Европа
Во Германија приведен Тунижанец поврзан со напаѓачот во Берлин
Германската полиција притворила 26-годишен Тунижанец осомничен дека бил поврзан со неговиот 24-годишен сонародник Анис Амри, убиен од италијанската полиција на 23-ти декември, кој е идентификуван како извршител на терористичкиот напад на божикниот базар во Берлин на 19-ти декември вечерта во кој беа убиени 12 луѓе, објави во средата портпаролката на сојузното државно обвинителство.
По откривањето дека мажот идентификуван како Билал А, вечерал со Анис Амри ден пред нападот, полицијата во вторникот ноќта изврши рација во берлинскиот кварт во кој живеел.
„Лицето е 26-годишен Тунижанец. Истражуваме дали имал поврзаност со нападот“, изјави портпаролката на германското сојузно обвинителство, Фрауке Келер.
Извршителот на нападот, 24-годишниот Анис Амри, беше убиени при рутинска контрола три дена по нападот во италијанскиот град Милано, откако успеал да побегне од Германија, и преку Холандија и Франција да стаса во Италија.
Одговорноста за нападот ја презема ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава.
Амри се сретнал со Тунижанецот во ресторанот во центарот на Берлин и воделе „многу интензивни разговори“ што „ги поттикна сомневањата дека 26-годишникот можеби е вмешан во нападот или барем занел за плановите на Амри“, изјави Келер.
Полицијата ги прегледува запленетите уреди за комуникации, а досега е утврдено е дека Билал А. користел најмалку два прекара, Ахмад Х. и Абу М., и тврдел дека е Египќанец. Се верува дека во Германија пристигнал во 2014 година, но можеби и порано.
Полицијата во 2015 година истражувала дела овој маж набавувал експлозив, но ја прекинала истрагата во јуни 2016 година, поради недостигот од докази.
Келер додаде дека Билал А. гледал во надзорната камера на станицата од подземната железница во близина на берлинската зоолошка градина набрзо по нападот на Амри на базарот и притоа подигнал показалецот во гест кој понекогаш може да се види на пропагандните видеа на Исламската држава.
Со форензичката истрага потврдено е дека оружјето со коешто е убиен полскиот возач на камионот пред со него Амри да го изврши нападот е истото коешто е најдено крај неговото тело откако полицијата го застрелала во Милано./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Хеликоптер ги извлекува пожарникарите од надојдената вода: драматична снимка од Чешка
Чешки „Блеск“ објави драматично видео од четворица доброволци пожарникари од Крнов.
Тие отишле да им помогнат на жителите погодени од поплавите, но и самите заглавиле во поројот.
Takhle vypadala záchrana čtyř dobrovolných hasičů z Krnova, kteří při záchraně osob ze zatopených obydlí divokou vodou potřebovali sami pomoc. Zachraňovali je i @HZS_STC. Pomáhají totiž i mimo hranice Středočeského kraje. S @HasiciPraha se pravidelně střídají ve vrtulníkové… pic.twitter.com/aQf07urx2b
— Petra Pecková (@PPeckova) September 16, 2024
На објавеното видео се гледа како хеликоптер ги извлекува пожарникарите, чие возило е целосно опколено со вода.
Европа
Силен земјотрес во Романија
Околу 17:40 часот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, јави ЕМСЦ.
Земјотресот се случил на 62 километри северозападно од Бузау и на длабочина од 137 километри под епицентарот во близина на Бузау.
#Earthquake (#cutremur) possibly felt 19 sec ago in #Romania. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/7MbYZOb2L7— EMSC (@LastQuake) September 16, 2024
Сеизмичките прелиминарни податоци покажуваат дека земјотресот не требало да предизвика значителна штета, но веројатно многумина го почувствувале како лесна вибрација во подрачјето на епицентарот.
Европа
Бурата „Борис“ ќе се пресели во Италија
Обилни врнежи утре се очекуваат и во Австрија, Чешка и југоисточна Германија. Иако може да поминат уште неколку дена до падот на нивото на водата, времето ќе се подобри во централна Европа од средината на неделата. Бурата „Борис“ потоа ќе се префрли на југ во Италија, каде повторно ќе зајакне и ќе донесе силен дожд. Регионот Емилија-Ромања треба да биде најпогоден.
Научниците тврдат дека оваа рекордна количина на врнежи во Централна Европа е предизвикана од голем број фактори, меѓу кои и климатските промени. Различни временски елементи комбинирани за да создадат „совршена бура“ каде што многу студениот воздух од Арктикот се сретна со топлиот воздух од Медитеранот.
Моделот на атмосферскиот притисок значеше и дека бурата Борис долго време беше заглавена на едно место. Научниците велат дека потопла атмосфера задржува повеќе влага, што доведува до поинтензивни врнежи. Потоплите океани, исто така, доведуваат до поголемо испарување, хранејќи ги системите за бура.