Европа
Ердоган планира нови настапи на турските политичари во Германија
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, и покрај тензичната ситуација со некои земји од Европската унија, планира во Германија да испрати 15 високо позиционираните политичарите за околу 1,4 милиони турски гласачи кои живеат во Германија за да ги објасни уставните промени за коишто ќе се гласа на референдумот на 16-ти април со кои треба да се прошират овластувањата на шефот на државата, пишува во вторникот германскиот дневен весник Bild.
„До крајот на март би требало да бидат одржани уште најмалку петнаесет собири на кои би настапиле поранешни министри, пратеници и високопозиционирани членови на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP) на претседателот Ердоган“, пишува весникот Bild.
Повеќето од тие настапи би требало да се одржат во најнаселената германска сојузна покраина Северна Рајан Вестфалија, каде што живее и најголемиот дек од 1,4 милионите германски државјани од турско потекло со право на глас. Тие се потенцијални избирачи на претстојниот референдум.
Собирите би требало да се одржат и во поголемите германски градови, како Берлин, Штутгарт, Минхен и Хамбург. Сé уште не е јасно дали на некои од собирите ќе се појави и самиот Ердоган.
Откако минатите седмици властите во неколку германски градови под изговор за безбедносни причини ги забранија настапите на турските политичари на јавните собири, турскиот претседател Ердоган ја обвини Германија дека практикува „нацистички методи“.
Во телевизиското интервју во понеделникот вечерта Ердоган, исто така, ја обвини германската канцеларка Ангела Меркел и Германија за „немилосрдна“ поддршка на тероризмот и штитење на терористите и за членовите на забранетата во Турција Работничката партија на Курдистан (PKK).
„Зошто вие, госпоѓа Меркел, ги прикривате терористите во својата земја. Зошто не реагирате?!“, рече Ердоган во телевизискиот говор, обвинувајќи го Берлин дека не ги проучил 4.500 досиеја на можни терористи коишто му ги испратила Анкара. „Госпоѓа Меркел, вие го поддржувате тероризмот“, рече Ердоган.
Портпаролот на германската влада порача дека Канцеларката не сака да учествува во натпревар во провокации. Тие обвинувањата се јасно апсурдни“, изјави портпаролот Штефан Зајберт.
Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер појасни дека обвинувањата за заштита на терористите „нема врска со реалноста“, бидејќи Германија уште одамна ги забранила активностите на PKK и ја ставила на листата, како и ЕУ и САД, на терористички организации./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Фото) Зеленски: 205 Украинци се дома
Денес, војници на вооружените сили на Украина, Националната гарда и Државната гранична служба се враќаат од руско заробеништво. Ова е првата фаза од размената 1.000 за 1.000, објави на социјалните мрежи, украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Меѓу ослободените има војници, наредници и офицери. Повеќето од нив се во руско заробеништво од 2022 година. Тие ја бранеа Украина во Мариупол и Азовстаљ, во насоките Донецк, Луганск, Харков, Херсон, Запорожје, Суми, Киев и нуклеарната централа Чернобил.
Благодарност до сите што работат на враќање на нашите луѓе дома, пред сè на нашите војници кои го надополнуваат фондот за размена за Украина и на нашиот тим. Благодарност до сите партнери што помагаат во ослободувањето на Украинците од заробеништво. Да продолжиме да се бориме за секој што е сè уште во заробеништво“, додаде Зеленски.
Европа
(Видео) Руски дрон се заби во хуманитарно возило на ОН, снимката стана вирална
Руските сили извршија напад со беспилотни летала врз возила на хуманитарната мисија на Обединетите нации во Херсон. Автомобилите на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања беа оштетени, а информациите за можни жртви сè уште се проверуваат. Нападот беше објавен на Телеграм од Олександр Прокудин, началник на Регионалната воена администрација на Херсон, пренесе Укринформ.
Напад врз хуманитарна мисија
„Кршејќи ги сите норми на меѓународното право, Русите нападнаа возила на хуманитарна мисија во округот Корабелни во Херсон со беспилотни летала“, се вели во објавата на Прокудин.
Видео од нападот е споделено на социјалните мрежи.
Today, during a UN humanitarian mission in Kherson, Russian FPV drone operators attacked a UN convoy with multiple drones, effectively ruling out any possibility of the strike being accidental.
UN personnel were forced to abandon their vehicles, while local authorities had to… pic.twitter.com/tK9rhJa35G
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) May 14, 2026
Властите нагласија дека нападите продолжуваат дури и врз оние што им даваат помош на другите.
Чести напади врз градот
Воената администрација на градот Херсон, исто така, објави за напад со беспилотни летала во Централниот округ на градот. Автомобил на една од градските комунални претпријатија беше погоден, но никој не беше повреден во нападот.
Европа
(Видео) Русите убија 24 лица во ужасен напад врз Киев: Кличко прогласи ден на жалост
Украинските власти објавија дека бројот на жртви од нападот со руски беспилотни летала врз Киев што се случи во текот на ноќта од среда кон четврток се искачи на 24, вклучувајќи три деца.
„Спасувачите продолжуваат со деноноќно пребарување на луѓе во урната зграда во областа Дарницки“, се вели во пораката на Телеграм. Претходно беше објавено дека загинале 16 лица.
Прогласен ден на жалост
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го прогласи денешниот ден за национален ден на жалост во спомен на жртвите од големиот руски напад врз главниот град.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во нападот биле употребени 1.567 беспилотни летала и 56 ракети од различни видови.
