Контакт

Европа

(Видео) Паника во парламентот во Украина – се запали опремата за гласање

Објавено пред

Необична ситуација се случила во Украина, а на видеото објавено на социјалните мрежи е прикажан наводен пожар во парламентот.

Имено, во салата наменета за седниците на парламентот на Украина на денешната собраниска седница дошло до неисправност во опремата за гласање по што се создал густ чад, кој ги загрижил сите присутни.

На видеото се гледаат вознемирени политичари што во тој момент биле во парламентот како се оддалечуваат од опремата од која излегува чад.

Засега не е познато од што се запалила опремата за гласање.

Европа

Во Виена може да работат борделите, но не и рестораните

Објавено пред

Во Виена, која се одлучи за внимателно и постепено укинување на заклучувањето, критичарите предупредуваат на многубројни нелогичности во одлуката за завршување на целосното затворање.

Така, борделите може повторно да почнат со работа на 13 декември, а угостителството мора да почека уште една недела плус – до 20 декември.

Претседателката на Здружението на хотелиерите на Австрија, Михаела Рајтерер, ја оцени како погрешна одлуката на виенските власти угостителството и хотелите да останат под клуч уште една недела.

И лидерот на Партијата на слободата на Австрија (ФПО) во Виена, Доминик Неп, не може да разбере зашто борделите може да ги отворат вратите една недела пред угостителите.

Со одлука на виенските власти од 13 декември повторно ќе бидат отворени продавниците, но и услужните дејности, во кои, според властите, се вклучени и борделите.

Прикажи повеќе...

Европа

Британскиот премиер стана татко седми пат

Објавено пред

Сопругата на британскиот премиер, Борис Џонсон, Кери, утрово се породи и на свет донесе девојче, што е нивно второ заедничко дете.

„Премиерот Борис Џонсон и неговата сопруга Кери со задоволство го објавуваат раѓањето здраво девојче во болница во Лондон. И мајката и ќерката се многу добро. Парот сака да му се заблагодари на феноменалното породилиште на Националната здравствена служба за сета грижа и поддршка“, се наведува во соопштението.

Парот, утрово, околу 7.40 часот, влегол во болница во центарот на Лондон, а два часа пред тоа се појавиле полицајци за да обезбедат место пред пристигнувањето на Кери.

Парот доби син во април минатата година, а девојчето е седмо дете по ред за британскиот премиер.

Џонсон (57) има уште пет деца од претходните врски.

Прикажи повеќе...

Европа

Курц одби 75.000 евра, пари што му следуваат од државата, ќе се вработи во приватен сектор

Објавено пред

Поранешниот лидер на Народната партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц, нема да ја добива платата од пратеничкиот клуб, на која има право шест месеци по напуштањето на функцијата.

Курц за виенскиот весник „Кронен цајтунг“ изјави дека се откажува од правото на тие приходи.

Тој би имал право на 75 отсто од платата, која е повисока од 15.000 евра бруто месечно, колку што примал како шеф на пратеничкиот клуб.

Тоа значи дека за шест месеци со божикен бонус од државата би можел да добие повеќе од 75.000 евра.

Сепак, Курц нема намера да поденесе барање за тие пари.

„Моето разбирање за политиката отсекогаш било дека сакам да ѝ служам на државата и да работам за народот“, изјавил тој.

Медиумите шпекулираат дека Курц ќе има само кратка пауза поради новороденото бебе, а в година, во првиот квартал, ќе се вработи во приватниот сектор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

168 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.478 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Македонија2 часа

(Видео) Запленета дрога вредна 600.000 евра, пресечен канал за шверц од Косово

Во координирана акција на полицијата, во текот на вчерашниот ден (8 декември) бил пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога...

Македонија3 часа

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката Софче Гаврилова-Ефремова заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз Јовановски побара нејзино изземање од...

Свет3 часа

Од компанијата „Фајзер“ со најава: Можеби ќе биде потребна четврта доза за заштита од омикрон-сојот

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ велат дека две дози од нивната вакцина не обезбедуваат силна заштита од омикрон-сојот, па затоа...

Свет5 часа

Бајден: Дали да испратам војска во Украина доколку Русите нападнат – тоа не е опција

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема да нареди испраќање американски војници во Украина како одговор на можна руска инвазија....

Европа6 часа

(Видео) Tепачка во турскиот парламент

Синоќешната расправа за буџетот во турскиот парламент завршила со тепачка меѓу пратениците, јавуваат медиумите во регионот. Имено, додека се расправало...

Свет7 часа

Aкутната фаза на пандемијата на коронавирусот ќе заврши во 2022, предвидува Бил Гејтс

Акутната фаза на пандемијата на коронавирусот ќе заврши во 2022 година, предвиде основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, на својот блог,...

Македонија22 часа

Бектеши: Цената на струјата нема да поскапи повеќе од 10%

Поскапувањето на струјата нема да биде повеќе од 10%, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. „Согласно сите проекции, зголемување...

Македонија22 часа

419 новозаразени и 14 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.285 тестирања,...

Свет1 ден

Три дози од вакцината на „Фајзер“ штитат од омикрон – официјална изјава од појавата на новиот сој

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ денеска објавија дека нивните три дози од вакцината против коронавирус за време на лабораториски тест...

Европа1 ден

Олаф Шолц официјално избран за канцелар на Германија

Германскиот парламент го избра Олаф Шолц за наследник на Ангела Меркел како канцелар на Германија. Лидерот на Социјалдемократската партија (СПД),...

Свет1 ден

Швајцарија одобри капсула за евтаназија: Смртта настапува за помалку од една минута

Еутаназијата е поддржана легално во Швајцарија, а оние што ја сакаат ќе имаат на располагање нов метод. Капсулите Сарко го...

Европа1 ден

Рации во Германија поради трговија со работници од Балканот – има уапсени и запленет имот

Германските полицајци и цариници денеска спроведоа десетици рации ширум земјата со цел да ја потиснат наводната трговија со привремени работници...

Свет1 ден

(Видео) Јапонски милијардер стана првиот руски турист во вселената

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава денеска полета до Меѓународната вселенска станица (ISS) во својот прв вселенски лет. Руското вселенско летало Сојуз,...

Свет1 ден

Објавена фотогафија од омикрон со помош на електронски микроскоп

Универзитетот во Хонг Конг објави фотографија од новиот сој на коронавирусот, омикрон, добиена со помош на електронски микроскоп. Омикрон првпат...

Свет1 ден

(Видео) Во Индија се урна хеликоптер во кој бил шефот за безбедност и неговата сопруга

Индиски воен хеликоптер утрово се урна во Тамил Хад. Според светските медиуми, во авионот бил и шефот на индискиот безбедносен...

Свет1 ден

Во разговорот на Путин и Бајден покрај сериозни теми имало и шеги

Разговорот помеѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден бил деловен, но се слушале и шеги и...

Европа2 дена

Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата...

Европа2 дена

Банкнотите на еврото преку нов дизајн ќе промовираат различност и инклузивност

Европската централна банка (ЕЦБ) во понеделникот објави дека планира да ги редизајнира банкнотите на еврото во следните три години за...

Македонија2 дена

Вкупно 16 починати и 375 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на...

Досие