Европа
(Видео) Tепачка во турскиот парламент

Синоќешната расправа за буџетот во турскиот парламент завршила со тепачка меѓу пратениците, јавуваат медиумите во регионот.
Имено, додека се расправало за буџетот на Министерството за внатрешни работи, дошло до тепачка меѓу пратениците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП).
Пратеникот од Бурса од редовите на ЦХП му се обратил на министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, и го прашал за Сезгин Баран Коркмаз, бизнисмен кој моментно е во затвор во Австрија, а кој се соочува со многубројни обвиненија во Турција и САД, вклучително и перење пари, поткуп и измама.
Meclis'te Soylu ile CHP'li vekiller arasında gerginlik: Ortalık karıştı, AKP'li vekiller CHP'li vekillere saldırdı
CHP'li vekiller Meclis'te Soylu'ya Sezgin Baran Korkmaz'ın uçağını kullandığı için tepki gösterince Soylu 'hesap vereceksiniz' diyerek vekilleri tehdit etti. pic.twitter.com/f5Lz0VGySB
— Yol TV (@YolTV) December 8, 2021
Шефот на опозицискиот лидер на ЦХП, Еркан Ајдин, го прашал Сојлу: „Зошто се качивте во авионот на Сезгин Баран Коркмаз? Вашата слика е објавена. Рековте дека нема друг авион. Ќе му кажете на претседателот“.
Како одговор на ова, министерот Сојлу, како што пишуваат регионалните медиуми, рекол: „Лажеш, измамник си“.
Ајдин му возвратил, што уште повеќе го налутило Сојлу.
Интервенирајќи меѓу двајцата, заменик-претседателот на парламентарната група на ЦХП и потпретседател на ЦХП, Вели Агбаба, се обидел да ги смири страстите.
Но, во расправата се вклучиле повеќе пратеници. По остра вербална расправа, пратениците станале. Најпрвин дошло до меѓусебно пцуење на пратениците по што следувала тепачка со тупаници.
Поради инцидентот, седницата потоа била прекината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Голем шумски пожар во Шпанија, евакуирани над 1.500 лица

Голем шумски пожар избувна во четвртокот на истокот на Шпанија во Вилануева де Вивер, во провинцијата Кастелон, недалеку од Валенсија.
Опустоши околу 4.000 хектари шума, а од загрозената област беа евакуирани околу 1.500 луѓе.
Повеќе од 500 пожарникари, поддржани од 20 авиони и хеликоптери, се распоредени за да го стават огнот под контрола во близина на селото Вилануева де Вивер, соопшти денеска шпанската служба за итни случаи, пренесува Ројтерс.
Во соопштението се наведува дека пожарникарите успеале да спречат пожарот да се прошири и на други подрачја. Властите објавија дека се истражуваат причините за пожарот, објави шпанскиот весник „Ел Паис“.
Европа
Берлин планира да протера над 30 руски дипломати, Москва подготвува остар одговор

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, планира да протера повеќе од 30 руски дипломати акредитирани во Берлин, додека од Москва велат дека веќе имаат подготвен одговор.
Според германските безбедносни власти, руските дипломати го користат својот имунитет за илегално да регрутираат германски доушници од светот на политиката, бизнисот, науката и војската.
Информаторите, меѓу другото, се користат и за диверзантски и дезинформациски операции.
Ако Германија протера руски дипломати, Москва ќе реагира жестоко, одговорот е веќе готов, изјави за Спутник извор од руското Министерство за надворешни работи.
Европа
Напад со нож и рачна бомба во Берлин, има повредени

Германската полиција објави дека 61-годишен осомничен напаѓач е уапсен по напад со нож и рачна бомба во Берлин, пришто се повредени три лица.
Напаѓачот во петокот вечерта активирал граната во влезот на станбена зграда во населбата Рајникендорф во главниот град на Германија и ранил две жени на возраст од 42 и 48 години, како и еден 61-годишен маж, пренесува АП.
Во полицискиот извештај се наведува дека по детонацијата, осомничениот притрчал кон жртвите и ги нападнал и ги ранил со нож.
Сите три жртви се пренесени во болница, но животот на повредениот е во опасност, се вели во полициското соопштение. Напаѓачот веднаш по нападот побегнал, но набрзо е приведен.