Европа
Бурата „Аксел“ го поплави северот на Германија
Поплавени улици, подруми, автомобили под вода донесе бурата „Аксел“ во градовите и населените места на северот од Германија на крајбрежаната линија на Балтичкото Море, во среда, но за среќа немаше повредени.
Во северните сојузни држави ова е најголема поплава во последните 11 години, но до четврток наутро нивото на водата се намали.
Градови кои најмногу се погодени од поплавите се Кил, Либек, Рошток, Варнеминд, Фленсбург, Екернфорд, Висмар и Усдом. На островот Риген, куќите покрај водата беа однесени, а бродовите кои биоле закотвени ги нема.
Во средата вечерта нивото на водата измерено во некои делови достигнувало и 150 до 170 сантиметри над максималната граница. Иако нивото на водата се намали во четврток, сепак, некаде водата е сѐ уште на ниво од еден метар над нормалното.
Според полицискиот портпарол сѐ уште не може да се утврди настанатата штета.
Во Кил, многу улици беа блокирани за сообраќај, додека во Либек пешаците на можат да стигнат до стариот дел на градот.
„Многу луѓе не ги осигурале нивните куќи, па мораше со вреќи песок да ги браниме од водата“, реле Матиас Пафер од противпожарната служба.
На островот Усдом, скалите кои воделе до пристаништето ги нема, ги однела водата. Во Росток куќите покрај реката Варнов се поплавени, а улиците блокирани.
Бурата предизвика и 22 сообраќајни незгоди поради снегот кој наврна во Мекленбург – Западна Помеданија, па патиштата беа лизгави.
Вакви несреќи, поради лизгавост на патиштата пријавени се и на југот на државата во Баварија и Баден – Вуртемберг.
„Аксел“ сега се упати кон Скандинавија над Балтичкото Море до Белорусија. Германскиот метеоролошки ценатр ги предупреди граѓаните да очекуваат големи снегови на истокот и југот на земјата. Во планинските предели температурата ќе падне до -20, а во цела Германија во населените места се очекува да биде и до – 7 степени Целзиусови./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русите погодија минибус во Херсон, со дрон нападнаа 70-годишник на велосипед
Двајца мажи беа ранети во руски напади во регионот Херсон утрово, а во самиот Херсон беше погоден минибус за јавен превоз.
Руските сили го гранатираа Новораиск, село во близина на Херсон, со повеќе ракетни фрлачи околу 6 часот наутро. 63-годишен маж претрпел рани од шрапнели на ногата, потрес на мозокот, повреди од експлозија и затворена повреда на главата. Тој беше однесен во болница, каде што лекарите ја оценија неговата состојба како умерено сериозна.
Околу триесет минути подоцна, во близина на Инженерне, село во близина на Херсон, руските сили нападнаа со дрон 70-годишен маж кој возел велосипед. Човекот претрпел рани од експлозија и рани од шрапнели на екстремитетите. Му беше укажана медицинска помош и се во тек понатамошни тестови.

Минибус погоден во Херсон
Околу 7 часот наутро, руските сили нападнаа возило за јавен превоз во округот Днепровски во градот Херсон. Јарослав Шанко, началник на воената администрација на градот Херсон, изјави: „Овој пат приватен минибус беше цел на непријателски оган. Според првичните информации, ниту возачот ниту патниците не се повредени.“
Европа
(Видео) Орбан го даде првото интервју по изборите: „Јас сум виновен за поразот“
Виктор Орбан го даде своето прво интервју по изборниот пораз на Фидес, признавајќи дека на партијата ѝ е потребен целосен ремонт и дека тој, како нејзин лидер, ја сноси одговорноста.
Во интервју емитувано во четврток вечерта, унгарскиот премиер во заминување објави дека политичката ера завршила и дека доаѓа реорганизација што ќе биде завршена до крајот на летото.
По изборите на 12 април, Орбан се огласи само на Фејсбук, велејќи дека повеќе од два милиони гласови овој пат се доволни за „чесен пораз“, објавува Telex.hu.
Орбан го опиша поразот како голем, а неговите последици како такви што нема да биде доволно да се променат само една или две позиции. „Потребна е целосна обнова бидејќи политичката ера заврши, мислам дека тоа е видливо и емоционално и во бројките. Десничарската заедница не може да продолжи да живее како порано“, рече тој.
Според него, целата национална опција има потреба од обнова, а ќе се појават многу нови движења. „Фидес и раководството на Фидес мора јасно да стават до знаење, вклучително и мене, дека сме тука и дека може да се смета на нас“, рече тој, додавајќи дека во наредните недели ќе се сретне со активисти и волонтери во изборните единици и ќе предложи свикување изборен конгрес на партијата.
Зборувајќи за изборната ноќ, Орбан рече дека видел дека ќе има проблеми дури и по првите резултати. Кампањата се темелела на претпоставката за нормална излезност, но таа била значително поголема.
„Видов дека е проблем и поминав низ тој емотивен ролеркостер во кој сите сме од тогаш“, рече тој, опишувајќи ги своите чувства. „Во недела, само болка, во понеделник, празнина, а од тогаш сум на работна терапија“.
И покрај поразот, тој им рече на гласачите на Фидес дека добро гласале и дека имаат причина да бидат горди на достигнувањата на владата. „Мора да го поднесете поразот со достоинство. Тоа е тест на силата“, смета Орбан.
Кога директно го прашаа кој е одговорен за поразот, Орбан одговорил: „Јас. Јас сум претседател на партијата“. Тој објасни дека во партијата има одговорност за намерата, но дека тој е исклучок како лидер бидејќи е одговорен за резултатот. Призна дека самиот бил во шок и дека сè уште нема одговор зошто не можел поубедливо да ги презентира пораките на Фидес.
„Не кажав нешто како што треба, бидејќи вториот предлог доби многу повеќе гласови“, рече тој. Да го знаеше конечниот исход, ќе водеше поинаква кампања, но тврди дека неговата порака „дошла од срце“ и дека „искрено разговарал со сите за ситуацијата во земјата“.
Европа
Русија се заканува со акција против четири членки на НАТО
Секретарот на рускиот совет Сергеј Шојгу ги предупреди Финска, Естонија, Латвија и Литванија дека Москва го задржува правото на она што го нарече „самоодбрана“ доколку украинските беспилотни летала ја нападнат Русија користејќи го нивниот воздушен простор.
Коментарите следеа по посебно предупредување издадено од Москва еден ден претходно, во кое се вели дека европската поддршка за украинските беспилотни летала може да доведе до „непредвидени последици“, објави „Киев Индепендент“.
Обвинувањата на Шојгу
Шојгу, кој беше министер за одбрана на Русија на почетокот на целосната инвазија во 2022 година, обвини неколку земји дека стануваат дел од „стратешката позадина“ на Киев. Тој се осврна на инцидентите во кои беспилотни летала се урнаа во Финска и балтичките држави за време на украинските напади врз Уст-Луга, големо руско пристаниште во Финскиот Залив.
Без да даде докази, Шојгу тврдеше дека украинските напади со беспилотни летала врз Русија сè повеќе се лансираат од воздушниот простор на Финска и балтичките држави.
„Ова може да се објасни на два начина: или западните системи за воздушна одбрана се исклучително неефикасни… или тие земји намерно дозволуваат користење на нивниот воздушен простор, што значи дека се активни учесници во агресијата против Русија“, рече тој.
„Во тој случај, според меѓународното право, стапува на сила член 51 од Повелбата на ОН, кој се однесува на неотуѓивото право на државите на самоодбрана во случај на вооружен напад.“
Од друга страна, украинскиот заменик-министер за надворешни работи Андриј Сибига претходно изјави дека Киев има разузнавачки информации кои укажуваат дека Русија намерно ги пренасочува беспилотните летала кон балтичките држави и Финска за да поттикне тензии.
Балтичките држави ги отфрлија сличните обвинувања што доаѓаат од руските пропагандни медиуми, нарекувајќи ги тврдењата на Москва лажни и негирајќи дека Украина го користела нивниот воздушен простор за напади.
Русија постојано им се заканува на европските земји од почетокот на нејзината целосна инвазија. Полскиот премиер Доналд Туск и други високи европски претставници претходно предупредија дека Москва би можела да биде подготвена за можен воен конфликт со Европа до 2027 година.
