Контакт

Европа

Лепен ја започна кампањата ветувајќи ѝ „слобода“ на Франција

Објавено пред

Челничката на француската крајна десница Национален фронт (FN), Марин Лепен ја започна во саботата кампањата за претседателските избори, а во рамките на изборните ветувања повтори дека се залага Франција да ја напушти еврозоната, намалување на возраста за заминување во пензија, како и тврд став кон имигрантите.

„Целта на оваа програма е во прв ред на Франција да ѝ ја врати слободата, а на луѓето да им овозможи да се слушне нивниот глас“, порача Марин Лепен претставувајќи ја својата изборна програма.

Според анкетите, се очекува дека 48-годишнат ќерка на основачот на Националниот фронт, Жан-Мари Лепен ќе биде во водство по првиот изборен круг на 23-ти април. Но, бидејќи традиционално конзервативците и левицата се поддржуваат меѓусебно против Националниот фронт, на Лепен ѝ се даваат мали шанси за конечна победа по вториот круг кој ќе се одржи на 7-ми мај.

Се проценува дека станува збор за најнеизвесната трка за претседател последните децении во Франција. Коментаторите предупредуваат на внимателност со резултатите од анкетите, укажувајќи на примерите со истражувањата на јавното мнение пред британскиот референдум за излегување од ЕУ и на американските претседателски избори.

Националниот фронт одржува дводневен конгрес во Лион, каде што Лепен ја претставува својата изборна програма. Нејзината програма се состои од 144 точки, и по некои прашања е блиска со американскиот претседател Доналд Трамп, особено кога станува збор за имиграцијата, застареноста на НАТО, еврозоната итн./крај/мф/сн

Најново

Забава2 минути

Ќерката на Анџелина Џоли (18) откри низ што поминала поради нарушување во исхраната

Вивиен Маршелин Џоли, 18-годишната ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, откри дека на почетокот на годината завршила во болница...

Македонија10 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека гувернерот посочил дека одлуката во врска со Алта банка ја донел премиерот

СДС да престанат со манипулациите и ширење несигурност кај граѓаните за Алта банка. Не се точни тврдењата дека гувернерот посочил...

Македонија34 минути

Единствена Македонија: Михаилова потврди дека се чувствува како Бугарка, иницијатива за одземање на државјанството

Синоќешното гостување на бегалката Ива Михаилова на бугарски медиум, во кое таа изнесе тешки обвинувања против Македонија како и истакнување...

Култура55 минути

12. издание на „Битола Шекспир фестивал“ за прославата на 82 години постоење на Народниот театар Битола

На 14 ноември 1944 година е основан Народниот театар – Битола, македонски театар со статус на национална установа и најстар...

Црна хроника1 час

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле со автомобил на паркинг

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот кај бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки...

Црна хроника1 час

Тајно ја снимал и се заканувал дека ќе ги објави видеата, пријава против кочанец за демнење

Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на Кочани за демнење. Според информациите на МВР, полиција поднесе кривична пријава против К.М.(26)...

Македонија1 час

Скопјанец повикан во полиција, управувал дрон без дозвола

Скопјанец бил повикан во полиција затоа што управувал дрон без дозвола. Според информациите на МВР, вчера во 18:30 часот во...

Регион1 час

Додик присуствуваше на собир на движењето „MAGA“. „Не можев да поминам, сите постојано ме запираа“

Милорад Додик, лидерот на владејачката партија во Република Српска, денеска изјави дека е уверен оти сегашниот став на американската администрација...

Македонија2 часа

Филков: ЕК го потврди сработеното, за две години поставивме темели за реформа на правосудството

Извештајот на Европската комисија за 2026 година е јасна потврда дека политиките што ЗНАМ ги спроведуваше во Министерството за правда...