Европа
Данска: Бегалците се преместуваат надвор од Европа, данскиот парламент усвои закон

Данскиот парламент денеска со големо мнозинство усвои закон со кој на оваа земја ѝ се дозволува да ги преместува барателите на азил во земјите надвор од Европа, и покрај повиците на невладините организации и Обединетите нации да се откажат од тие планови.
Предлог-законот ќе ѝ овозможи на Данска да ги премести бегалците кои пристигнуваат на нејзино тло во центрите за азил на партнерска земја, најверојатно надвор од Европа, каде што ќе бидат разгледани случаите на баратели на азил и на оние што бараат заштита во таа земја, пренесува „Ројтерс“.
„Ако поднесете барање за азил во Данска, знаете дека ќе ве вратат назад во земја надвор од Европа и затоа се надеваме дека луѓето ќе престанат да бараат азил во Данска“, рече портпаролот за имиграција на владината партија.
Богатата скандинавска нација, која се здоби со репутација по својата строга имиграциска политика во изминатата деценија, има декларирана цел да прифати нула баратели на азил и да прифаќа бегалци само според системот на квоти на ООН, анализираат европските гласила.
Данска сè уште не постигнала договор со партнертските држави, но властите велат дека се преговара со неколку земји кандидати.
Критичарите се загрижени дека планот ќе ги наруши безбедноста и благосостојбата на бегалците и ќе ги загрози нивните човекови права, како и дека ќе и дозволи на Данска да се повлече од своите ЕУ-обврски.
Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) ја повика Данска минатиот месец да не го носи законот, за кој вели дека може да создаде т.н „трка до дното“ доколку и другите европски земји започнат да ја имитираат данската политика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Лавров по посетата на Африка: Русија останува посветена на извозот на храна во сиромашните земји

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров по посетата на Еритреја потврди дека Москва останува посветена на извозот на храна во сиромашните африкански земји, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
„Лавров ја потврди цврстата посветеност на Русија во исполнувањето на обврските во однос на испораката на клучните прехранбени производи за африканските земји, вклучително и пакетите помош од договорите потпишани со посредство на ОН“ – се наведува во соопштението на министерството, пренесува ТАСС.
Европа
Путин: Русија е категорично против заборавање на нацистичките злосторства

Рускиот претседател Владимир Путин денеска, во пресрет на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, изјави дека Русија категорично се противи на заборавањето на нацистичките злосторства и спроведува политика која гарантира злосторствата како Холокаустот да не се повторат.
„Русија е категорично против заборавање на злосторствата од овој тип, кои немаат застареност“, рече Путин, а пренесува РИА Новости.
Тој нагласи дека Москва води таква политика која гарантира дека никогаш повеќе нема да се случи ништо слично во историјата на човештвото.
Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот се одбележува утре, на денот кога советските војници го ослободија нацистичкиот камп Аушвиц, каде беа убиени 1,1 милион луѓе, соопшти агенцијата.
Европа
Европската комисија ги тужи Бугарија и Словачка

Европската комисија објави дека одлучила да ги тужи Бугарија и Словачка за нетранспонирање на Директивата на ЕУ за обновлива енергија во националното законодавство.
Во соопштението се наведува дека Комисијата ја тужела и Унгарија поради ограничување на извозот на градежни материјали.
Комисијата ја тужеше Ирска за нетранспонирање на Рамковната директива за води во националното законодавство, пренесе „Танјуг“.