Контакт

Европа

Меѓу преживеаните во затрупаниот италијански хотел и едно дете.ГАЛЕРИЈА

Објавено пред

Меѓу шесте лица кои ја преживеале лавината во италијанскиот хотел „Rigopiano“ е и едно дете, објави во петокот заменикот на италијанскиот министер за внатрешни работи Филипо Бубико.

Едно од преживеаните лица е девојче, изјави за RAI. Додаде дека една жена веќе е извлечена од снежниот нанос и со хеликоптер е префрлена во болница во Пескара. Уште еден хеликоптер е упатен кон месото на трагедијата и е воспоставен своевиден воздушен мост меѓу Паскара, Пене и хотелот.

Операцијата за спасување се одвива многу бавно, поради стравот дека снегот може да ги затрупа преживеаните. Телевизијата RAI објави дека преживените се лоцирани во поранешниот тавански простор на хотелот чијашто структура е речиси целосно уништена и поместена за десетина метри под налетот на лавината.

„Живи се. Разговараме со нив“, изјави портпаролот на противпожарната екипа Лука Кари.

Од петокот спасувачите се во трка со времето, надевајќи се дека сепак има преживеани меѓу триесетината луѓе затрупани во хотелот од средата вечерта, пишува весникот Repubblika.

Спасувачите соопштија дека временските прилики на местото на потрагата стивнале, но дека температурите кои се качуваат над 0 Целзиусови степени ја отежнуваат работата и претставуваат опасност.

Досега се извлечени четири тела на настраданите. Уште не е познато колку лица во моментот на несреќата имало во хотелот. Исто така, не е познато каде се наоѓале другите гости и вработените во моментот на налетот на лавината, и дали има шанси да преживеале./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Фото) Зеленски: 205 Украинци се дома

Објавено пред

Денес, војници на вооружените сили на Украина, Националната гарда и Државната гранична служба се враќаат од руско заробеништво. Ова е првата фаза од размената 1.000 за 1.000, објави на социјалните мрежи, украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Меѓу ослободените има војници, наредници и офицери. Повеќето од нив се во руско заробеништво од 2022 година. Тие ја бранеа Украина во Мариупол и Азовстаљ, во насоките Донецк, Луганск, Харков, Херсон, Запорожје, Суми, Киев и нуклеарната централа Чернобил.

Благодарност до сите што работат на враќање на нашите луѓе дома, пред сè на нашите војници кои го надополнуваат фондот за размена за Украина и на нашиот тим. Благодарност до сите партнери што помагаат во ослободувањето на Украинците од заробеништво. Да продолжиме да се бориме за секој што е сè уште во заробеништво“, додаде Зеленски.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Руски дрон се заби во хуманитарно возило на ОН, снимката стана вирална

Објавено пред

Руските сили извршија напад со беспилотни летала врз возила на хуманитарната мисија на Обединетите нации во Херсон. Автомобилите на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања беа оштетени, а информациите за можни жртви сè уште се проверуваат. Нападот беше објавен на Телеграм од Олександр Прокудин, началник на Регионалната воена администрација на Херсон, пренесе Укринформ.

Напад врз хуманитарна мисија
„Кршејќи ги сите норми на меѓународното право, Русите нападнаа возила на хуманитарна мисија во округот Корабелни во Херсон со беспилотни летала“, се вели во објавата на Прокудин.

Видео од нападот е споделено на социјалните мрежи.

Властите нагласија дека нападите продолжуваат дури и врз оние што им даваат помош на другите.

Чести напади врз градот
Воената администрација на градот Херсон, исто така, објави за напад со беспилотни летала во Централниот округ на градот. Автомобил на една од градските комунални претпријатија беше погоден, но никој не беше повреден во нападот.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Русите убија 24 лица во ужасен напад врз Киев: Кличко прогласи ден на жалост

Објавено пред

Украинските власти објавија дека бројот на жртви од нападот со руски беспилотни летала врз Киев што се случи во текот на ноќта од среда кон четврток се искачи на 24, вклучувајќи три деца.

„Спасувачите продолжуваат со деноноќно пребарување на луѓе во урната зграда во областа Дарницки“, се вели во пораката на Телеграм. Претходно беше објавено дека загинале 16 лица.

Прогласен ден на жалост
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го прогласи денешниот ден за национален ден на жалост во спомен на жртвите од големиот руски напад врз главниот град.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во нападот биле употребени 1.567 беспилотни летала и 56 ракети од различни видови.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

„Њујорк пост“: Американскиот персонал не дозволил никакви кинески предмети да се внесат во авионот на Трамп

Дописничката на „Њујорк пост“ од Белата куќа, Емили Гудин, денес изјави дека американскиот персонал не дозволил никакви кинески предмети да...

Свет2 часа

СЗО: Лицето од САД негативно на хантавирус, бројот на случаи во светот е намален на десет

Директорката на Одделот за подготвеност и превенција на епидемии и пандемии при Светската здравствена организација (СЗО), Марија ван Керхове, денес...

Свет3 часа

Аракчи: Иран секогаш ќе биде чувар на безбедноста во Ормускиот теснец

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека Иран секогаш ќе биде чувар на безбедноста во Ормускиот теснец....

Свет3 часа

Стармер: Ќе го спречиме секој што се обидува да шири омраза и поделби во Британија

Британските власти им забранија на 11 странски крајнодесничарски активисти влез во земјата пред митингот на поддржувачите на Томи Робинсон, додека...

Свет3 часа

Трамп: Само САД и Кина можат да пристапат до иранскиот ураниум

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави по враќањето од Пекинг дека само САД и Кина можат да дојдат до иранскиот ураниум...

Свет3 часа

Израел го нападна водачот на Хамас, Иза ал-Дин ал-Хадад

И покрај кревкото примирје во Газа, постигнато со посредство на САД, Израел изврши напад насочен кон врвниот воен лидер на...

Свет4 часа

Германија: Истекоа токсични хемикалии во фабрика, има повредени работници

Во несреќа што се случи денес во индустриски погон во Нирнберг, повредени се 30 лица, од кои две се во...

Македонија4 часа

„Вреди“: Се враќа целосната функционалност на Комисијата за односи меѓу заедниците, нов чекор за зајакнување на Охридскиот рамковен договор

Со години, Комисијата за односи меѓу заедниците беше ставена на маргините, оценуваат од „Вреди“. „Беше де факто ослабена од политиките...

Свет4 часа

Премиерот на Полска: Откажувањето на пристигнувањето на американските војници нема да влијае на нашата безбедност

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека ненадејното откажување на трансферот на 4.000 американски војници во Полска нема да влијае...