Европа
Поради омикрон, Норвешка ќе го забрани служењето алкохол во баровите и рестораните

Како дел од напорите да се спречи ширењето на новиот сој омикрон, Норвешка ќе го забрани служењето алкохол во баровите и рестораните, ќе воведе построги правила во училиштата и ќе ја забрза програмата за вакцинација, соопшти денеска владата.
„За многумина, ова ќе изгледа како заклучување, ако не на самото општество, тогаш на нивните животи и средства за живот“, рече премиерот Јонас Гар Стоере на прес-конференција.
„Ситуацијата е сериозна. Инфекцијата се шири пребрзо и мора да преземеме мерки за да го ограничиме понатамошниот развој. Омикрон ги смени правилата“, рече премиерот.
Во Норвешка се поставени рекорди и за бројот на нови инфекции со Ковид-19 и за бројот на хоспитализирани, делумно поради ширењето на новиот сој омикрон.
„Ако не дејствуваме сега, може да има негативни последици за општеството, не само за здравствените услуги и локалните заедници“, предупредија властите.
„Доколку не воведеме ефективни мерки, ризикуваме да имаме меѓу 90.000 и 300.000 нови случаи на Ковид-19 на ден од јануари“, велат тие.
На 7 декември норвешките власти воведоа ограничување на бројот на посетители дозволени во приватни домови и го скратија времето во кое баровите и рестораните можат да служат алкохол.
„Оваа ситуација нè загрижува повеќе од порано. Мислиме дека омикрон ќе стане доминантен во наредните денови. Треба брзо да воведеме дополнителни ограничувања“, рече Лајн Волд, шеф на Одделот за контрола на инфекции.
Владата воведува и дополнителни рестрикции.
Ќе се забрани точење алкохол во барови и ресторани, кое досега беше можно до полноќ.
Како и другите мерки, и оваа забрана стапува во сила ноќта меѓу вторник кон среда и ќе трае четири недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Берлин планира да протера над 30 руски дипломати, Москва подготвува остар одговор

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, планира да протера повеќе од 30 руски дипломати акредитирани во Берлин, додека од Москва велат дека веќе имаат подготвен одговор.
Според германските безбедносни власти, руските дипломати го користат својот имунитет за илегално да регрутираат германски доушници од светот на политиката, бизнисот, науката и војската.
Информаторите, меѓу другото, се користат и за диверзантски и дезинформациски операции.
Ако Германија протера руски дипломати, Москва ќе реагира жестоко, одговорот е веќе готов, изјави за Спутник извор од руското Министерство за надворешни работи.
Европа
Напад со нож и рачна бомба во Берлин, има повредени

Германската полиција објави дека 61-годишен осомничен напаѓач е уапсен по напад со нож и рачна бомба во Берлин, пришто се повредени три лица.
Напаѓачот во петокот вечерта активирал граната во влезот на станбена зграда во населбата Рајникендорф во главниот град на Германија и ранил две жени на возраст од 42 и 48 години, како и еден 61-годишен маж, пренесува АП.
Во полицискиот извештај се наведува дека по детонацијата, осомничениот притрчал кон жртвите и ги нападнал и ги ранил со нож.
Сите три жртви се пренесени во болница, но животот на повредениот е во опасност, се вели во полициското соопштение. Напаѓачот веднаш по нападот побегнал, но набрзо е приведен.
Европа
Макрон: Го поздравувам Охридскиот договор, ќе продолжиме да учествуваме во процесот на дијалог

Макрон најави дека Франција и Германија ќе продолжат активно да учествуваат во процесот на дијалог.
Емануел Макрон рече дека е клучно двете страни да покажат одговорност и да го спроведат договореното.
„Го поздравувам договорот постигнат на 18 март со посредство на високиот претставник Борел. Сега е клучно двете страни да покажат одговорност со тоа што веднаш ќе го спроведат договорот во целост и со добра волја“, рече Макрон на дневниот самит на лидерите на ЕУ во Брисел.
Францускиот претседател оцени дека Париз и Берлин многу тесно соработувале во врска со договорот и најави дека „ќе продолжат да бидат активни на овој план“.
На крајот од првиот ден од самитот во Брисел, лидерите на ЕУ усвоија заклучоци во кои го поздравуваат договорот меѓу Белград и Приштина за Анексот за спроведување на договорот за нормализација на односите „како составен дел од нивниот пат кон ЕУ“,пренесе б.92