Европа
Експеримент во Грција: ќе има ли безбеден одмор во услови на Ковид-19
Речиси 200 холандски туристи го замениле карантинот во својата земја за осумдневно доброволно затворање во грчко одморалиште.
Тоа е тест што треба да покаже дали може да се организираат безбедни одмори за време на пандемијата на Ковид-19, пишуваат медиумите во регионот.
Учесниците на пробен одмор од 399 американски долари добиваат целосен пансион, вклучително и пристап до базен, ресторани и други објекти – но, ништо друго.
Покрај редовните тестови на коронавирус и почитувањето на оддалеченоста од 1,5 метар, туристите мора да бидат задоволни и со погледот кон Егејското Море од своите соби или тераси бидејќи никој не смее да го напушти одморалиштето каде што ќе бидат само гостите.
И покрај ограничувањата, побарувачката за патувања беше голема и се пријавија околу 25 000 луѓе, информираат медиумите.
Грција, која практично е зависна од туризмот, сака да ги привлече луѓето назад по катастрофалната 2020 година, при што бројот на посетители падна на една четвртина во споредба со нивото од претходната година.
„Многу е важно луѓето да почнат да доаѓаат кај нас“, вели Константинос Тераслиас, заменик-градоначалник на Родос, четвртиот по големина грчки остров.
Холандскиот оператор, кој го организира ова патување поддржано од владата, се надева дека експериментот ќе покаже дека луѓето сè уште може да уживаат во својот одмор, дури и под строги безбедносни мерки и да го отворат патот за повторно отворање на туризмот.
„Ова е многу важно за туристичката индустрија. Не мислам дека многу компании ќе преживеат уште едно лето без патувања“, рече извршниот директор на „Санвеб“, Матијас Тен Бринк. Сепак, тој посочи дека затворањето луѓе во одморалишта веројатно нема да биде долгорочно решение.
Во меѓувреме, на Родос локалното население неизвесно ги чека холандските туристи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

