Европа
Нови поостри ковид-мерки во Австрија, ќе влијаат главно на невакцинираните
Во Австрија денеска стапија во сила новите мерки против коронавирусот, што ќе влијаат главно врз невакцинираните граѓани, анализираат австриските гласила.
Како што објави владата, стапи во сила новата регулатива со која се враќа обврската за носење маски од повисоко ниво на заштита, односно FFP2.
На сите места каде што требаше да се носи маска досега, отсега сите граѓани мора да носат маски од типот FFP2. Ова се однесува на супермаркети, аптеки, јавен превоз, бензински пумпи.
Во другите продавници, според регулативата, постои разлика помеѓу вакцинирани, излекувани и невакцинирани клиенти.
Имено, невакцинираните отсега мора да носат маска од типот FFP2 во трговските центри и во сите продавници, како и продавници за облека, електронски уреди и слично, а вакцинираните и излекувани од коронавирусот може да користат обични медицински маски.
Вакцинираните и излекуваните луѓе не мора да носат маски во тие продавници, освен во Виена, каде што треба да носат обични маски.
Меѓутоа, за да ја користат оваа слобода, тие мора да имаат доказ за вакцинација или од претходно прележана болест со нив за време на нивниот престој во продажниот простор бидејќи се најавени строги контроли.
Исто така, невакцинираните луѓе се должни да носат маски FFP2 во културни институции, како што се музеи, библиотеки или архиви.
Концертите и театрите се ослободени од оваа мерка, но и кината, каде што невакцинираните луѓе може да се изедначат со вакцинираните или излекувани граѓани со прикажување негативен тест, а таму може да носат и обични маски.
Обврската за носење маски FFP2 е воведена и во католичките цркви на богослужбите, а за крштевки, венчавки и слично ќе се применува правилото 3G наместо обврската за носење маски, односно учеството е можно само со потврда за вакцинација, документ за прележан Ковид-19 или негативен тест.
Поради враќањето на обврската за носење FFP2-маски, повеќето супермаркети и продавници им нудат на своите клиенти бесплатни маски.
Австриската влада донесе одлука за заострување на ковид-мерките поради постојано растечкиот дневен број на нови пациенти, но исто така објави дека мерките постепено ќе се заоструваат во согласност со искористувањето на капацитетите на интензивна нега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

