Европа
Лавров најави ново примирје во Украина од понеделник

Примирјето меѓу рускојазичните бунтовници и силите лојални на прозападните власти во Киев ќе стапи на сила во понеделник во Украина, по договорот кој го постигнаа Киев, Москва, Париз и Берлина, најави во саботата на Минхенската безбедносна конференција, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Добро е што Контактната група (министрите за надворешни работи на Украина, Русија, Франција и Германија – з.р.), повторно се договори за почеток на примирје на 20-ти февруари“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за руските новинари по средбата на ткн четворка во „нормандискиот состав“.
Договорот опфаќа и „почеток на повлекувањето на тешкото оружје“ од истокот на Украина, додаде Лавров.
„Нормандискиот формат испита до каде е дојдено во спроведувањето на договорот кој го постигнаа претставниците на Русија, Франција, Украина и германската канцеларка“ Ангела Меркел во октомври во Берлин, додаде Лавров.
„Заклучивме дека не е остварен поголем напредок во врска со резултатите од одлуките донесени во Берлин“, се пожали рускиот министер.
Во Украина веќе во трета година навлегува судирот на силите на владата во Киев и рускојазичните бунтовници. Украина поддржувана од Западот сметаат дека бунтовниците воено ги поддржува Русија, што Москва категорично го одбива.
И покрај примирјето кое кон крајот на декември беше воспоставено на истокот на земјата, судирите повремено продолжија. На почетокот од февруари во беа обновени жестоки удири во кои се убиени досега повеќе од триесет луѓе./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
„Њујорк тајмс“: Трамп нервозен поради можното обвинение -„Нема да му биде убаво или возбудливо“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп бил многу нервозен поради можното обвинение, пренесува „Њујорк тајмс“.
Како што пишува весникот, Трамп „не сака да биде уапсен, што обично се случува кога некој е обвинет“.
„Њујорк тајмс“ пишува дека Трамп е нервозен поради тоа што ќе се соочи со обвинение за „исплата на премолчени пари“ на ѕвездата од филмовите за возрасни Сторми Даниелс за да молчи за нивната наводна афера. Според весникот, тој е обвинет дека и платил на порно ѕвезда 130.000 долари во последните денови од претседателската кампања во 2016 година.
Доколку биде обвинет, Трамп ќе биде првиот американски претседател кој ќе биде кривично гонет.
Во објавата на неговата платформа „Truth Social“ во саботата, Трамп рече дека очекува да биде уапсен во вторник и ги повика своите приврзаници да протестираат против властите доколку биде приведен и обвинет. Тој објави долга изјава во која ја опишува истрагата како „политички лов на вештерки што се обидува да го собори водечкиот кандидат, убедливо, во Републиканската партија“.
Инаку, според медиумот, ова е само една од истрагите што се водат против Трамп. Двете големи што се во тек се оние кои се однесуваат на обидот за државен удар по изборите во 2020 година, како и за откривањето на доверливи владини документи на неговиот имот во Мар-а-Лаго.
„Тој е многу нервозен затоа што се соочува со повеќе обвиненија“, изјави репортерката на „Њујорк Тајмс“, Меги Хаберман за Си-Ен-Ен.
„Може да се појават две работи одеднаш. Тој знае дека има причини да верува дека ова може да му помогне политички. Но, тој не сака да се соочи со апсење, што обично се случува кога некој е обвинет. Тие ви земаат отпечатоци од прсти. Тие ве земаат во притвор. Мора да побарате кауција. Ништо од тоа нема да биде возбудливо за него“, рече Хаберман.
Таа повтори дека Трамп и неговиот тим подготвуваат напад врз обвинителот со цел да го обвинат дека е „агент на Демократската партија“ и дека работи со неговиот тим во корист на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден, на кого Трамп сака да му се одмазди за неговиот пораз на претходните претседателски избори, пренесува медиумот.
Европа
Сијарто: Унгарија не сака и нема да испрати муниција во Украина

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека неговата земја не сака и нема да испрати муниција во Украина, додавајќи дека тоа нема да ги спречи другите членки на Европската унија да го сторат тоа.
„Унгарија не испорачува оружје, ние сакаме мир. Затоа не учествуваме во ова. Ние не и доставуваме муниција на Украина, ниту ги спречуваме другите да прават што сакаат“, изјави Сијарто во Брисел, пренесува „Хина“.
Министрите за надворешни работи на Европската унија на состанокот во Брисел усвоија акционен план чија цел е да ја снабди украинската армија со најмалку еден милион гранати од 155 милиметри и да ги надополни сопствените стратешки залихи, од кои некои се речиси целосно исцрпени.
За таа цел, две милијарди евра ќе бидат повлечени од „Европскиот мировен фонд“ – вонбуџетски финансиски инструмент на Европската унија кој ја подобрува нејзината способност да работи на глобалната безбедност.
Придонесот на Будимпешта во тој фонд е околу еден процент, што е приближно десет милиони евра, а тие средства ќе се користат за други цели, како што се работа на стабилноста на Западен Балкан и намалување на миграцискиот притисок, рече Сијарто.
Сијарто предупреди дека Брисел продолжува да поттикнува „атмосфера на војна“ и дека земјите што промовираат мир се под зголемен притисок да го напуштат.
Европа
(Видео) Двајца студенти повредени во пукање пред училиште во Тексас, еден во критична состојба

Двајца ученици се повредени, од кои еден потешко, во пукање пред средно училиште во Далас утринава. Полицијата уапсила лице кое го поврзуваат со нападот.
Пукањето започна во кампусот на средното училиште Ламар, во предградието Арлингтон, околу 6:55 часот, пред многу студенти да се вратат на часови по пролетниот распуст.
#BREAKING On-campus shooting at Lamar High School in Arlington, TX. Suspected shooter in custody. Two students injured and being treated. MORE: https://t.co/QGBY1lAuPg pic.twitter.com/LrtwfMDFWY
— Larry Collins (@LarryNBC5) March 20, 2023
Еден ученик е повреден во самото пукање, а другиот од „шрапнел од пукањето“. Двајцата се пренесени во болница, изјави портпаролката на училиштето Анита Фостер.
BREAKING 🚨: students shot outside Lamar High School in Arlington, Texas – suspect in custody pic.twitter.com/IfH8ZOftQ9
— Officer Lew (@officer_Lew) March 20, 2023
Ен-Би-Си Далас-Форт Ворт објави дека еден од повредените студенти е во критична состојба, а другиот има полесни повреди.
Полицијата во Арлингтон соопшти дека осомничениот напаѓач не влегол во училиштето и бил уапсен набргу откако полицајците пристигнале на местото на настанот.
Полицијата не соопштува никакви информации за лицето кое е приведено, освен дека е малолетник и е однесен во малолетнички притвор.