Европа
Денес е важен ден за Путин – 17 години од првата изборна победа!?
На денешен датум – 26 март, Владимир Путин ја одбележува 17 годишнината од првата изборна победа, по која стана претседател на Русија, потсетува Газета Ру.
На закажаните претседателските избори дојде откако Борис Елцин поднесе оставка и замина од Кремљ, но ја остави државата во неговите цврсти раце.
Во тоа време Путин веќе беше в.д. шеф на државата. Тој силно беше потпомогнат од поддршката на Елцин и неговото опкружување.
Путин тогаш собра 53% од гласовите. Останатите кандидати на изборите во 2000 година беа Генадиј Зјуганов од КПРФ, Григориј Јавлински од “Јаблоко”, Владимир Жириновски и независниот Аман Тулеев.
Победата на Путин, на изборите пред 17 години отвори нова страница во политичкиот живот на земјата, која продолжува и до денес. А, тој го тера својот втор мандат, по еден прекин во кој си ги заменија местата со премиерот Дмитриј Медведев./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
