Европа
По спречувањето на турската министерка да влезе во конзулатот во Ротердам, Анкара возвраќа со иста мерка
Откако холандската полиција ја задржа и ја попречи турската министерка за семејство и социјални политики да влезе во турскиот конзулат во Ротердам, каде што требаше да се сретне со сонародници кои живеат во Холандија во рамките на кампањата за референдумот, а официјална Анкара ги блокираше сите приоди кон зградата на холандската амбасада и му порача на амбасадорот „извесно време да не се враќа“ на должноста, пренесуваат медиумите за најновата дипломатска криза меѓу Турција и земја членка на Европската унија.
Министерката за семејство и социјални политики Фатма Бетјул Сајан Каја, којашто во саботата престојуваше во Германија, се реши да патува за Холандија со автомобил, откако холандските власти претходно во саботата го оневозможија слетувањето на авионот со кој требаше да допатува во Ротердам турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Холандските телевизии емитуваа снимки на коишто се гледа дека полицијата на министерката Каја ѝ го попречува влегувањето во турскиот конзулат. Исто така, новинарите на агенцијата Anadolu и на телевизијата TRT беа пресретнати во предградие на Ротердам и со полиција беа спроведени до границата со Германија, од каде што влегоа во Холандија за да ја следат посетата на министерката.
Пред зградата на конзулатот се собрале неколку стотици демонстранти со турски знамиња барајќи да ја видат министерката, а полицијата подигна метални огради и патролира на коњи. Според последните извештаи, пак, бројот на демонстрантите веќе се зголемил на две илјади.
Турското министерство за надворешни работи веднаш во саботата вечерта објави дека не сака да се врати холандскиот амбасадор во Турција на „во догледно време“, со што се заострува дипломатскиот спор меѓу двете земји кои се членки на НАТО.
Турските власти ги блокираа пристапите до зградата на холандската амбасада во Анкара, и на конзулатот во Истанбул „од безбедносни причини“, соопшти турското министерство за внатрешни работи.
„Холандија ги крши сите меѓународни закони, конвенции и човекови права со недозволувањето да влезам во конзулатот“, напиша на Twitter министерката Каја.
Германија, Холандија, Австрија и Швајцарија одбиваат на своја територија да им дозволат на турските министри да учествуваат на собирите за поддршка на уставните реформи за кои ќе се гласа на референдум, а се однесуваат на зголемување на овластувањата на претседателот на државата.
Поради тоа, официјална Анкара ги обвини овие земји дека спроведуваат „злосторства против човечноста“. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган веднаш откако на шефот на дипломатијата му беше оневозможено да слета во Ротердам, од Истанбул порача дека „тие не знаат ниту што е политика, ниту што е меѓународна дипломатија“, нарекувајќи ги холандските власти „остатоци од нацисти и фашизмот“, а претходно одлуката на Германија ја спореди со нацизмот.
Франција не ги забрани тавите настапи на турските политичари, па во саботата вечерта слета во Метц, на истокот од земјата, каде што во неделата ќе се одржи собир на повик на локалниот огранок на Унијата на европските турски демократи (EUTS).
Ален Картон, висок функционер на префектурата Моасеј, појасни претходно дека локалното турско здружение за таа цел го изнајмила конгресниот центар. Картон додаде дека француското министерство за надворешни работи го дозволило доаѓањето на турскиот министер во Франција, а префектурата е задолжена за безбедност на настанот.
Во Германија и во Швајцарија последните неколку дена беа откажани неколку собири на Унијата на европските турски демократи (EUTS). Германскиот уставен суд пресуди дека турските владини функционери не можат да се повикуваат на германските уставни права за да влезат во земјата поради политички собири.
Швајцарските безбедносни власти, пак, во четвртокот гои отфрлија барањето на кантонот Цирих да ја забрани посетата на турскиот министер за надворешни работи во Брн во недела, истакнувајќи дека не постои безбедносна закана која би го оправдала ограничувањето на слободата на изразувањето./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

