Европа
Европскиот суд ја одобри тужбата против Германија за лошиот квалитет на воздухот

Во многу германски градови концентрацијата на штетни азотни оксиди во воздухот е значително поголема со години отколку што дозволува граничната вредност на ЕУ. Европскиот суд сега ја одобри тужбата на Европската комисија против Германија, пишуваат германските медиуми.
По Франција, Европскиот суд на правдата ја осуди и Германија, бидејќи во многу градови на таа земја граничните вредности на азот диоксид (NO2) со години се значително надминати.
Како што се наведува, граничните вредности беа „систематски и континуирано“ надминати во 26 градови од 2010 до 2016 година. Пресудата засега не предвидува казни или санкции.
Пресудата против Германија не исклучува нови обврски, на пример за дизел возила на одредени места. Сепак, квалитетот на воздухот во германските градови неодамна се подобри, меѓу другото и поради пандемијата.
Европската комисија поднесе тужба против Германија во Врховниот суд на Европската Унија во 2018 година за кршење на договорот. Како причина се наведува дека од 2010 година тековните гранични вредности на ЕУ за азот диоксид се систематски и континуирано надминати во 26 градови. Меѓу нив се Берлин, Хамбург, Минхен и Штутгарт.
Ова се аргументите што го водеа Европскиот суд на правдата. Годишната гранична вредност на азотниот диоксид е 40 микрограми на метар кубен воздух. Постои и ограничување од 200 микрограми на час, кое не смее да се надминува повеќе од осумнаесет пати годишно.
По пресудата, Европската комисија ги повика германските власти да сторат сè што е можно за да се почитуваат граничните вредности на азот диоксид. Треба да се отстранат сите причини, посочи портпаролката на Комисијата.
Според проценката на германската еколошка организација „Дојче Умвелтилфе“ (Дојче Умвелтилфе – ДУХ), пресудата на Европскиот суд на правдата е „силна шлаканица за дизел-лобистите и германската влада“. Претседателот на таа организација, Јирген Реш, смета дека промените треба да следат брзо. Овие вклучуваат претворање на сообраќајните области во заштитени велосипедски патеки, како и хардверско преуредување на речиси десет милиони „манипулирани дизел возила“, на штета на производителот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Лавров по посетата на Африка: Русија останува посветена на извозот на храна во сиромашните земји

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров по посетата на Еритреја потврди дека Москва останува посветена на извозот на храна во сиромашните африкански земји, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
„Лавров ја потврди цврстата посветеност на Русија во исполнувањето на обврските во однос на испораката на клучните прехранбени производи за африканските земји, вклучително и пакетите помош од договорите потпишани со посредство на ОН“ – се наведува во соопштението на министерството, пренесува ТАСС.
Европа
Путин: Русија е категорично против заборавање на нацистичките злосторства

Рускиот претседател Владимир Путин денеска, во пресрет на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, изјави дека Русија категорично се противи на заборавањето на нацистичките злосторства и спроведува политика која гарантира злосторствата како Холокаустот да не се повторат.
„Русија е категорично против заборавање на злосторствата од овој тип, кои немаат застареност“, рече Путин, а пренесува РИА Новости.
Тој нагласи дека Москва води таква политика која гарантира дека никогаш повеќе нема да се случи ништо слично во историјата на човештвото.
Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот се одбележува утре, на денот кога советските војници го ослободија нацистичкиот камп Аушвиц, каде беа убиени 1,1 милион луѓе, соопшти агенцијата.
Европа
Европската комисија ги тужи Бугарија и Словачка

Европската комисија објави дека одлучила да ги тужи Бугарија и Словачка за нетранспонирање на Директивата на ЕУ за обновлива енергија во националното законодавство.
Во соопштението се наведува дека Комисијата ја тужела и Унгарија поради ограничување на извозот на градежни материјали.
Комисијата ја тужеше Ирска за нетранспонирање на Рамковната директива за води во националното законодавство, пренесе „Танјуг“.