Контакт

Европа

Марк Руте сака да воспостави стабилна владејачка коалиција од четири партии

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

По одржувањето на минатонеделните парламентарни избори, холандскиот премиер Марк Руте сака да воспостави стабилна владејачка коалиција составена од четири партии.

 

Тој додаде дека преферира мнозинска влада поддржана и во двата дома на парламентот, а не малцинска, пишува во вторникот Dutch News.

 

Министерот за здравство Едит Шиперс вчера го помина целиот ден во средби со претседателите на сите 13 партии присутни во новиот парламент. Првичните контакти биле поврзани со можните алтернативи за коалиција.

 

Самиот Руте го повтори своето предизборно ветување дека нема да коалицира со антиисламската “Партија на слободата” на Герт Вилдерс, но додаде дека со сите други постојат можности.

 

Тој соопшти дека најверојатната коалиција ќе биде со демохристијаните и со партија “Д66”, заедно со четврта партија – со Социјалистичката партија, а се разговара и со христијанската унија, како и со “Левите зелени”  и со Партијата на трудот.

“Сите овие партии имаат свои предности и недостатоци”, посочи Руте.крај/мф/кс

Европа

ЕУ: Сите мора да придонесат за деескалација на северот на Косово

Објавено пред

Европската унија вечерва соопшти дека најостро ги осудува судирите меѓу косовската полиција и демонстрантите на северот на Косово, наведувајќи дека сите мора да преземат акција за намалување на тензиите и веднаш да се врати смиреноста.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, во писмена изјава рече дека судирите меѓу косовската полиција и демонстрантите се иницирани од обидот на новоизбраните градоначалници да влезат во зградите на локалните самоуправи во четири општини на северот на Косово.

„Длабоко жалиме за нападот врз патролите на цивилната мисија на ЕУ на Косово, ЕУЛЕКС. На ЕУЛЕКС мора да му се дозволи мирно да го изврши својот мандат. ЕУ нема да прифати понатамошни еднострани или провокативни дејствија, а приоритет треба да биде зачувувањето на мирот и обезбедување на терен“, рече Стано.

Тој потсети дека ЕУ упорно укажува дека неодамнешните локални избори на северот на Косово не нудат долгорочно политичко решение за четирите општини и додаде дека такво решение може да се најде „само преку вистински дијалог на сите клучни актери. , вклучително и Косово, Србија и заедницата на косовските Срби, под покровителство на Е У“.

Во судирите меѓу косовската полиција и локалните Срби кои се обидоа да спречат влез на нови градоначалници на косовски Албанци во зградите на четири општински администрации на северот на Косово, беа повредени неколку десетици лица.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсен силувач на кучиња од Загреб, бил вработен во Европскиот парламент

Објавено пред

Ивор Иванишевиќ (47), бегалецот од Загреб кој е вработен во Европскиот парламент, конечно е уапсен, пишува „Јутарњи лист“.

dobivaj vesti na viber

Иванишевиќ беше уапсен пред неколку дена во Германија, а моментално се наоѓа во екстрадициски притвор во Белгија.

Тој беше осуден за сексуално злоставување на едно од неговите кучиња и размена на зоофилски преференции во виртуелен свет со истомисленици. Судот му наложи да плати и 4.278,52 евра трошоци, кои опфаќаат ветеринарен преглед, судски такси и психијатриско вештачење на деловната способност.

Осуден е за злосторства за убивање или мачење на животни шест години.

Обвинителството, без да го прецизира идентитетот на обвинетиот, соопшти дека „тој е осуден за кривично дело убивање или мачење животни од неутврден датум во 2009 година до 21 септември 2015 година на различни адреси во Загреб, Хрватска. Се со цел да ги задоволи неговите инстинкти на сексуална желба и свесност да му нанесе на кучето непотребна болка и страдање“, стои во информацијата.

Надлежните посочуваат дека Иванишевиќ е осуден на најдолга затворска казна пропишана со Кривичниот законик со пресудата на Општинскиот суд во Загреб. Станува збор за пресуда во повторена постапка која, според медиумите, била изречена четири месеци пред застареноста на делото.

Иванишевиќ е вработен во ЕП и долго време беше недостапен за хрватското правосудство. Бил член и на Советот за екуменизам на Хрватската бискупска конференција.

Тој беше фатен во 2015 година како дел од акција против педофили кои експлоатираат деца преку Интернет. Потоа иследниците забележале една IP адреса од која се шират информации за животни во експлицитни пози.

Е-поштата била регистрирана во фирма која се занимава со графички дизајн, а седиштето било близу Загреб Сопственик на фирмата бил Иванишевиќ, а по претресот на фирмата бил претресен и неговиот стан во Загреб.

Тие му заплениле 111 ДВД и ЦД-а, мобилни телефони и мемориски картички и откриле дека користел најмалку пет различни електронски пораки за да шири сомнителна содржина. Преку овие мејлови тој испраќал слики од кучиња во сексуални пози со мажи и фотографии од гениталии. Во еден од бројните мејлови, тој опишува како се обидел да постигне садо-мазо однос со кучињата.

Несреќните кучиња, мажјак и женка, се пронајдени во лоша состојба и се испратени во прифатилиште.

Прикажи повеќе...

Европа

Папата е болен, не прима посетители

Објавено пред

Папата Франциско (86) денеска нема да прима посетители поради настинка, соопшти Ватикан.

dobivaj vesti na viber

Според извештаите, папата има температура, објави Ројтерс.

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни за британската агенција не даде повеќе детали за здравствената состојба на 86-годишниот папа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Матурантка не полагала државна матура оти ја немало на списокот, таткото на девојчето бара правда

На матурантката Тијана Силјаноска од Охрид денес и’ било оневозможено да го полага првиот дел од државната матура. Нејзиниот татко...

Топ11 часа

Tрагедија во Чаир: Градежник падна од висина и загина

Голема трагедија била пријавена синоќа во скопската населба Чаир. 41-годишен маж од Албанија, работејќи на изградба на објект паднал од...

Македонија12 часа

Законите за „Бехтел и Енка“ на тест кај Пендаровски

Собранието даде зелено светло, сега претседателот Стево Пендаровски ќе го каже својот став за законските решенија за реализација на договорот...

Македонија13 часа

Ковачевски најави лидерска, Мицкоски му одговори

Премиерот Димитар Ковачевски планира во наредните 10 дена да го покани на лидерска средба, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски....

Регион14 часа

Српскиот министер за одбрана избран за претседател на партијата на местото на Вучиќ

На седницата на вонредното собрание на партијата во Крагуевац за претседател на Српската напредна партија е избран актуелниот министер за...

Македонија15 часа

Мемет почина како невидлив за системот, правници алармираат итно да се олесни вадењето лична карта за ранливите групи

Младиот Мемет Камбер, продавач на „Лице в лице“, кој почина на 19 години без лична карта, а неговата прва посета...

Топ16 часа

Автомобил прегази пешак на улица во Скопје

Педесетгодишен скопјанец е прегазен синоќа од автомобил на улицата Ацо Шопов. „Патничко моторно возило “фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано...

Регион19 часа

Објавени детали од сослушувањето на мајката на Коста – што правел во деновите пред злосторството и какви односи имал со другите

Мајката на момчето кое уби деветмина негови врсници и чуварот на Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Србија во средата беше...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски нека си испечати уште една оставка како таа што му ја искинал Џафери

Штом Ковачевски и Владата велат дека имаат мнозинство за уставни измени, ги повикуваме час поскоро до Собранието да ја поднесат...

Регион20 часа

Koj ќе го наследи Вучиќ? СНС добива нов лидер

Српската напредна партија денеска во 12 часот во Крагуевац одржува партиско собрание на кое ќе изберат нов претседател и раководство....

Македонија21 час

Матурантите денес полагаат мајчин јазик, пријавени се 15.620 ученици

Денес се реализира првиот екстерен предмет од државната матура – мајчиниот јазик. Оваа учебна година за државната матура се пријавиле...

Регион1 ден

Вучиќ за состојбата на Косово: Се плашам дека не чекаат многу лоши работи, знам со кого си имаме работа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека се плаши дека ги чекаат многу лоши работи на Косово бидејќи знае со...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Пораката од САД и од членките на НАТО и ЕУ е јасна, сите партии да го поддржат европскиот пат на државата

„Пораката од нашиот стратешки партнер САД е многу јасна и од заменик-помошникот државен секретар на САД, Ескобар, меѓутоа исто така...

Регион2 дена

(Видео) Десеттина повредени во Звечан во судирот со косовската полиција

Десетина лица се повредени во судирот меѓу вооружената косовска специјална полиција и насобраните граѓани во Звечан, каде што од утринава...

Македонија2 дена

Европското знаменце заврши работа: Собранието ги изгласа измените на законите за „Бехтел и Енка“

И покрај предупредувањата за злоупотреба на европското знаменце, попладнево Собранието ги изгласа измените на петте закони кои треба да ја...

Регион2 дена

(Видео) Нови тензии во Косово: Запален полициски автомобил, судир со полицијата и прекината настава

Напнатата ситуација во српските општини Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ на северот од Косово која се создаде откако специјалните сили...

Македонија2 дена

Сенаторот Марфи уставните измени ги нарече технички и укажа дека со неусвојување ќе го загрижиме НАТО

Американскиот сенатор Крис Марфи ги нарече технички уставните измени кои треба да се донесат за членство во Европската Унија. Тој...

Македонија2 дена

„Драга Снежана, јас не сум претседател на Украина“: пратеничката на СДСМ му го згреши името и функцијата на спикерот на украинскиот парламент

Пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калеска на Фејсбук објави фотографија со спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук, но напиша дека...

Македонија2 дена

(Видео) Во ДУИ командант е Ахмети, ќе заврши кариерата на „Огнените“ – Ангелов за изјавите на Меџити

Појаснувајќи ја иницијативата на партијата Достоинство за обештетување на семејствата на загинатите бранители и воени инвалиди од конфликтот во 2001...

Македонија2 дена

(Видео) Историчарот Светозаревиќ до Бугарите: Вие зборувате македонски јазик со додадени руски зборови

Историчарот Бранислав Светозаревиќ вчера во Пустец одговарајќи на прашања на бугарските новинари им кажа дека во 21-от век тие не...