеме за да ја преживееме оваа зима, колку и да е сурова. Да се ​​издржи оваа зима, рече тој, значи да се издржи се.

Русија има предност во проектили и артилерија, посочи украинскиот претседател.

„Но, ние имаме нешто што окупаторот го нема и нема да го има: го штитиме нашиот дом и тоа ни дава најголема можна мотивација“, нагласи Зеленски.

Украинскиот народ се бори за слобода и ја брани вистината, вели тој.

„За да ја преживееме зимата, мора да бидеме поотпорни и обединети од кога било“, додаде Зеленски.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон: Имам директен контакт со Путин

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одржува редовни разговори и директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

„Секогаш одржувам редовни разговори и директен контакт со претседателот Путин, бидејќи верувам дека ова е најдобриот начин да се продолжи интеракцијата за одржување на директен канал. Изолацијата е најлошата работа, особено за лидер како него“, рече Макрон во интервју за „CBS“.

Тој изрази мислење дека на 24 февруари, кога Русија одлучи да започне војна во Украина, направи огромна грешка, прво затоа што не го почитува меѓународното право и ги прекрши сите принципи, а второ затоа што „најверојатно направи многу грешки во нејзината проценка на нејзините и на украинските капацитети“.

„И сега се случува, да речеме, од септември, тие решија да бомбардираат многу цивилна инфраструктура. Ова е воено злосторство“ – рече Макрон.

Имајќи предвид дека војната во Украина предизвика скок на цените на храната и енергијата, како одговор на прашањето колку може да трае отворената поддршка на Западот за Украина, Макрон рече дека е исклучително важно „Европјаните, Американците и максималниот број од земјите во овој свет да ја поддржуваат Украина“.

Тој изрази мислење дека е важно да се пренесе пораката дека крајот на војната одлучуваат Украинците, а единствениот начин за решавање на ситуацијата во Украина би бил преку преговори.

Прикажи повеќе...

Европа

Украина прави сопствен дрон камиказа, ќе носи 75 килограми експлозив и ќе лета до 1.000 километри

Објавено пред

Украинскиот државен концерн „Укроборонпром“ изврши серија успешни тестови на украинско беспилотно летало со домет од илјада километри, изјави денеска портпаролката на компанијата Наталија Сад.

dobivaj vesti na viber

„Денес се завршени голем број фази на успешно тестирање. Во согласност со упатствата на началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, преминуваме во фазата на тестирање на работата на авионот во случај на електронски напад“, рече Сад.

Таа потсети на недамнешните најави на концернот за развој на украински беспилотно летало кое може да носи до 75 килограми експлозив.

„Откако дронот успешно ќе го тестираме под електронски напад, се надеваме дека ќе можеме да го тестираме и во борба. Ветивме дека ќе го изградиме пред крајот на оваа година и се обидуваме да го исполниме тоа ветување“, рече портпаролката на Укроборонпром.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

(Видео) Експлозија на руски аеродром: Се запали резервоар со гориво, има загинати и повредени

Три лица загинаа во експлозија на резервоар за гориво на аеродромот во близина на рускиот град Рјазан. Шест лица се...

Европа7 минути

Макрон: Имам директен контакт со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одржува редовни разговори и директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин. „Секогаш одржувам редовни...

Економија36 минути

На сила стапија ограничувањето на цената на руската нафтата и забраната за увоз во ЕУ

Денеска стапи на сила ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и...

Свет41 минута

Убиен чеченски блогер во Шведска, голем критичар на Кадиров

Познатиот чеченски антирежимски блогер Тумсо Абдурахманов е убиен во Шведска, потврди чеченското опозициско движење 1ADAT. Според извештаите, Абдурахманов бил убиен...

Свет49 минути

Дојава за бомба во авион за Бристол, летот пренасочен кон Прага

Летот на компанијата „ИзиЏет“ од Краков, Полска до Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага поради извештаи за...

Македонија1 час

Блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Поради протестот на приватните автобуски превозници денеска во Скопје од раните утрински часови има посебен сообраќаен режим. „Министерството за внатрешни...

Македонија20 часа

Османи смета дека уставните измени треба што побрзо да стигнат во Собранието и темата да биде затворена

Темата за уставните измени треба што побрзо да биде отворена во Парламентот вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој...

Регион21 час

Остри реакции во Бугарија по ветото од Холандија

Најавата на Холандија дека одлучила да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната без гранична контрола предизвика остри реакции...

Свет22 часа

Огромна победа за жените во Иран, укината полицијата за морал, можеби ќе падне и задолжителниот хиџаб

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција....

Економија24 часа

Бо Буџетот за следната година 800 милиони евра капитални инвестиции

Капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Владејачкиот СДСМ коментира дека буџетот за наредната година...

Економија24 часа

Бислимоски: Домаќинствата со 16,32 проценти помала потрошувачка на струја

Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат...

Македонија1 ден

Најстудено на Попова Шапка, снег во Маврово

Утрово најстудено е на Попова Шапка (минус еден степен), а најтопло во Гевгелија (9 степени). Управата за хидрометеоролошки работи соопшти...

Свет1 ден

Трамп повика на укинување на американскиот устав по објавата на интерните мејлови на Твитер

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повика на укинување на Уставот на САД со цел да се сменат резултатите од претседателските...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Предложени 458 проекти низ општините, граѓаните за првпат одлучуваат за што ќе се трошат нивните пари

„Огромна заинтересираност и предложени 458 проекти од страна на граѓаните за само еден ден низ општините каде градоначалниците се од...

Спорт1 ден

Австралија ги намачи, но Аргентинците закажаа дуел со Холандија

Аргентина е во четврт-финалето на Светското првенство и ќе игра против Холандија. „Гаучосите“ успеаја да ја победат Австралија со 2:1,...

Економија2 дена

Ковачевски: Повисоки пензии, повеќе пари за општините и здравството во буџетот за следната година

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска, на заедничка прес-конференција, го претставија Предлог-буџетот за 2023 година, оценувајќи...

Македонија2 дена

МВР: Немало закани кон полицајци во Арачиново, случајот е целосно расчистен

МВР тврди дека никој не им се заканувал на полициски службеници во Арачиново, а случајот е целосно расчистен. „По извршени...

Македонија2 дена

Украдено возило на Итната помош во Кочани, полицијата го пронашла по пет часа

Доцна синоќа околу 03.40 часот од Општа болница Кочани било украдено службено обележано специјално возило „тојота“, сопственост на Итната медицинска...

Свет2 дена

(Видео) САД го претставија новиот стелт бомбардер, може да носи и нуклеарни бомби

САД синоќа го претставија својот нов стратешки стелт бомбардер Б-21 Рајдер, авион што може да лета без екипаж и да...

Македонија2 дена

Рашковски: Сингапур има биометрија, Србија сообраќаен софтвер, а Македонија ги има Трајчева и Русковска

Став на обвинетиот за предметот „Софтвери“ – поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашкoвски: „Жителите на Сингапур од 2022 година...