Контакт

Европа

Германија ја отфрла „апсурдната“ споредба со нацистите од Ердоган

Објавено пред

Германија во понеделникот ја отфрли како „апсурдна“ изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и ја истакна важноста на врските меѓу двете земји сојузнички во НАТО за да ја прекине оваа вербална војна.

dobivaj vesti na viber

Во неделата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека со откажувањето на собирите на турските доселеници за поддршка на референдумот со кој се прошируваат овластувањата на турскиот претседател и уште повеќе со ускратувањето на правата на турските политичари да присуствуваат на тие собири, Германија ја поттикнува „нацистичката практика“.

И претходно турскиот претседател, кој со референдумот од 16-ти април би добил поголеми овластувања во однос на парламентот, ја обвинуваше Германија за недемократичност.

„Тоа е особено тешко и ме растажува, бидејќи споредбата со нацистите води само кон едно: тривилизирање на неискажливите патења на жртвите на нацистичките злосторства против човечноста“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во кусото појавување пред новинарите.

Додаде дека, сепак, Берлин останува доследен на темелните слободи и ќе им дозволи на турските политичари да одржуваат собири во Германија, под услов нивните посети да се најавени транспарентно и навремено, како и со почитување на германските закони./крај/мф/сн

Европа

Избодени две деца на возраст од девет и десет години во близина на основно училиште во Германија

Објавено пред

Две деца на возраст од 9 и 10 години се избодени денеска во близина на основно училиште во Дисбург – Маркслох, пренесува „Билд“.

dobivaj vesti na viber

Тие биле избодени и тешко ранети од 21-годишен маж.

На местото на настанот веднаш биле испратени медицински екипи и полиција по повик на наставникот.

Како што пишува „Билд“, според првите извештаи од местото на настанот, биле нападнати кога се враќале дома од католичко основно училиште.

Напаѓачот набргу по нападот бил уапсен, а мотивот сè уште не е јасен.

Жртвите на нападот, момче и девојче, се пренесени во болница.

Прикажи повеќе...

Европа

Чанта од која зависи безбедноста на илјадници луѓе исчезна од воз во Париз: „Чувствително е“

Објавено пред

Како што објави француската телевизија БМФТВ, компјутер и УСБ, кои ги содржеле безбедносните планови на Олимписките игри, биле украдени од воз на станицата Гаре ду Норд и е отворена истрага.

dobivaj vesti na viber

Ова се случува пет месеци пред отворањето на Олимписките игри во Париз. Вработен во градското собрание на Париз пријавил во понеделникот кога ја забележал кражбата на својата чанта неколку моменти по качувањето на возот во Париз, дознава БМФТВ од полициски извор.

Било 19.30 часот кога 56-годишниот инженер ја отворил вратата од полициската станица Гаре ду Норд за да ја пријави кражбата која штотуку ја претрпел пред да ја опише содржината на својата чанта. Внатре, рекол тој, имало деловен компјутер и два УСБ-стика со чувствителни податоци, вклучително и планови за обезбедувањето на Летните олимписки игри оваа година.

Поточно, станува збор за олимписките безбедносни планови за Градското собрание на Париз, кое планира да распореди речиси 2.000 агенти, вклучително и локални полицајци, за времетраењето на Олимпијадата (од 26 јули до 11 август).

Вработениот изјавил дека чантата ја ставил во преградата над своето седиште пред да ја забележи нејзината кражба додека се подготвувал да смени воз.

Регионалните иследници за безбедност во сообраќајот (РСТ) се одговорни за истрагата. Се користат и снимки од видеонадзор од станицата.

Градското собрание на Париз веднаш не го коментира настанот.

Париз ќе мобилизира речиси 2.000 агенти за обезбедување на Олимпијадата, со вкупно 35.000 припадници на безбедносните сили, кои ќе бидат на должност секој ден на Олимписките игри.

Париз беше место на терористички напади од големи размери, како што беше нападот во 2015 година кога исламистички екстремисти упаднаа во музичката сала и отворија оган на терасите на кафулињата, при што загинаа 130 луѓе.

Прикажи повеќе...

Европа

Руски активист, кој ја критикува војната во Украина, осуден на затвор: „Ја знаеме вистинската причина зошто нè приведуваат, судат, апсат и убиваат“

Објавено пред

Руски суд денеска го осуди активистот Олег Орлов на две и пол години затвор поради дискредитација на руските вооружени сили. Повеќе од две децении Орлов (70) беше еден од водачите на организацијата за човекови права „Меморијал“, која ја доби Нобеловата награда за мир во 2022 година откога беше забранета и распуштена во Русија.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за повторно судење. Минатата година, поради неговата возраст и здравјето, окружниот суд го казни со 150.000 рубли (1.616 американски долари), што е релативно лесна казна за критичар на војната во Украина, кога напиша напис во кој, меѓу другото, тврдеше дека Русија под Владимир Путин потонала во фашизам.

Обвинителите, сепак, се пожалија дека казната е прелесна, пишува Би-би-си. Вишиот суд ја поништи пресудата и беше наредено ново судење. Оваа недела во својот завршен говор на новото судење Орлов рече дека Русија сè подлабоко тоне во темнина наведувајќи ја како пример смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

„Ја знаеме вистинската причина зошто нè приведуваат, зошто нè судат, апсат и убиваат. Нè казнуваат затоа што се осмелуваме да ги критикуваме властите. Во денешна Русија ова е апсолутно забрането“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ23 минути

Прегазен пешак во Неготино, мажот починал на местото на несреќата

Денеска во 12.25 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на паркинг простор на улица „ЈНА“ во Неготино, товарно возило...

Топ2 часа

52-годишна жена починала во охридската болница, била примена во тешка состојба

На 27.2.2024, во 16.25 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во ЈЗУ Општа болница Охрид во тешка здравствена состојба...

Македонија2 часа

Пендаровски од Тирана: Мора да ветиме дека и натаму ќе ѝ даваме поддршка на Украина, досега имаме испорачано помош во вредност од 60 милиони евра

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на пленарната сесија на самитот Украина – Југоисточна Европа, кој се одржува во Тирана,...

Македонија3 часа

Уставниот суд го укина делот националност во матичните книги: „Се работи за приватно и внатрешно чувство на човекот“

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука, со која се укинува делот националност во три члена од матичните книга на...

Економија5 часа

Од задутре нема повеќе гарантирани цени во маркетите, секое нелогично зголемување ќе биде санкционирано, порача Битиќи

Од задутре нема повеќе гарантирани цени на производите во маркетите. Но, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, порача дека секое...

Македонија5 часа

Ванковска поблиску до претседателска кандидатура, собра 7.876 потписи, Јакимовски досега има 6.676

Професорката Билјана Ванковска која е предложена од политичката партија Левица, досега има собрано 7.876 од потребните 10.000 потписи за претседателската...

Топ7 часа

Три лица повредени во сообраќајната несреќа на патот Росоман – Кавадарци

Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа што се случи утрово на патот Росоман-Кавадарци. Две oд...

Македонија8 часа

Законот за пасошите, законот за игрите на среќа и изборот на член на ДИК на дневен ред во Собранието

Денес на дневен ред на седница на Собранието се измените на Законот за патни исправи. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овие...

Македонија8 часа

Владата донесе одлука за приоритетно издавање пасоши за сите професионални возачи

Владата, синоќа на седница донесе одлука со којашто на професионалните возачи кои поседуваат валиден сертификат, Министерството за внатрешни работи треба...

Македонија8 часа

Вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од овој месец ќе добиваат повисоки плати

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за известување за склучен Колективен договор на Сојузот на синдикати на вработените на...

Македонија8 часа

Земјотрес во Албанија, почувствуван во Дебар и околината

Земјотрес синоќа во 23 часот и 37 минути ја погоди Албанија. Потресот бил со рихтерова магнитуда од 3,2 степени, на...

Македонија20 часа

Демири: Ќе разговарам со семејството на Леонид Индов за можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација

Министерот за здравство д-р Илир Демири информира дека на денешната владина седница беше разгледан случајот на Леонид Индов и исто...

Македонија20 часа

Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател. „Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател!...

Македонија21 час

Таравари влегува во трка за претседател, собра 10.000 потписи

Кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, е вториот од вкупно единаесетте кандидати кој досега успеа да ги собере...

Македонија1 ден

Македонските граѓани, сепак, ќе може да патуваат со личните карти со старото име во БиХ, информира Бојмацалиев

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ,...

Македонија1 ден

ДНК собраа 690.000 денари за лекување на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Музичарите Панчо и Андреј објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид откога ја ставија на лицитација...

Македонија1 ден

ДИК потврди: Османи собра над 10 илјади потписи

Според последните податоци објавени на страната на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден, кандидатот на Демократската унија за интеграција,...

Македонија1 ден

(Видео) Јас можам да се туркам и на рацете: кочанчанец го продава својот инвалиден скутер, парите ќе ги намени за лекување на Лео

Кочаначанецот Благојчо Ѓоргиев реши да го проддаде својот скутер за хендикепирани и покрај здравствениот проблем, а парите, како што вели,...

Македонија1 ден

Убиството во Блаце можно е да е поврзано со пожарот во Чаир

Скопското обвинителство изврши увид на самото место во близина на Блаце, каде што вчера беше пронајдено безживотно тело на маж...

Македонија1 ден

Вчерашното убиство е продолжение на крвавата наркопресметка, силата на криминалните кланови е од Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали СДС си ги чита срамните соопштенија пред да ги пушти, или ја оставиле партијата на деца кои глумат партија....