Европа
Пекарница во Австрија воведе забрана за работа без корона-тест

Пекарницата „Фелбер“ е првата компанија во Австрија што воведе забрана за работа за работници што немаат корона-тест.
Компанијата донесе одлука врз основа на одлуката на австриската влада дека само оние што ќе бидат тестирани за време на масовното тестирање викендов пред 18 јануари, кога се очекува да биде попуштен карантинот, ќе може да излезат од изолација, а другите ќе мора да останат затворени уште една недела.
Од 26 декември Австрија го спроведува третото затворање, кое трае до 18 јануари, кога покрај самопослугите и аптеките што не престанаа да работат, ќе може да ги отворат и сите други продавници, но во нив, како и во угостителските објекти, ќе може да одат само оние што биле тестирани.
По тој повод синџирот пекарници „Фелбер“ испрати писмо до своите вработени во кое се наведува дека тие мора да бидат тестирани до 18 јануари.
„До 18 јануари морате на работа да донесете негативен тест на коронавирус не постар од една недела. Не можете да работите без негативен тест“, се вели во пораката.
Ако некој од вработените го одбие тестот, тогаш ќе мора да работи со маската FFP2 на лицето или да паузира.
Експертите за работно право посочуваат дека во екстремни случаи компанијата може да одбие да ја исплати платата или дури и да го прекине работниот однос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Норвешка ги олеснува ограничувачките мерки против коронавирусот

Норвешката влада ќе олесни некои ограничувачки мерки бидејќи силните мерки против коронавирусот, кои беа воведени пред две недели, се покажаа ефикасни, изјави норвешката премиерка Ерна Солберг.
„Иако се чини дека мерките се ефикасни и дека заразата е помала, ситуацијата е сè уште неизвесна“, додаде Солберг во парламентот, пренесува „Ројтерс“.
Со олеснување на мерките на домаќинствата ќе им биде дозволено да примаат гости, но ќе има најмногу пет посетители.
Децата и тинејџерите може да ги продолжат своите спортски активности, но кафулињата и рестораните сè уште имаат забрана да служат алкохол.
Европа
Фон дер Лаен: Навални итно да биде ослободен и да се дадат гаранции за неговата безбедност

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, го осуди апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални и повика на итно ослободување и негова загарантирана безбедност.
„Го осудувам вчерашното апсење на Алексеј Навални по неговото враќање во Русија. Притворањето на политичките противници е спротивно на меѓународните обврски на Русија“, рече Фон дер Лаен.
Таа истакна дека очекува темелна и независна истрага за нападот врз Навални, кој тој едвај го преживеа.
„Руските власти мора веднаш да го ослободат и да ја гарантираат неговата безбедност. Ние ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата“, додаде претседателката на ЕК.
Претседателот на Европскиот совет исто така во неделата вечерта оцени дека апсењето на Алексеј Навални по неговото пристигнување во Москва е неприфатливо и повика на негово итно ослободување.
Руската полиција во неделата го уапси главниот критичар на политиките на Кремљ, Алексеј Навални, по неговото пристигнување на Германија на аеродромот „Шереметјево“ додека се подготвувал да ја мине пасошката контрола, потврди руската Федерална служба за затвори (ФСИН).
Европа
Шпан нареди целно пребарување на новиот вид коронавирус во Германија

Министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан, нареди лабораториите да извршат целно пребарување на новиот вид коронавирус.
Целта на новата уредба е најмалку пет проценти од позитивните примероци да се анализираат за новиот вид коронавирус во иднина.
„Ние сакаме да добиеме подобар преглед на видовите на вирусот присутни во Германија“, рече Шпан.
Со зголемувањето на секвенционирањето тој сака да добие поголема јасност за тоа како се шират новите британски и јужноафрикански соеви во Германија.
Тој така реагира на сè погласните критики дека Германија, за разлика од другите земји, речиси не испитува кој вид е причина за тековните болести.
Лабораториите ќе добијат 220 евра од примерок поради зголемениот обем на работа.
Се предвидува дека со просечен дневен број од 10.000 пациенти, десет проценти од позитивните примероци ќе бидат испратени на секвенционирање.
Ако бројот на нови пациенти дневно надминува 10.000, тогаш, според уредбата, бројот на примероци за секвенционирање треба да се намали на пет проценти.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира