Европа
Ердоган: Европејците нема да можат безбедно да се движат по улиците
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган упатил предупредување дека Европејците ширум светот нема да можат безбедно да се движат по улиците, доколку не се промени ставот кон Турција, повикувајќи ја Европа да ги почитува човековите права и демократијата, пренесува Reuters.
Турција е во спор со Германија и Холандија поради тоа што им забранија на турските министери да им се обртат на турските граѓани кои живеат во овие земји, поради обезбедувањето на што поголема поддршка во пресрет на априлскиот референдум за проширувањата на овластувањата на турскиот претседател, потсетува британската новинска агенција.
„Доколку Европа продолжи вака, ниеден Европеец во било кој дел од светот нема да може безбедно да се движи по улица. Ние, како Турција, ја повикуваме Европа да ги почитува човековите права и демократијата“, порачал Ердоган./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
