Европа
Италија се соочува со нов бран на коронавирусот, предупреди премиерот
Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека поради наглиот пораст на новозаразени лица од коронавирус во Италија, потребна е максимална претпазливост.
„За жал, една година по почетокот на вонредната состојба, се појавува нов бран инфекција“, рече Драги за време на посетата на центарот за вакцинација на аеродромот во Фјумичино.
„Имавме повеќе од 150.000 инфекции минатата недела. Во споредба со претходната недела, кога беа евидентирани 131.000, тоа доведе до дополнителни речиси 5.000 луѓе во болници и 600 во единиците за интензивна нега. Овие бројки значат дека треба да бидеме крајно внимателни и да спречиме преоптоварување на болниците“, рече Драги.
Денеска беше објавено дека Италија ќе биде под целосен карантин за велигденскиот викенд.
Продавниците со непотребни производи ќе бидат затворени од 3 до 5 април. Овие денови на Италијанците ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само за работа, здравје или итни случаи.
Нацрт-регулативата, која треба да биде донесена доцна в петок, вели дека од понеделник ограничувањата ќе бидат засилени и во жолтите региони, во оние каде што ризикот од инфекција со Ковид-19 е мал.
И во нив движењето меѓу градовите ќе биде строго ограничено, а кафулињата и рестораните ќе бидат затворени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Пукање кај израелската амбасада во Стокхолм, неколкумина уапсени
Шведската полиција приведе неколку лица и опколи област во Стокхолм, откако патрола слушнала наводен истрел, соопшти полицијата во петокот, а израелската амбасада е во опкружената област.
„Полициска патрола во Страндваген во Стокхолм слушнала звуци и се посомневала дека има пукање“, објави полицијата на својата веб-страница.
Неколку лица се уапсени и покрената е истрага поради сомнение за тешко вооружено злосторство, додаваат тие.
„Во врска со истрагата која е во тек, сознанијата го потврдуваат сомнежот дека имало пукање“, се наведува во објавата на полицијата на својата веб-страница.
Ројтерс се уште не може да добие коментар од полицијата или израелската амбасада.
Шведската новинска агенција ТТ соопшти дека полицијата одбила да коментира дали има врска меѓу инцидентот и израелската амбасада.
Европа
Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта
Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокираше Европа, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тоа беше првиот голем атентат на европски политички лидер во повеќе од 20 години и наиде на меѓународна осуда.
Политичките аналитичари и пратеници велат дека тоа ја разоткри сè пожешката и поларизирана политичка клима во Словачка и низ Европа.
„Се молиме за премиерот и навиваме за Словачка“, рече Орбан. „Му посакуваме брзо закрепнување и враќање на работа. Роберт Фицо е меѓу животот и смртта“.
Орбан рече дека дури и ако Фицо закрепне, тој нема да работи со месеци во критично време пред изборите за Европскиот парламент на почетокот на следниот месец.
„Ни претстојат избори кои ќе одлучуваат не само за пратениците во Европскиот парламент, туку заедно со изборите во САД, тие можат да го одредат текот на војната и мирот во Европа“, рече Орбан.
„Во таа ситуација, навистина ќе ни требаат Роберт Фицо и Словачка, која се залага за мир“, додаде тој.
Европа
(Видео) По масовните напади на Крим, сателитските снимки откриваат уништени руски авиони и оштетени згради
Сателитските снимки до кои дојде Си-ен-ен покажуваат три уништени руски авиони и оштетени згради во воздухопловната база Белбек во Севастопол во средата. Станува збор за пресретнувачи Микојан МиГ-31 и борбени авиони Сухој Су-27.
Сателитските снимки од Максар покажуваат два изгорени авиони на главната писта кај Белбек, а третиот е паркиран на заштитен насип. Сателитските снимки покажуваат и уништена зграда во близина и друга која претрпела значителна штета.
On @Maxar imagery, two MiG-31s and one Su-27 have been completely destroyed, and a MiG-29 damaged, at the Russian Air Force's Belbek Airbase in occupied Crimea. A fuel storage near the main airbase runway was also destroyed, and debris continued to burn in the aftermath. https://t.co/ZWflMYUFVw pic.twitter.com/80N56MRP2h
— Christiaan Triebert (@trbrtc) May 16, 2024
Михаил Развозаев, гувернерот на Севастопол назначен од Русија, утринава преку Телеграм изјави дека Русите „успешно одбиле масовен непријателски напад врз Севастопол“. Вторпат Белбек е мета на Украинците во последните 48 часа.
Запрашан за украинскиот напад на Белбек, Дмитро Плетенчук, портпарол на украинската војска, вчера изјави: „Во моментов не можеме да објавиме никакви детали бидејќи во овој момент нема проверени информации“.