Европа
Подигнато обвинение за главниот осомничен за парискиот и бриселскиот масакр
Мохамед Абрини, главниот осомничен за нападите во Париз и во Брисел, обвинет е во понеделникот во француската престолнина во рамките на џихадистичкиот масакр од 13-ти ноември 2015 година, соопштија неговите адвокати.
Моха,д Абрини, кој на 9-ти април 2016 година беше уапсен во Белгија и од тогаш е во притвор, во понеделникот бил екстрадиран во Франција на само еден ден за судијата за случаите за тероризам да може да го обвини во париската Палата на правдата, каде што е доведен под силно обезбедување на француските елитни специјални сили.
„Истражниот судија не го сослуша“, изјавија за AFP неговите адвокати, Емануел Пјерат и Станислас Ескенази.
Мохамед Абрини, 31-годишен белгиски државјанин од мароканско потекло, е осомничен дека учествувал и во париските и во бриселските терористички напади. Неговите отпечатоци од прсти и ДНК се најдени во стан во бриселскиот кварт Шарбек, од кој терористите со такси возило тргнале кон аеродромот Завенетем на 22-ри март. Абрини бил на списокот најбарани лица откако е идентификуван на снимките од надзорните камери два дена пред нападот во француската престолнина кога беа убиени 130 луѓе, а камерите го снимиле во автомобил заедно со Салах Абдеслам, кој лани пред него беше уапсен во Брисел и е главниот осомничен и единствен преживеан од париските атентати.
Абрини кој неколку месеци беше во бегство, призна по апсењето дека е „мажот со шапката“ кој е на снимката од надзорните камери на бриселскиот аеродром на 22-ри март 2016-та во друштво на двајцата џихадисти непосредно пред нивниот бомбашки напад, во кој заедно со нападот во подземната железница беа убиени 32 луѓе.
Неговите адвокати поднеле приговори за париските напади истовремено му се суди и во Франција и во Белгија, имајќи превид дека Брисел од своја страна покрена судска постапка.
„Можно ли е во правна држава, во овој случај во Франција и во Белгија, двапати да се суди за исто кривично дело?“, прашуваат адвокатите на Абрини./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.
„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.

