Контакт

Европа

(Видео) Разорен ветер во Турција, има повредени и загинати

Објавено пред

Катастрофално невреме попладнето го погоди Истанбул и други делови на Турција, при што загинаа четири лица. Повредени се 19 лица, пренесуваат тамошните медиуми.

Според написите, невремето предизвикало голема материјална штета во градот со 15 милиони жители.

Според турските медиуми, една жена загинала во квартот Есенјурт во Истанбул, каде што силните налети на ветерот откорнале дел од покривот, кој паднал врз неа и врз нејзиното дете.

Детето преживеало, но добило тешки повреди.

Босфорот, според последните информации, е затворен за поморски сообраќај, а фериботите се откажани.

Најмалку шест лета на авиони, кои требаше да слетаат во Истанбул, се пренасочени кон градовите Анкара и Измир, изјави портпаролот на една авиокомпанија.

Силните ветрови исто така ги принудија властите да ги откажат фериботите меѓу крајбрежните одморалишта Бодрум и Датка.

Европа

Европскиот парламент доби нов претседател

Објавено пред

Европскиот парламент доби нов претседател.

Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи апсолутно мнозинство од 458 гласа.

Мецола, член на десничарската група ЕПП од Малта, беше меѓу четворицата кандидати за оваа позиција заедно со Шпанката Сира Рего (левица), Полјакот Косма Злотовски (ЕЦР, евроскептици) и Швеѓанката Алис Бах Кунка (зелените).

Алиса беше на второ место со 101 глас, а Сира на третото место со 58.

Секој од кандидатите во Стразбур го изнесе својот аргумент зошто треба да го наследи Сасоли, кој почина на 11 јануари и чиј мандат истече оваа недела.

Мецола е европратеник од 2013 година и потпретседател на Парламентот од 2020 година. Конзервативниот пратеник неодамна го привлече вниманието на јавноста со преземањето на функцијата од Сасоли, кој отсуствуваше неколку недели поради болест.

Но, мајката на четири деца исто така наиде на остри критики од многу свои колеги поради ставовите против абортусот, кои се широко распространети на Малта, последната земја на ЕУ каде што абортусот е сè уште целосно нелегален.

Свесна за критиките што ги провоцира во врска со ова прашање, таа рече дека ќе биде нејзина должност да ја застапува позицијата на Парламентот, вклучително и сексуалните и репродуктивните права.

По европските избори во 2019 година, двете најголеми политички групи во ЕП, Европската народна партија и Социјалистите и демократите, постигнаа договор за доделување петгодишен мандат на претседателот на Парламентот на две и пол години – прво на социјалдемократ, а потоа и на претставник на ЕПП.

Првите две и пол години на чело на Парламентот беше неодамна починатиот социјалист Давид Сасоли.

Изборот на новиот претседател на ЕП се одржа во три круга тајно гласање.

Прикажи повеќе...

Европа

Страшна несреќа кај Франкфурт – две лица загинаа

Објавено пред

Две лица загинаа во страшна сообраќајна несреќа што се случи денеска околу пладне на автопатот недалеку од Франкфурт.

Според тамошните медиуми, возачот на автомобилот од засега неутврдени причини најверојатно удрил во резервоарот за гориво на бензинската пумпа на просторот за одмор, што предизвикало експлозија и пожар.

Огнот го зафатил и автомобилот во близина, а потоа се проширил во ресторанот на бензинската пумпа. Едно безживотно тело било пронајдено во возилото, додека друго на тротоарот на неколку метри.

На пожарникарите им требало околу еден час за да го локализираат пожарот. Во спасувачката акција учествувал и полициски хеликоптер.

Во пожарот е уништен автомобилот во кој загина возачот, а властите се обидуваат да ги утврдат сите детали за оваа несекојдневна несреќа.

Прикажи повеќе...

Европа

Песков: Веќе нe може да се толерира инвазијата на НАТО врз Украина

Објавено пред

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва веќе не може да ја толерира, како што рече, инвазијата на НАТО врз Украина.

„Сведоци сме на постепена инвазија на НАТО на територијата на Украина со инфраструктура, инструктори, одбранбено и офанзивно оружје, обука на украинската армија“, рече Песков во интервју за Си-ен-ен, делови од кое објави агенцијата РИА Новости.

Тој посочи дека таквиот развој на настаните ги довел на црвена линија односите меѓу Москва и Киев.

Песков рече и дека Русија никому не се заканува со воени операции, но дека ќе биде принудена да преземе контра-мерки во случај на натамошно проширување на НАТО.

Тој посочи дека руските војници на границата со Украина се последица на тензиите во регионот и додаде дека Москва смета оти е неопходно да остане таму, бидејќи вежбите на НАТО, летовите на борбените и шпионските авиони на НАТО и унапредувањето на инфраструктурата на НАТО кон руските граници, создаваат непријателска атмосфера.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е...

Македонија1 час

(Видео) Митева: СДСМ го осиромашува домашниот буџет

Неуспешните економски политики на СДСМ не може да резултираат со успех во енергетиката, тоа се гранки што се поврзани и...

Македонија2 часа

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа2 часа

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија3 часа

(Видео) Премиерот Ковачевски го пречека премиерот Петков на првата официјална посета на нашата земја

Со државна церемонија пред платото на Владата, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, го пречека премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков,...

Македонија5 часа

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет5 часа

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија6 часа

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија15 часа

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија19 часа

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија22 часа

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија23 часа

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија1 ден

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија1 ден

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет1 ден

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт1 ден

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување,...

Регион1 ден

Од денеска сите Грци постари од 60 години мора да се вакцинираат или ќе платат казна

Во Грција од денеска стапуваат во сила мерките за изрекување казни за лица над 60 години што не се вакцинирани...

Свет1 ден

Научниците утврдија зошто некој природно подобро се бори со вирусот

Утврдено е дека една третина од луѓето во Европа може полесно да се борат со инфекцијата со коронавирус. Идентификуван е...

Досие