Контакт

Европа

Истражување во Британија: 12.000 животи спасени со вакцините против Ковид-19

Објавено пред

Кампањата за вакцинација против коронавирусот во Англија спаси речиси 12.000 животи, а повеќе од 30.000 постари луѓе не завршија во болниците со тешка форма на болеста, покажа студијата од англискиот Институт за јавно здравје.

Во Велика Британија две третини од возрасната популација се вакцинирани со најмалку една доза вакцина против Ковид-19 и ова оди во корист на намерите на британскиот премиер, Борис Џонсон, да ја отвори економијата до летото.

До крајот на април програмата за вакцинирање против Ковид-19 спречи 11.700 смртни случаи кај луѓе постари од 60 години во Англија.

Се проценува дека во истиот период биле избегнати 33.000 хоспитализации на луѓе постари од 65 години.

Податоците за PHE не ги опфаќаат Шкотска, Велс или Северна Ирска, чии влади имаат сопствена политика за пандемијата.

„Вакцината веќе спаси толку многу животи и сега можеме да го видиме огромното влијание што таа го имаше за да спречи повеќето од луѓето сериозно да се разболат, а со тоа да ги заштитиме нашите болници“, рече Мери Рамзи, раководител на програмата за вакцинација на PHE.

Европа

Паника на Евро2020, меѓу навивачите откриени заразени со новиот „делта“ сој на коронавирус

Објавено пред

Здравствените власти во Данска ги повикаа навивачите кои присуствуваа на натпреварот на Европскиот шампионат меѓу фудбалерите на Данска и Белгија да бидат тестирани за коронавирус, откако беа откриени најмалку три случаи на заразени со новиот „делта“ вид на коронавирус.

Натпреварот се одигра на 17 јуни во Копенхаген на стадионот „Паркен“.

Данскиот министер за здравство Магнус Хојнеке изјави дека околу 4.000 лица седеле во близина на луѓе кои биле позитивни на новиот „делта“ сој.

Од 2 април, Данска пријави 247 случаи на новиот т.н индиски сој на коронавирус.

Прикажи повеќе...

Европа

Стогодишно лице осомничено за убиство во Белгија

Објавено пред

Белгиската полиција уапси маж на возраст од 99 или 100 години, осомничен за убиство во дом за стари лица. Белгиските власти уапсија еден постар човек, кој наводно е на возраст од 99 или 100 години, под сомнение дека убил колега од старечкиот дом во кој живеел, пренесуваат тамошните агенции.

Деталите за овој инцидент, што се случил во понеделникот, сè уште не се познати, но обвинителството во Гент, Белгија, преку изјава потврди дека жителот на домот е во притвор под сомнение дека извршил убиство.

Агенциите вчера објавија дека осомничениот е на возраст од 99 или 100 години, што го прави веројатно најстариот притвореник во Белгија.

Според водечката организација која обезбедува нега и грижа за стари лица, последниот познат случај на убиство во старечки домови во Белгија датира од 90-тите години на минатиот век.

Прикажи повеќе...

Европа

Раб негира дека било пукано на британскиот разурнувач: Руското објаснување не е точно

Објавено пред

Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, денес соопшти дека не било пукано во британскиот разурнувач во Црното Море и дека руското објаснување за инцидентот е предвидливо неточно, а тој исто така ја повика Кина да ги почитува договорите поврзани со Хонг Конг .

Властите во Москва вчера објавија дека руски патролен брод и борбен авион испукале предупредувачки истрели во близина на британскиот разурнувач „Дефендер“, бидејќи наводно влегол во руските територијални води во близина на Крим, што Велика Британија го негира.

„Не е пукано во британскиот разурнувач „Дефендер“, кој минуваше низ украинските територијални води“, изјави Раб пред новинарите за време на посетата на Сингапур, пренесуваат агенциите.

Тој нагласи дека бродот пловел во согласност со меѓународното право, и дека рускиот извештај за настанот е очекувано неточен.

За време на своето обраќање, Раб зборуваше и за неодамнешните настани поврзани со Хонг Конг и апсењето на новинарите на „Епл Дејли“ според законот за национална безбедност и ја повика Кина да ги почитува своите обврски кон независните медиуми во Хонг Конг, во согласност со договорот кој го има со Велика Британија.

„Ние следиме многу внимателно што се случува во врска со затворањето на „Епл Дејли“ и апсењето на новинари и ја повикуваме Кина да ги почитува договорите што слободно ги прифати и веруваме дека станува збор за доверба и е важно за луѓето од Хонг Конг“, рече Раб.

Властите во Хонг Конг претходно објавија дека полициските активности преземени во „Епл Дејли“ не се насочени кон слободата на печатот, а кинеското Министерство за надворешни работи по повод тоа рече дека правата и слободите не можат да бидат пред националната безбедност.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Руски претставник за британскиот брод: Следниот пат бомбите ќе паднат врз целта, а не околу неа

Шефот на руската делегација во преговорите за безбедност и контрола на оружјето во Виена, Константин Гаврилов, ја предупреди Велика Британија...

Македонија11 час

Заев: Репрезентацијата ја претставува Северна Македонија, придавката „македонска“ е за други случаи

Кога се претставува државата, како во случајот со фудбалската репрзентација, тогаш се употребува репрезентација на Северна Македонија, додека македонско, македонска,...

Македонија12 часа

Радев: Ги издржавме притисоците, патот на Северна Македонија зависи само од дијалогот со Бугарија

Забрзувањето на европската перспектива за Република Северна Македонија зависи само од ангажманот и резултатите во дијалогот со Бугарија. Ова го...

Македонија13 часа

Регистрирани се 10 нови случаи на Ковид -19, три лица се починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на...

Регион14 часа

Вучиќ: Не е фер што Македонија и Албанија не добија датум за преговори

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека жали што Скопје и Тирана не добија датум за почеток на преговорите со ЕУ....

Македонија16 часа

Утре ќе стигнат 100.000 вакцини на Фајзер, а в недела 500.000 на Синовак, најави Филипче

Утре пристигнува нова пратка од 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку ковакс системот, најави министерот за здравтство Филипче. В недела...

Македонија16 часа

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование, најавија по денешниот работен состанок, министерот за...

Македонија18 часа

Над 180.000 граѓани кои се пријавиле за вакцинација а не добиле термин, ќе бидат вакцинирани во следните 20 дена

Голем број граѓани реагираат дека одамна се пријавиле на веб-страницата vakcinacija.mk, но се уште не добиле термин за вакцинација во...

Свет18 часа

(Видео) Москва со порака: Ќе има страшни последици ако некој изврши провокации како случајот со британскиот разурнувач

Руската Црноморска флота, заедно со Граничната служба на ФСБ, испукаа предупредувачки истрели за да го спречат британскиот разурнувач да ја...

Македонија18 часа

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, повикува Министерството за труд и социјала

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа,...

Европа18 часа

Европскиот Парламент предупредува- Бројот на мигранти расте, мора итно да дејствуваме

Со доаѓањето на летните месеци на надворешните граници на ЕУ, притисокот на мигрантите расте, затоа е потребно итно и солидарно...

Свет19 часа

(Видео) Се сруши мост во Вашингтон, повредени се повеќе лица

Пешачки мост се урна во североисточен Вашингтон. Според американските медиуми, најмалку шест лица биле повредени, додека еден камион останал заробен...

Економија1 ден

Владата го утврди предлогот за поскапувањето на горивата, на ред се пратениците

Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието. Владата на денешната 82...

Свет1 ден

Европска здравствена агенција: Делта вирусот ќе доминира во Европа ова лето

Делта варијантата на коронавирусот, првпат откриена во Индија, значително ќе се прошири низ Европа во текот на летото, предупреди Европската...

Топ1 ден

Изгоре камп возило на туристи на Матка

Камп возило на туристи од Полска целосно изгоре на Матка, а уште едно возило е оштетено, соопшти МВР. „Вчера настанал...

Македонија2 дена

Пет нови случаи на Ковид-19, почина 39-годишник од Кичево

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се 5 нови случаи на...

Македонија2 дена

Заев: ЕУ има проблем, ние ќе бараме решение и не се откажуваме од заслужената интеграција

„Европа има проблем. Големата идеја за обединета Европа денес има проблем. А проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека...

Европа2 дена

Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод

Руски воен брод испукал предупредувачки истрели кон уништувач на британската кралска морнарица, ХМС Дифендер, откако влегол во руските води во...

Македонија2 дена

Утре и задутре портокалова фаза: Од работа да се ослободат бремените жени и лицата над 60 години

Во текот на следните два дена (четврток и петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова...

Македонија2 дена

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи...

Досие