Европа
Ердоган го осуди терористичкиот напад во Лондон
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги осуди нападите пред британскиот парламент во Лондон, порачувајќи дека „Турција ја споделува болката на Велика Британија“.
Ердоган на својот твитер профил напиша дека „Турција стои во солидарноста заедно со Велика Британија, пријателот и сојузник против тероризмот, најголемата закана за глобалниот мир и безбедноста“.
Нападот се случи само неколку часа откако Ердоган предупреди дека безбедноста на граѓаните од Западот би можела да биде загрозена доколку европските земји продолжат со „нивното арогантно однесување“.
Претходно во средата Ердоган предупреди дека Европејците нема да можат безбедно да се движат по улиците, доколку продолжат да се однесуваат непримерно.
Неговата изјава доаѓа во екот на силните тензии поради забраните на Холандија и Германија кон турските министри за учество на митинзите во овие земји, во поддршка на турскиот референдум за проширувањето на претседателските овластувања.
Турција и самата беше погодена од низа терористичка напади минатата година, вклучувајќи го оној и во дискотека на новогодишната ноќ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
