Контакт

Европа

Московици: Тврдењата дека и други земји ќе го следат примерот на Brexit се само фантазии

Објавено пред

 

Еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московичи, изјавил дека тврдењата оти другите земји-членки на ЕУ ќе го следат примерот на Велика Британија и ќе се одлучат да ја напуштат Унијата се само фантазии, пренесува Reuters.

 

Во реакција на коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека нешто такво ќе се случи, Московици рекол дека цената на Brexit ќе биде „значителна“ и дека тоа ќе ги одврати другите земји да го сторат истото.

 

„Не се плашам. Мислам дека идејата дека Brexit ќе ги зарази останатите се лоши  фантазии“, додал еврокомесарот. „Brexit не е добра работа”, рекол тој и го предупредил Трамп дека неговите коментари го поддржуваат распадот на ЕУ и нема да им дадат добар почеток на трансатлантските односи.

 

Московици посочил дека најдобар одговор од страна на ЕУ ќе биде да се почека до инаугурацијата на Трамп и да се видат првите чекори на неговата администрација. „Треба да сме подготвени, мобилизирани и кога ќе дојде време да реагираме. Европа не треба да биде наивна, Европа треба да биде во можност да реагира“, порачал францускиот еврокомесар./крај/мф/бс

 

Најново

Забава2 минути

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на...

Свет21 минута

Прашањето на германскиoт новинар до Зеленски предизвика бура од реакции

„Што можеме ние Европејците конкретно да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси? Секако, повеќе руски војници?“ Ова...

Свет1 час

ОН: Авганистан е единствената земја во светот каде девојчињата не смеат во средно училиште

Пет години по доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан, околу 2,4 милиони девојчиња и натаму немаат пристап до средно...

Македонија1 час

Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е...

Регион2 часа

Грчкиот премиер Мицотакис примен во болница по пад од велосипед

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по несреќа што ја доживеал додека возел велосипед. Според локалните медиуми, Мицотакис...

Свет2 часа

Либан ја укинува смртната казна

Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната казна, со што земјата би станала првата на Блискиот Исток што официјално го...

Свет2 часа

Путин ослободи американски маринец од руски затвор, Трамп: Немаше размена

Русија го ослободи американскиот државјанин Роберт Гилман, поранешен американски маринец кој од 2022 година беше во затвор во Русија. Американскиот...

Забава3 часа

Пет хороскопски знаци што не се плашат од ризик во кариерата

Кариерата ретко напредува по целосно права линија, а големите професионални успеси често бараат храброст и подготвеност за промени. Некои луѓе...

Култура3 часа

Концертот на Иван Наумовски и Елена Атанасовска-Ивановска, насловен „Ideale“, на „Бит Фест“

На 15 август, со почеток во 20:00 часот во Офицерскиот дом, како дел од програмата на битолското културно лето „БИТ...