Европа
Германскиот министер за финансии ја повика ЕУ да заземе тврди позиции за време на преговорите за Брегзит

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека ЕУ треба да заземе тврди позиции за време на преговорите со Велика Британија при нејзиното излегување од заедницата, пренесе во петокот Ројтерс.
“Сакаме Британците да се блиску, но нема права без обврски”, изјави Шојбле за време на интервјуто дадено за локалните медиуми.
Тој посочи дека главната задача за време на преговорите е да се намалат до крај штетите, кои може да им се нанесат и на двете страни, но тоа е комплицирано поради низата прашања кои ќе се отворат во текот на процесот.
“Велика Британија нема да го задржи сегашниот пристап до Единствениот европски пазар, ако не ги прифати правилата поврзани со него”, додаде министерот.
Тој потенцира дека целта не е да се казнува Велика Британија, но сепак Брегзит ќе и наштети и на неа, и на остатокот од Европа “.
Шојбле предупреди дека земјите-членки на ЕУ треба да бидат подготвени дека Велика Британија ќе се обиде да ги постави едни против други и ги повика да бидат обединети во преговорите со Лондон..крај /мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Aвтобус излетал од автопат во Турција, загинаа осум лица

Најмалку осум лица загинаа, а околу 35 се повредени, од кои четворица се во критична состојба, кога меѓуградски автобус излетал од автопат во западниот турски округ Афјонкарахисар, изјави гувернерот на Кубра, Гуран Џигитбаси за државните медиуми, пренесе Танјуг.
Возачот изгубил контрола над возилото, изјави Џигитбаси.
Патничкиот автобус сообраќал од Дијарбакир на истокот на земјата кон Бодрум на запад, објави Ројтерс.
Европа
Зеленски: Украина заслужува оваа година да започне преговори за членство во ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен најави нов пакет помош за Украина во вредност од 450 милиони евра.
Беше објавено и дека земјите од ЕУ планираат да обучат 30.000 украински војници.
Шефот на Комисијата на состанокот во Киев рече дека во Хаг ќе се формира меѓународен центар за гонење на злосторствата во Украина.
Лидерите на ЕУ ја пофалија Украина за „значајните напори“ во напредокот кон членството, но Киев треба да спроведе повеќе реформи, се вели во соопштението објавено по самитот во Киев.
„Верувам дека Украина заслужува да ги започне преговорите за членство во ЕУ веќе оваа година. И благодарам на претседателката на Европската комисија, нејзините колеги и нашите пријатели во ЕУ за значајната поддршка на патот на интеграцијата и заштитата на нашата земја и народ“ – рече Зеленски.
Европа
Лавров до Молдавија: Може да станете следната Украина

Додека водат освојувачка војна во Украина, од Кремљ им се закануваат и на другите соседни земји.
На прашањето која земја од поранешниот СССР „би можела да стане нов антируски центар“, првиот дипломат на Путин, Сергеј Лавров, кусо рече – Молдавија.
Според Лавров, „Молдавија може да стане следната Украина“.
Тој го обвини Западот кој, според него, „ја поттикнува Молдавија против Русија и има намера таа да игра улога во проектот против Русија“.
Лавров изјавил дека тенденцијата на сегашните молдавски власти „да ја внесат земјата во ЕУ и НАТО сведочи за нивната антируска политика“, пренесува Јутарњи.
Инаку, Молдавија веднаш по руската агресија врз Украина побара прием во ЕУ, а во јуни 2022 година заедно со Украина доби статус на кандидат, но ниту побара, ниту најави прием во НАТО, особено што таму требаше да бидат направени измени на уставот според кој Молдавија е воено неутрална земја.
Лавров директно ја нападна молдавската претседателка Маја Санда, за која вели дека „ја турка Молдавија во НАТО“, дека е „романска државјанка“ и дека „подготвува обединување со Романија“.
Во Кишињев ваквите зборови на шефот на дипломатијата на Путин беа прфатени како отворена закана и сметаат дека тие можат да станат нова цел во воените планови на Путин за проширување на Русија.
Молдавија е една од најсиромашните земји во Европа, со силно проруско влијание, но сега на власт дојдоа прозападните опции, предводени од претседателката Санду, која сака да ја сврти земјата кон Брисел.
Молдавија бара од Западот да и помогне со вооружување, особено што молдавската армија е една од најслабите вооружени и опремени во Европа.