Европа
(Видео) Затворениот белоруски блогер плачеше на телевизија и го фалеше Лукашенко

Уапсениот белоруски новинар Роман Протасевич се појави на државната телевизија и во солзи ја призна својата улога во антивладините протести, пренесуваат агенциите.
Опозицијата смета дека критичарот на режимот на претседателот Александар Лукашенко дал изјава под присила.
Во своето трето појавување откако властите го принудија авионот на „Рајанер“ да слета во Минск на 23 мај, Протасевич во четвртокот вечерта призна дека планирал да го симне од власт претседателот Александар Лукашенко со организирање немири и ги повлекол претходните критики кон белорускиот лидер.
За Лукашенко рече дека прво го критикувал, но дека колку повеќе истражувал во политиката, толку појасно сфаќал дека многу од работите за кои бил нападнат се обид да се изврши притисок. Во интервју за белоруската телевизија, Протасевич исто така рече дека покровителите на неговиот канал планираат да преминат на спроведување на „руската агенда“ откако протестите во Белорусија стивнаа, додаваат белоруските медиуми.
Како што рече, се рзговарало за тоа дека може да биде создаден посебен канал за Русија.
Во едно интервју, Протасевич призна и дека бил во баталјонот Азов во Донбас во 2014 година, но не и во борбената зона.Тој додаде дека се надева дека Лукашенко нема да го предаде на властите на самопрогласената Луганска народна република, каде што Обвинителството утврдило дека учествувале во акции за време на кои кон цивили бил отворен оган.
Во интервјуто Протасевиќ со солзи во очите вели дека се надева дека еден ден ќе има жена и деца.
„Болно е да се видат признанијата на Роман Протасевич. Неговите родители веруваат дека тој бил измачуван. Ова не е Роман што го знам”, рече Франак Виачорка, висок советник на белорускиот опозициски лидер Светлана Тихановска.
Тој на „Твитер“ изјави дека „овој човек на телевизијата е заложник на режимот“ и дека мора да се стори сè што е можно за да се ослободи Протасевич и уште, како што тврди, 460 белоруски политички затвореници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Украина заслужува оваа година да започне преговори за членство во ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен најави нов пакет помош за Украина во вредност од 450 милиони евра.
Беше објавено и дека земјите од ЕУ планираат да обучат 30.000 украински војници.
Шефот на Комисијата на состанокот во Киев рече дека во Хаг ќе се формира меѓународен центар за гонење на злосторствата во Украина.
Лидерите на ЕУ ја пофалија Украина за „значајните напори“ во напредокот кон членството, но Киев треба да спроведе повеќе реформи, се вели во соопштението објавено по самитот во Киев.
„Верувам дека Украина заслужува да ги започне преговорите за членство во ЕУ веќе оваа година. И благодарам на претседателката на Европската комисија, нејзините колеги и нашите пријатели во ЕУ за значајната поддршка на патот на интеграцијата и заштитата на нашата земја и народ“ – рече Зеленски.
Европа
Лавров до Молдавија: Може да станете следната Украина

Додека водат освојувачка војна во Украина, од Кремљ им се закануваат и на другите соседни земји.
На прашањето која земја од поранешниот СССР „би можела да стане нов антируски центар“, првиот дипломат на Путин, Сергеј Лавров, кусо рече – Молдавија.
Според Лавров, „Молдавија може да стане следната Украина“.
Тој го обвини Западот кој, според него, „ја поттикнува Молдавија против Русија и има намера таа да игра улога во проектот против Русија“.
Лавров изјавил дека тенденцијата на сегашните молдавски власти „да ја внесат земјата во ЕУ и НАТО сведочи за нивната антируска политика“, пренесува Јутарњи.
Инаку, Молдавија веднаш по руската агресија врз Украина побара прием во ЕУ, а во јуни 2022 година заедно со Украина доби статус на кандидат, но ниту побара, ниту најави прием во НАТО, особено што таму требаше да бидат направени измени на уставот според кој Молдавија е воено неутрална земја.
Лавров директно ја нападна молдавската претседателка Маја Санда, за која вели дека „ја турка Молдавија во НАТО“, дека е „романска државјанка“ и дека „подготвува обединување со Романија“.
Во Кишињев ваквите зборови на шефот на дипломатијата на Путин беа прфатени како отворена закана и сметаат дека тие можат да станат нова цел во воените планови на Путин за проширување на Русија.
Молдавија е една од најсиромашните земји во Европа, со силно проруско влијание, но сега на власт дојдоа прозападните опции, предводени од претседателката Санду, која сака да ја сврти земјата кон Брисел.
Молдавија бара од Западот да и помогне со вооружување, особено што молдавската армија е една од најслабите вооружени и опремени во Европа.
Европа
Анкета: Повеќето Финци поддржуваат влез во НАТО без Шведска

Мнозинството фински граѓани се за продолжување на приемот на земјата во НАТО без Шведска, јавуваат локалните медиуми, пренесува Анадолија.
Околу 53 отсто од испитаниците во анкетата на истражувачката компанија „Талоустуткимус“ биле против идејата да се чека Шведска, која би можела да се соочи со одложувања поради турското противење, објави весникот Илта-Саномат.
Околу 28 отсто сакале Финска да напредува само со својот сосед.
Општо земено, 82 отсто од испитаниците ја поддржале одлуката на Финска да стане дел од НАТО, а само осум отсто биле против, се наведува во извештајот.
Шведска и Финска официјално поднесоа барање за приклучување кон НАТО минатиот мај, напуштајќи го децениското воено неврзување, одлука поттикната од руската војна против Украина, која започна на 24 февруари 2022 година.
Сепак, Турција, која е членка на НАТО повеќе од 70 години, искажува приговори, обвинувајќи ги двете земји дека ги толерираат, па дури и ги поддржуваат организациите, вклучително и ПКК и ФЕТО, групата која стои зад обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година.