Европа
Британски научници: Доколку не се воведат мерки, не чека голем бран на заразени со омикрон

Доколку не се преземат дополнителни рестриктивни мерки, Велика Британија ќе се соочи со голем бран на заразени со омикрон во јануари, изјавија британските научници врз основа на студии и предвидувања.
Ник Дејвис од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина и еден од врвните британски истражувачи, рече дека омикрон се шири многу брзо, и е прилично загрижувачка варијанта и веројатно е доминантна форма на вирусот во Англија.
Во извештајот на влијателна група научници кои го предвидуваат текот на настаните врз основа на математички модели, вклучително и оние кои ја советуваат британската влада, се вели дека во Англија бројот на заразени моментално се удвојува на секои 2 дена.
Британските експерти најавија и дека бројот на смртни случаи од последиците од оваа варијанта на коронавирус би можел да биде помеѓу 25.000 и 75.000 до крајот на април, во зависност од тоа колку ќе биде ефективна вакцината.
Но, експертите зад студијата велат дека сè е сè уште прилично неизвесно кога станува збор за предвидување за текот на настаните.
Тие велат дека, во најлош случај, можеби ќе биде неопходно да се воведат построги ограничувања за да се спречи пренатрупаност во болниците.
„Врз основа на она што се случува сега, можеме да очекуваме дека ќе има голем бран на ширење на омикрон во Велика Британија“, рече Дејвис.
Во исто време, тој и неговите колеги веруваат дека големиот интерес на населението за бустер дозата на вакцината веројатно ќе го ублажи влијанието на ширењето на омикронот.
Најголемата неизвесност е до кој степен вакцинацијата и бустер дозите на вакцината ќе можат да спречат хоспитализација на населението.
Според раните студии спроведени од Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство, две дози од вакцината обезбедуваат само ограничена заштита од развој на симптоми по инфекција со омикрон, но засилената доза ја зголемува заштитата на 75 проценти.
Сепак, во извештајот се заклучува дека според повеќето сценарија, покрај досегашните мерки, во болниците ќе има повеќе хоспитализирани отколку во текот на минатата зима.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата пратеник

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата пратеник во парламентот, која стапува во сила веднаш.
Џонсон се бореше за својата политичка иднина со парламентарна истрага за тоа дали го довел во заблуда Долниот дом кога кажа дека биле почитувани сите правила воведени поради Ковид-19.
„Многу е тажно што го напуштам Парламентот – барем засега“, рече Џонсон во изјавата.
„Ме избркаа мал број луѓе, без никакви докази за поткрепување на нивните тврдења и без одобрение дури и од членовите на Конзервативната партија, а камоли од поширокото гласачко тело“, рече Џонсон.
Комитетот за привилегии на британскиот парламент истражуваше дали Џонсон намерно ги завел пратениците во изјавите што ги даде во Долниот дом во декември 2021 година за забавите што се одржуваа во Даунинг Стрит за време на карантинот.
Во неговиот доказ од 52 страници, предаден на комисијата во март, Џонсон призна дека го довел парламентот во заблуда, но негираше дека го сторил тоа намерно. Тој призна дека социјалното дистанцирање не било „совршено“ на собирите на Даунинг стрит за време на ковидот.
Но, тој рече дека станувало збор за суштински работни настани за кои тврдеше дека се дозволени. Тој инсистираше на тоа дека упатствата – како што тој ги разбира – биле следени во текот на целиот период.
Европа
Путин: Украина зaпочна контраофанзива, но таа e неуспешна

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на конференција во Сочи изјави дека Украина започнала контраофанзива, но дека таа не била успешна.
„Офанзивата на вооружените сили на Украина започна. Ова ја покажува употребата на стратешки резерви. Украинските трупи не ги постигнаа своите цели во ниту еден сектор – благодарение на храброста на руските војници и нашата добра организација на војниците“, рече тој.
„Да потсетиме дека има се повеќе знаци дека украинската контраофанзива навистина е започната. Главниот фокус на борбите сè уште е на истокот на Украина“, соопшти Киев.
„Ситуацијата е напната во сите области на линијата на фронтот. Истокот е епицентарот“, напиша украинската заменик министерка за одбрана, Хана Малиар на „Телеграм“. „Непријателот продолжува да ги насочува главните напори во правец на Лиман, Бахмут, Авдивка и Маринка, жестоките борби продолжуваат“, додаде таа.
Малиар рече дека украинските сили ги одбиваат руските напади. Серхиј Череваџи, портпарол на Источната воена команда на Украина, изјави дека украинските сили напреднале 1,2 километри во близина на Бахмут во последните 24 часа.
Европа
(Видео) „Штотуку слушнав – тато спаси ме“: таткото на момчето што го изеде ајкула, очаен

Младиот Русин, Владимир Попов, кој имал 23 години пред неколку месеци се преселил со својот татко во египетското летувалиште Хургада, веројатно за да избегне да биде регрутиран во војната во Украина. Во тоа време веројатно не насетувал каква страшна судбина ќе го снајде. Тој загина во четвртокот во напад на тигреста ајкула, а на овој трагичен настан присуствувал и неговиот татко, пишува „Слободна Далмација“.
Real life JAWS.
A man swimming in Egypt is attacked, killed and eaten by a tiger shark. pic.twitter.com/oykr7dTVE9
— Dr. PMS (@ps1ack) June 8, 2023
„Отидовме на плажа да се опуштиме. Син ми го нападна ајкула. Се се случи за неколку секунди“, изјави Јуриј Попов, таткото на жртвата.
Прво медиумите изјавија дека девојката на Владимир успеала да побегне од морето откако ѕверот го нападнал Владимир, но неговиот татко вели дека тоа не е вистина. Според него, таму каде што бил Владимир, немало кој да му помогне.
„Како може некој да му помогне? Таа мелница за месо нападна за 20 секунди. Син ми го повлече под вода“, рекол несреќниот татко.
Тој додава дека немилиот настан во кој загина неговиот син бил „зла судбина“ бидејќи, како што наведува, плажата на која се наоѓале се сметала за безбедна.
Досега напади се случија само на диви плажи.