Европа
Во Шпанија запленети 720 килограми кокаин од Костарика

Шпанската полиција и царина соопштија дека се запленети 720 килограми кокаин од Костарика.
Шпанските власти заплениле 720 килограми кокаин во контејнер кој на крајот на септември од Костарика пристигнал на пристаништето Малага, при што се уапсени осум лица, соопшти тамошната полиција.
Дрогата била скриена во сеф под товар со метален отпад, според владините снимки.
На крајот на август властите ја објавија најголемата заплена во историјата на Шпанија- 9,5 тони кокаин во контејнер со банани од Еквадор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Започнува самитот за иднината на Украина

Контурите на идниот мировен договор за Украина би можеле да се појават овој викенд кога светските политички и воени лидери ќе се соберат во Минхен, неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп ги вознемири сојузниците кога разговараше со рускиот лидер Владимир Путин и најави почеток на преговорите.
Традиционалната безбедносна конференција доаѓа во особено чувствителен момент, веднаш по враќањето на Трамп на власт, кога повторно ги разгори шпекулациите за мировните преговори за ставање крај на руската инвазија започната во февруари 2022 година.
Од петок до недела, собирот ќе биде платформа за разговори за иднината на Украина, вклучително и средба меѓу американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој инсистира на тоа дека САД, Европа и Украина мора да имаат заеднички став пред разговорите со Москва.
Европската унија го предупреди Вашингтон дека не може да се постигне договор со Путин зад грбот на стариот континент и ги испраќа највисоките претставници на Брисел на состанокот.
Европа
Хорор во Шпанија: тело на бебе пронајдено во погон за преработка на отпад

Тело на бебе е пронајдено во погон за преработка на отпад на периферијата на шпанскиот град Валенсија, соопшти Цивилната гарда.
На телото на бебето сè уште е прикачена папочната врвца, објави шпанскиот медиум „Ла Разон“.
Покрената е истрага за да се утврди каде е фрлено телото на бебето, како и да се лоцираат родителите.
Погонот за преработка на отпад каде што е пронајдено бебето обработува меѓу 400 и 500 тони ѓубре дневно.
Европа
(Видео) Невреме ја погоди Елба, поплави по улиците, автомобили потопени

Силно невреме го погоди италијанскиот остров Елба, предизвикувајќи голем хаос. За само еден час паднале 56 милиметри дожд, што предизвикало сериозни поплави во Портофераио, главниот град на островот, пишува Il Messaggero. Во некои делови од градот луѓето беа спасени буквално во последен момент.
Alluvione lampo all'Isola d'Elba pic.twitter.com/wU5189CZZD
— Marco M.M. (@MMmarco0) February 13, 2025
Во Портофераио е прогласена вонредна состојба поради обилните врнежи. Локалната противпожарна служба и спасувачите неуморно работеа за да им помогнат на жителите и да спречат дополнителни штети.
Островот Елба е познат по својата историја и природна убавина, но повремено е изложен на екстремни временски услови. Дождот што падна за време на невремето речиси достигна 80% од просечните месечни врнежи за февруари.
Mentre siamo tutti a cantare con #sanremo25, dall'Isola d'Elba stanno arrivando immagini raccapriccianti.
Forza amiche e amici!!!!!#maltempo pic.twitter.com/rhaXUILGkT
— Sara Meini (@SaraMeini) February 13, 2025
Локалните власти апелираат на внимателност и ги повикуваат жителите да ги следат упатствата на надлежните служби додека не се стабилизира состојбата. Иако временските услови сега се нешто поповолни, последиците од обилните врнежи ќе потрае некое време за да се опорават.