Контакт

Европа

(Видео) Големи поплави во Истанбул: има загинати и исчезнати, луѓето во паника бегаат

Објавено пред

Силно невреме ја погоди Турција предизвикувајќи поплави, кои предизвикаа најмалку пет жртви, вклучително и двајца туристи, кои беа однесени од поројните дождови што зафатија камп во северозападна Турција, пишува „Хуриет“.

dobivaj vesti na viber

Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека уште четири лица се водат како исчезнати откога поплавите погодија камп во провинцијата Киркларели, во близина на границата со Бугарија. Тој рече дека кога надошла водата, таму имало околу 12 туристи.

Тимовите за пребарување пронајдоа две тела, напиша тој на платформата X за социјални медиуми, порано позната како „Твитер“.

„Потрагата и спасувањето на исчезнатите четири лица продолжува без прекин“, додаде тој.

Европа

Москва: Дозволувањето украински напади врз Русија со западно оружје е опасна ескалација

Објавено пред

Кремљ ги оцени како опасна ескалација изјавите на некои западни земји на неделниот самит на НАТО дека ќе му дозволат на Киев да го употреби нивното оружје за напад на руска територија.

dobivaj vesti na viber

Во четвртокот, шефот на канцеларијата на украинскиот претседател, Андриј Јермак, повика на укинување на ограничувањата за употреба на оружјето на западните сојузници против цели длабоко на руска територија. Ова, како што рече Јермак, ќе го промени односот на силите во војната против Русија.

„Слушнавме изјави од претставници на некои главни градови, како Лондон и други, кои не се грижат за какви било ограничувања по ова прашање, а гледаме и земји што се обидуваат да одржат рамнотежа и кои велат дека се против олеснување на условите за употребата на ракети со долг дострел“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.

Тој додаде дека Москва верува дека ова оружје веќе се користи за напади на руска територија.

„На крајот, проектили веќе ја погодуваат нашата територија, а што се однесува до зголемувањето на дострелот, ова е чиста провокација, нова, многу опасна ескалација на тензијата“, рече Песков.

По притисокот од Украина и некои од нејзините европски сојузници, Соединетите Американски Држави се согласија на крајот на мај да ја сменат својата политика и да му дозволат на Киев да користи западно оружје за да напаѓа цели на руска територија како дел од својата одбрана од руската инвазија, но не длабоко на руска територија.

Јермак тогаш ја нарече клучна одлука, која ќе влијае на водење на војната, планирање контраофанзивни дејства и ќе ја ослаби способноста на Русите да ги користат своите сили во пограничните области.

Прикажи повеќе...

Европа

Кремљ: Не планиравме атентат врз германски производител на оружје, тоа се лажни вести

Објавено пред

Германското МВР денеска не ги коментира медиумските написи за можниот атентат на директорот на воениот концерн „Рајнметал“ зад кој наводно стои Русија, но укажа на влошувањето на безбедносната состојба наведувајќи дека „многу сериозно ги сфаќа безбедносните закани“.

dobivaj vesti na viber

„Не коментираме одделни случаи на безбедносни закани, но едно е сигурно: ги сфаќаме овие закани предизвикани од руската агресија многу сериозно“, рече министерката за внатрешни работи, Ненси Фезер.

Американскиот Си-ен-ен и германскиот весник „Зидојче цајтунг“ претходно објавија дека американските тајни служби ги информирале своите колеги во Германија дека Кремљ подготвува атентат врз директорот на германскиот воен концерн „Рајнметал“, Армин Папергер. По тоа, за 61-годишниот бизнисмен се зголемени безбедносните мерки.

Папегер уште во мај рече дека „има луѓе на кои не им се допаѓа она што го работи“ и дека германската влада е загрижена за неговата безбедност „за што тој е благодарен“.

Прикажи повеќе...

Европа

Венеција тестира наплаќање влез во градот, сега планираат поскапи пропусници

Објавено пред

Венеција сака да продолжи да наплаќа такса за туристите на еднодневно патување откога на крајот на оваа недела ќе заврши пробниот период на првата ваква програма во светот, пишува денеска германската агенција дпа.

dobivaj vesti na viber

Венеција има намера да ја земе предвид побарувачката и да ја удвои сегашната цена од пет на 10 евра при специјалната посета на италијанскиот град на јадранскиот брег, изјави Микеле Зуин, градскиот советник задолжен за финансии, за локалниот весник.

Речиси едномесечниот пробен период на градот му донесе повеќе од два милиона евра. Во некои денови евидентирани се и над 25.000 туристи што платиле такса.

Во напис за весникот „Ил Газетино“, Зуин рече дека од 2025 година натаму основната цена ќе важи за еднодневните посетители во дел од годината. Сепак, за време на критичните денови туристите ќе треба да платат максимална такса од 10 евра.

Градот не планира веднаш да објави официјален извештај по оваа сабота и недела. Првин ќе се евалуираат собраните податоци. Во пробниот период, во периодот од 8.30 до 16 часот, се наплаќаше такса од пет евра. Посетителите можеа да добијат QR код преку интернет, кој служеше како доказ за плаќање.

Се проценува дека околу 15 милиони туристи пристигнуваат во Венеција секоја година, што го прави еден од најпосетуваните градови во светот. Масовниот туризам значи големи приходи за градскиот буџет, но предизвикува и значителни штети.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Шпанија го освои Европското првенство

Фудбалската репрезентација на шпанија четврти пат во историјата стана европски првак. Шпанија во финалето на ЕУРО 2024 ја победија Англија...

Македонија7 часа

Ангелов: За жал пожарот на Серта повторно гори, гасењето го помагаа 103 војници, 30 полицајци, хеликоптери и ер-трактори, ќе се гаси и утре

Пожарот на планината Серта кој има три крака, сè уште е активен. Гасењето ќе продолжи сè додека е видливо, а...

Свет8 часа

20-годишниот атентатор на Трамп работел во кујна во дом за стари лица, пушката ја купил татко му

Американските медиуми објавуваат нови детали за 20-годишниот Томас Метју Крукс, кој стои зад обидот за атентат врз Доналд Трамп. На...

Македонија10 часа

Претседателката Сиљановска-Давкова им подари галичка пафта на младенците на „Галичка свадба 2024“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска присуствуваше на културно-сценската манифестација „Галичка свадба“, што традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата. Претседателката изрази задоволство од континуитетот...

Македонија11 часа

(Видео)Планината Серта сè уште гори, полицискиот хеликоптер во 25 налети истури 38 тони вода врз огнот

Полицискиот хеликоптер денес исфрли 38 тони вода за гаснење на пожарот на планината Серта кој и денес е активен, соопшти...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Патувањето на синот на Мицкоски не ја чини ништо државата, тој не е дел од делегација, СДС падна ниско штом меша деца

СДС се спушти на многу ниски гранки чим си дозволи брутално да ги меша децата и најблиското семејство на премиерот...

Македонија17 часа

Петровска: Мицкоски си го зел синот во делегацијата во САД, првото владино патување го претвори во семејно

Пратеничката Славјанка Петровска и поранешна министерка за одбрана од СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека на првото, официјално, владино...

Свет19 часа

20-годишниот Томас Метју Крукс е атентаторот на Доналд Трамп, Тајаната служба го застрела

ФБИ го потврди идентитетот на атентаторот кој пукаше во Доналд Трамп како Томас Метју Крукс од Пенсилванија. 20-годишниот од Паркот...

Свет1 ден

Бајден: Се молам за Трамп и неговото семејство

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „благодарен“ што неговиот ривал Доналд Трамп е безбеден по пукањето на митинг во...

Свет1 ден

(Видео) Пукање на митингот на Трамп, поранешниот претседател изнесен раскрвавен, двајца мртви

На митингот на Доналд Трамп во Пенсилванија одекнаа истрели, објави Си-ен-ен. Поранешниот претседател и веројатен републикански претседателски кандидат во ноември...

Македонија1 ден

За само 12 дена во Македонија имало 173 поголеми пожари на отворено

За само за 12 дена, од почетокот на месец јули имало вкупно 173 пожари на отворен простор од пошироки размери....

Топ1 ден

40-годишникот им дал да пијат лекови во комбинација со алкохол – детали за случајот со децата кои завршија на Токсикологија

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 40-годишниот Д.Ѓ. во чијашто куќа беа најдени четворицата малолетници, од кои две...

Македонија2 дена

Стабилна е состојбата на тинејџерите кои беа најдени без свест во куќа во Скопје, користеле психотропни супстанци

Стабилна е состојбата на четворицата малолетници кои беа најдени без свет и со повреди по телото во куќа во Скопје....

Култура2 дена

Со спектакуларен настап на светски познатиот виолинист, Џулијан Рахлин, и Македонската филхармонија отворен е фестивалот „Охридско лето“

Литванскиот виолинист со светско реноме Џулијан Рахлин и Македонската филхармонија вчеравечер на Античкиот театар приредија незаборавна вечер за публиката на...

Македонија2 дена

Патничка јавно и’ се заблагодари на Македонка која и’ го спасила животот на пат кон Грција: „Застана со автомобилот и ми пружи прва помош“

„Сакам јавно да се заблагодарам на една исклучителна личност која ми го спаси животот во моментот кога ми требаше итна...

Македонија2 дена

(Видео) Со „ер тракторите“ ќе се гаснат пожарите кај Серта и бугарската граница, цела ноќ пожарникарите се бореа со огнот кај Неготино

Три ер трактори ќе полетаат во 10.00 кон пожарот на Серта а околу 15.00 ќе се упатат кон пожарот на...

Македонија2 дена

Семејство тврди дека нивното бебе било тепано на Педијатрија, Таравари најавува одговорност ако е вистина

Семејството на тримесечно бебе тврди дека детето било тепано на Клиниката за педијатрија. Министерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека...

Македонија2 дена

Не бил киднапиран, ниту се самозапалил: полицијата го расчисти случајот со наводно киднапирање и самозапалување на момче од Скопје

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан за кој на 04.07.2024 околу 00.30 часот беше пријавено дека во индустриска зона...

Топ2 дена

(Видео) Тешка несреќа кај Хиподром

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на излезот од Скопје, кај Хиподром. Автомобилот е речиси смачкан и се наоѓа покрај...

Македонија2 дена

Само три жени во Владата на Мицкоски значат итна потреба од субвенции за повеќе сервиси за чистење, готвење и пеглање

Владата на Христијан Мицкоски, со само три министерки, ја врати земјата децении наназад во напорите за родово изедначување. Активистите за...