Контакт

Европа

Во експлозија во Брисел еден загинат, седум повредени

Објавено пред

Едно лице загинало а седум се повредени, меѓу кои три тешко, во експлозија којашто се случила во саботата во станбена зграда во белгиската престолнина Брисел, најверојатно поради истекување на гас за домаќинство, соопшти ноќта кон неделата бриселското државно обвинителство.

 

„Во саботата попладнето жителите на две згради биле жртви на експлозија по којашто избувнал пожар“, се наведува во соопштението на обвинителството.

„Седум лица се примени во две болници. Три се тешко повредени, меѓу нив и двегодишно дете и петнаесетгодишник. Во текот на вечерта во саботата во урнатините е пронајдено тело на маж. Идентификувањето сé уште не е извршено“, додава обвинителството на Брисел.

Началникот на општината во којашто е квартот Сен Жил, каде што се одиграла несреќата, Шарл Пике изјави за белгиските телевизиски мрежи RTL и RTBF дека „најверојатно станува збор за несреќен случај поврзан со истекување на гас“.

На 22-ри март 2016 година Брисел беше цел на најкрвавите напади во својата историја кога беа убиени 32 лица а 320 ранети во два синхронизирани напади на аеродромот и во подземната железница. Оттогаш белгиските безбедносни сили се на подигнато ниво на подготвеност и секој сличен инцидент го предизвикува вниманието на медиумите./крај/мф/сн

Најново

Забава7 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава7 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија7 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт8 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија8 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт8 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт8 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт8 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....