Контакт

Европа

Европските градови ги јакнат безбедносните мерки пред новогодишната ноќ

Објавено пред

Европските престолнини и другите големи градови ги зајакнаа во петокот безбедносните мерки пред прославувањето на Новата година, поставувајќи бетонски пречки во градските средини и зголемувајќи го бројот на полицајците на улиците, особено откако пред десетина дена во напад со камион во центарот на Берлин беа убиени 12 луѓе.

Берлинската полиција го затвори Паризер плац пред Бранденбуршката порта и најави распоредување на 1.700 полицајци, повеќето по должина на појасот одреден за прославата ограден со бетонски пречки и оклопни возила.

Во германски Келн, околу главната железничка станица и централниот плоштад, каде што минатогодишната новогодишна ноќ повеќе стотици жени беа групно сексуално напаѓани, ограбувани па дури и имаше два пријавени случаи на силување, полицијата постави дополнителен видео надзор. Во Франкфурт, пак, за безбедноста ќе се грижат 600 полицајци, двојно повеќе отколку на 31-ви декември 2015 година.

Во северната италијанска метропола Милано околу главниот плоштад се распоредени полицајци кои вршат проверки на минувачите, а на камионите уште од минатата седмица им е забранет пристапот во центрите на Рим и Неапол. Туристичките атракции се обезбедувани од тешко вооружени полицајци и војници.

Властите на шпанската престолнина Мадрид планираат да распоредат уште 1.600 полицајци во текот на новогодишниот викенд. Втора година по ред пристапот кон централниот плоштад Пуерта дел Сол, на кој традиционално се организира пречекот, ќе биде ограничен за 25.000 луѓе и е обезбеден со барикади.

Во Брисел, каде што во март во два атентата беа убиени 32 луѓе а 150 ранети градските власти сепак не се откажаа од новогодишниот огномет.

Во Париз, каде што исламистите ланскиот 13-ти ноември убија 130 луѓе, градските власти исто така се подготвуваат за бурен викенд, чија кулминација ќе биде огнометот на Елисејските полиња на кои се очекуваат 600.000 луѓе. Низ улиците на француската престолнина патролираат тешко вооружени војници. Ширум Франција во состојба на приправност и на дежурства ќе бидат повеќе од 90.000 полицајци и илјадници војници.

Полицијата во југозападна Франција во средата уапси маж кого го сомничи дека планирал напад во новогодишната ноќ. Во одвоена акција кај Тулуз, приведени се уште двајца мажи, од кои едниот е осомничен дека подготвувал напад врз полицијата.

Во Виена полицијата на жените им подели десетици илјади џебни аларми. Австриската полиција истакнува дека засега нема докази дека би можеле да се случат инциденти, но оти не сака ништо да препушта на случајноста.

Украинската полиција во петокот уапси маж за кој се сомнева дека во приморскиот немирен град Одеса планирал да изведе напад со камион, слично на оние во Берлин и претходно во јули годинава во француска Ница кога беа убиени 86 луѓе./крај/мф/сн

Европа

Вакцинирани Германци можат да влезат во земјата без да одат во карантин

Објавено пред

Германската влада денеска го одобри планот да им се дозволи на луѓето кои се целосно вакцинирани против коронавирусот и кои се опоравиле или имаат негативен тест за коронавирус, да влезат во Германија, без да одат во карантин, изјави владин извор.

Според Ројтерс, оваа одлука не се однесува на луѓето кои доаѓаат од земји кои се сметаат за високоризични или од области каде има мутации на вирусот.

Мерките за олеснување се однесуваат само на лица кои примиле вакцини одобрени во Европската Унија, поточно вакцините на компаниите „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, на „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“.

Прикажи повеќе...

Европа

Рау: ЕУ нема заеднички став за Западен Балкан

Објавено пред

Европската унија нема заеднички став кога станува збор за пристапувањето на земјите од Западен Балкан во блокот, изјави полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау.

Во неговата изјава за полски медиуми, тој ја нарече пристапната политика на ЕУ „анемична“ и додаде дека неодлучноста на Брисел во врска со тоа го става под сомнеж концептот на стратешка автономија.

„ЕУ не е во позиција да изрази јасен став за пристапот на земјите од Западен Балкан. Тоа ја доведува во прашање ефикасноста на нејзината таканаречена доктрина за стратешка автономија “, рече Рау.

Шефот на полската дипломатија истакна дека концептот на стратешка автономија, што ЕУ го поставува како независен и суверен политички субјект на меѓународната сцена, ќе бара опипливи и видливи изгледи за пристапување на Западен Балкан во европскиот блок.

Тој исто така предупреди дека неуспехот на ЕУ да развие единствена политика за пристапување на земјите од Западен Балкан може да ги стави земјите во регионот под влијание на трети земји кои се во ривал со Европската унија, пренесуваат полските агенции.

Збигњев Рау учествуваше на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел во понеделникот, на кој, меѓу другото, беше разговарано и за состојбата на Западен Балкан.

Прикажи повеќе...

Европа

Поведена истрага против Курц во врска со аферата „Ибица“

Објавено пред

Поведена е истрага против австрискиот канцелар Себастијан Курц поради лажна изјава пред парламентарниот истражен комитет во врска со аферата „Ибица“.

Опозициските партии го обвинија за давање лажно сведочење пред комитетот во врска со аферата „Ибица“.

Антикорупциската канцеларија почна истрага, што може да доведе до кривична пријава против канцеларот.

Курц се надева дека тоа ќе се случи набргу.

„Тогаш ќе имам можност да му ја кажам на судијата мојата страна на приказната“, рече канцеларот на прес-конференција.

Тој додаде дека секогаш искрено одговарал на прашањата на комисијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија2 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа3 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа3 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет4 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет4 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија16 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија19 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија20 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија22 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија22 часа

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија23 часа

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион2 дена

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Досие