Европа
Лукашенко: Затворете го секој метар од границата, ниту една нога од соседната земја не смее да влезе во Белорусија
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко им нареди на безбедносните служби да ја затворат границата.
„Од денес ниту една нога од соседната земја, без разлика дали од југ или запад, не смее да стапне на територијата на Белорусија. Затворете го секој метар од границата. Нашите луѓе мора да се чувствуваат смирени, треба да знаат дека има момци што се подготвени да ги заштитат“, рече белорускиот лидер на состанокот за ситуацијата на границата, пренесуваат државните агенции.
Лукашенко им нареди на безбедносните сили да ја интензивираат работата за заштита на државната граница.
„Тоа е она што треба да го направиме. Основно. Не дај боже тие (соседните земји) да почнат со спроведување на тактиката на протерување на луѓето што ги нарекуваа таму (илегални мигранти) преку официјалните гранични премини. Ги знаете последиците, ги предупредивме и нека размислат“, рече Лукашенко.
Тој, како што пренесуват регионалните медиуми, ги нарекол властите на соседните земји нацисти, кои не ги ослободуваат мигрантите и ги враќаат во Белорусија полумртви.
Неговиот коментар следуваше откако белоруските граничари вчера пронашле пет ирачки државјани протерани од литванската страна на границата со Литванија, а на нив биле откриени прострелни рани и траги од каснување од кучиња.
Според информациите на Државната погранична служба на Белорусија, на повредените им била укажана прва помош по што биле пренесени во медицински установи.
На 3 август белоруските граничари регистрираа мигранти што ја минуваа границата од Литванија. Многумина беа во сериозна состојба со разни повреди, анализираат медиумите.
Според портпаролот на белоруската погранична служба, Антон Бичковски, граничарите забележале човек во тешка состојба во близина на границата со Литванија и тој починал при укажување прва помош.
Лукашенко најави дека Белорусија повеќе нема да ги задржува илегалните мигранти на пат кон земјите од ЕУ бидејќи поради санкциите од Западот, Минск „нема ниту пари ниту сила“ за тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа руска рафинерија на 2.000 километри од границата, се шират снимки
Украински дронови предизвикаа пожар во рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 километри од украинската граница.
Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а службите за итни случаи работат на местото на настанот, изјави Голдштејн на апликацијата Телеграм.
Russian Telegram channels report a drone attack and subsequent fire at Ukhta oil refinery plant in Ukhta, Komi region of Russia.
It's located over 2,000 km from the Ukrainian border. pic.twitter.com/ATCEcdkMCH— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 12, 2026
Пожарот избувнал откако украинските дронови погодиле инфраструктура која се смета за стратешки важна за снабдувањето со гориво во Русија, како дел од засилениот напад врз енергетската инфраструктура по краткото затишје за време на мировните преговори минатиот месец. Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Зеленски, постојано повторуваат дека нападите врз руските рафинерии за нафта се „најдобрите санкции“.
Meanwhile in Russia’s Ukhta.
The local refinery keeps getting hit by drones as we speak.
1,800 km away from the Ukrainan border. pic.twitter.com/TZMDIrIIg6
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) February 12, 2026
Снимки од густи облаци од црн чад над областа на рафинеријата Ухта веднаш по нападот циркулираат на социјалните медиуми, илустрирајќи го обемот на инцидентот и влијанието на нападот далеку на руска територија.
Европа
(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки
Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време на советско-авганистанската војна, изјави поранешен шеф на британската разузнавачка служба во неодамнешно интервју.
Ричард Мур, поранешниот шеф на МИ6, даде интервју за Скај њуз, во кое рече дека околу 30.000 руски војници загинале во Украина во декември, опишувајќи ја бројката како „застрашувачки“.
Мур го спореди месечниот број на жртви на руски војници со загубите во советско-авганистанската војна, која траеше десет години, од 1979 до 1989 година, и во која загинаа околу 15.000 советски војници.
„Загубите се ужасни и дури и Русите ќе имаат тешкотии да ги надоместат тие загуби. Затоа поминуваат катастрофално лошо на бојното поле“, рече Мур.
Европа
Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост
Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид да ги принудат корисниците да се префрлат на конкурентска услуга контролирана од владата.
„Руската влада се обиде целосно да го блокира WhatsApp со цел да ги насочи граѓаните кон апликација контролирана од државата“, рече Мета.
„Правиме сè што можеме за да ги одржиме нашите корисници поврзани“, се додава во соопштението.
Фајненшл тајмс претходно објави дека руските власти го отстраниле WhatsApp, кој има околу 100 милиони корисници во Русија, од онлајн регистарот на апликации што ги води Роскомнадзор, државниот регулатор за комуникации.
Овој потег се смета за дел од пошироката стратегија за ограничување на пристапот до платформи што не се директно контролирани од руските безбедносни служби. Рускиот регулатор веќе воведе ограничувања за Telegram претходно оваа недела, објави Франс Прес.
Руските власти вршат притисок за префрлување на MAX, за кој критичарите велат дека овозможува надзор на корисниците, објави Ројтерс.

