Контакт

Европа

Во Австрија подигнато нивото на закана од тероризам

Објавено пред

Поради неодамнешната ескалација на конфликтите на Блискиот Исток и терористичките напади во Франција и Белгија, властите во Австрија заклучија дека во Австрија постои „конкретна закана и зголемен ризик од напад“.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти министерот за внатрешни работи Герхард Карнер (ÖVP), тревогата за тероризам ќе биде подигната на второто највисоко ниво – портокалово, пишува „Index.hr“.

Последен пат ова ниво на терористичка закана беше активно во Австрија по терористичкиот напад во центарот на Виена со четири загинати на 2 ноември 2020 година.

На прес-конференцијата беше најавено дека полицијата во иднина уште повеќе ќе се потпира на силите на Сојузната армија во заштитните задачи. Во излагањето на Карнер пред Советот на министри, предвидено е до 190 војници на Сојузната армија да бидат распоредени согласно мерките за заштита на просторот и имотот, особено во Виена.

Дополнителните „специјално обучени сили“ на армијата треба „првенствено да се користат за заштита на еврејските институции“. Дипломатските мисии веќе беа заштитени од војници. Дополнително, ќе има центар за борба против тероризмот, кој ќе биде сместен во Министерството за внатрешни работи и ќе служи како врска меѓу министерството, вооружените сили и државната безбедност, стои во написите на медиумот.

Европа

Тројца тинејџери уапсени во Германија: планирале терористички напад

Објавено пред

Тројца тинејџери осомничени за планирање терористички напад во моментов се во притвор, објави германското обвинителство.

dobivaj vesti na viber

Според обвинителите, приведените тинејџерки – две девојчиња на возраст од 15 и 16 години и едно 15-годишно момче – „изјавиле дека се подготвени“ да го извршат нападот.

Сите тројца потекнуваат од западната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Налози за апсење на тинејџерите беа издадени во текот на викендот на Велигден, велат властите.

Тинејџерите наводно ја величале „Исламската држава“

Германскиот весник „Билд“ објави дека уапсените ја величале џихадистичката терористичка група Исламска држава (ИСИС) и дека планот вклучувал напади со нож и молотови коктели врз верниците во црквите и полицијата во полициските станици.

Официјалните лица рекоа дека тинејџерите формирале група за разговор. Иако немаше конкретен план за напад во одредено време или место, истражителите „ја видоа опасноста“ и извршија претреси, велат тие.

Германија моментално е во состојба на готовност поради исламистички напади поради војната меѓу Израел и Хамас. Неодамнешниот терористички напад во Москва, за кој ИСИС-К ја презеде одговорноста, исто така ги зголеми стравувањата за европската безбедност во Германија и соседните земји како Франција.

Исламистичките екстремисти извршија неколку напади во Германија во последните години. Најсмртоносно беше кога камион влета на божиќен пазар во Берлин во декември 2016 година, при што загинаа 12 лица.

Прикажи повеќе...

Европа

Белорусија ја зајакна одбраната; Лукашенко: Остро ќе одговориме на можните украински напади

Објавено пред

Белорусија ги зајакна заштитата и одбраната на инфраструктурните објекти во близина на украинската граница, а во случај на потенцијални напади од украинска страна силно ќе одговори, изјави лидерот на земјата, Александар Лукашенко, за новинарите во Кремљ.

dobivaj vesti na viber

Лукашенко најави и дека со Путин разговарал за безбедносни прашања што не ја засегаат само Украина.

Претседателот на Белорусија смета дека НАТО сака да ја вовлече Белорусија во украинскиот конфликт.

Според него, ако Минск сега влезе во војна против Украина, тоа нема да донесе ништо бидејќи украинската граница е целосно минирана и бетонирана.

Покрај тоа, белорускиот лидер истакна дека Украина треба да ја разбере неизбежноста од брз и повеќекратен одговор доколку испрати беспилотни летала во Русија.

Тој исто така посочи дека сега е погоден момент Украинците и Западот да седнат на преговарачка маса и да се договорат.

Тој потсети дека во мај завршува мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и може да дојде до ситуација во која Русија нема да има со кого да потпише мировен договор.

Коментирајќи го планираниот мировен форум во Швајцарија за решавање на украинскиот конфликт, белорускиот лидер рече дека мировните преговори во Швајцарија за Украина не се можни без Русија.

Лукашенко исто така истакна дека Белорусија многу внимателно следи што се случува во Украина, вклучително и колку бргу паѓа рејтингот на Зеленски меѓу граѓаните.

Лукашенко исто така рече дека ниту тој ниту Путин не сака братскиот украински народ да страда.

„Вчера реков дека на Русија сега ѝ е потребна Белорусија, која е мирна, тивка, која си ја врши работата. Нема да ви кажам детаљно што правиме. Но, јас директно велам: ниту јас ниту Путин – и вчера разговаравме на оваа тема – не сака да страда нашиот братски украински народ. Не сакаме!“, ја пренесе државната агенција „Белта“ изјавата на Лукашенко.

Прикажи повеќе...

Европа

Лукашенко: Русија мора да разговара со силите кои стојат зад Украина, нема смисла да се преговара со Киев

Објавено пред

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека по терористичкиот напад во Красногорск кај Москва, неопходно е справување со силите зад Украина.

dobivaj vesti na viber

„Сега е неопходно да се дојде до суштината. Украинците се Украинци, сепак има одредени сили зад Украинците и треба да разговараме со нив“, изјави Лукашено на новинарите.

Лукашенко, кој денеска пристигна во Москва, истакна дека сега е малку веројатна каква било комуникација со Киев.

„Вие не разговарате со нив и тешко дека ќе разговарате со нив во иднина. Можеме да ви помогнеме доколку ви треба некој да помогне во преговорите“, рече Лукашенко.

Тој додаде дека не гледа смисла во обидот да преговара со Украина.

„Русија мора да разговара со силите зад Украина, нема смисла да се преговара со Киев“, изјави Лукашенко.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

МВР со нови детали за пукањето во Тетово: пронајдено возилото од кое беше пукано во куќа на тетовец

Синоќа, во 22.45 часот, во СВР Тетово, М. Т. од Тетово пријавил дека од патничко возило „фолксваген поло“ во движење...

Македонија2 часа

Над еден милион евра незаконски се поделени како социјална помош, најмногу пари потрошени во Гостивар и Прилеп

Над еден милион евра државни пари се поделени како социјална помош на лица што не ги исполнувале условите оти на...

Македонија4 часа

Универзалната сала не изгоре, изгоре она што требаше да биде дислоцирано, вели Арсовски

Надзорниците на изградбата на Универзална сала, објект што во вторникот пламна во пожар, по денешниот брифинг со медиумите, рекоа дека...

Македонија5 часа

Постојан приход на родителите е решение на проблемот со децата питачи, омбудсманот алармира дека сегашните мерки не даваат резултат

Досегашните мерки за згрижување на децата од улица и работата со нив не го даваат посакуваниот резултат, вели Васка Бајрамовска-Мустафа...

Македонија5 часа

(Видео) Господ ми даде сила, ја фатив за уши и успеав да ја турнам, раскажа сточарот кој беше нападнат од мечка

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се сретна и разговара со повредениот Цане Србиновски, 61-годишник, жител на село Дреновци во општина...

Македонија7 часа

Грција реагира за употребата на името Македонија во кампањата, а сѐ уште ги нема ратификувано меморандумите поврзани со преспанскиот договор

Грчките медиуми пишуваат дека Атина одблиску ги следи политичките изјави поврзани со преспанскиот договор и употребата на името Македонија во...

Топ7 часа

МВР со детали: Непознато лице пукало од автомобил во движење во семејната куќа во Тетово

Непознато лице од автомобил во движење пукало во семејната куќа во Тетово. МВР се огласи по инцидентот што синоќа ги...

Македонија8 часа

(Видео) Пендаровски заигра оро во Кавадарци, Силјановска со коментар: „Ни се случува ‘Тешкото’“

Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски, повторно се фати за оро за време на митинзите. Во Кавадарци му се...

Регион9 часа

Братот на убиецот закопан, мештаните револтирани: За неговиот гроб се знае, но каде е на Данка?“

Далибор Драгијевиќ (40) од Злот, брат на Дејан Драгијевиќ (50), кој е осомничен дека на 26 март ја уби малата...

Свет9 часа

Најтешките поплави во последните децении во Русија, евакуации и во Казахстан – „Целиот град ни е под вода“

Русија соопшти дека ситуацијата е многу напната бидејќи нивото на водата продолжи да расте во градот Оренбург и околните области....

Свет9 часа

Америка предупредува: Очекуваме ирански напад врз Израел

САД очекуваат дека ќе има напад од Иран врз Израел, но тој нема да биде од толку голем обем за...

Регион9 часа

(Видео) Голем пожар кај Нови Сад, повеќе од 10 возила на противпожарната служба се на терен

Голем пожар утрово околу 4.30 часот ја зафати населбата Бангладеш кај Нови Сад. На терен има повеќе од десет противпожарни...

Македонија9 часа

Пендаровски: Јас сум првиот претседател што постави жена за аѓутант во Армијата, прва во историјата на нашата држава

Пред граѓаните на Гевгелија, кандидатот за претседател Стево Пендаровски даде коментар на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски...

Македонија1 ден

По завршување на истрагата, ќе продолжи реконструкцијата на Универзална, да не се шират шпекулации, рече министерката Костадиновска-Стојчевска

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по пожарот што ја зафати Универзална сала, денеска изјави дека Министерството за култура ги чека...

Македонија1 ден

Во затворот „Идризово“ се извршија претреси на повеќе простории, извести МВР

Министерството за внатрешни работи извести дека денеска под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ „Идризово“, даде асистенција...

Топ1 ден

Велосипедист загина по удар од комбе во Скопје – МВР со детали за несреќата

Шеесет и осумгодишен велосипедист загина во сообраќајна несреќа во Скопје. Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера околу 11...

Економија1 ден

Тутунопроизводителите да си ги проверат сметките, денес исплатени 1,5 милијарда денари за субвенции, порача Николовски

Денеска, на сметките на речиси 14.300 тутунопроизводители се исплатени субвенциите за реколтата од 2023 година во вредност од речиси една...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Поради дефект на компресорите, беа одложени елективните програми, а не итните случаи

Министерството за здравство информира дека поради дефект на еден од компресорите, во текот на два дена беше одложен елективниот програм,...

Топ1 ден

Во тек е голема полициска акција во затворот „Идризово“, извршени претреси

Во тек е голема полициска акција во затворот „Идризово“. Се вршат претреси, а од Обвинителството ја потврдуваат акцијата. „Во акција...

Македонија1 ден

Цикличен хибрид – Македонија назадува во правото и борбата против корупцијата, нотира извештајот на „Фридом хаус“

Назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата во Северна Македонија бележи најновиот извештај „Државите во транзиција“ (Nations in...