Европа
Првата доза на вакцина во Германија ја примиле 10 милиони луѓе
Според германскиот министер за здравство, повеќе од 12 проценти од Германците примиле барем една од двете дози вакцина против Ковид-19, што значи повеќе од 10 милиони жители, напиша Јенс Шпан на Твитер .
Тој додаде дека 4,3 милиони луѓе веќе ја примиле втората доза на вакцината.
Според Институтот за контрола на болести „Роберт Кох“ и Министерството за здравство, само во петокот биле вакцинирани околу 217. 000 лица.
Шпан наведува дека досега се икористени скоро 10,7 милиони дози вакцина на Фајзер / Бионтек, 700. 000 дози на „Модерна“ и 2,9 милиони дози на „Астра зенека“.
Давањето предност на одредени демографски групи во редот за вакцина треба да започне да паѓа во втор план, бидејќи се зголемува бројот на достапни дози, објави во саботата Здружението на германски лекари по општа медицина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русите им се заканија на европските банки
Централната банка на Русија објави дека ќе поднесе тужби против европските банки во руски арбитражен суд, барајќи надомест за обидот за користење на нејзините замрзнати средства. „Во согласност со претходно споменатиот став за заштита на своите интереси, Банката на Русија објавува дека ќе бара надомест од европските банки во руски арбитражен суд за загуби предизвикани од нелегалното блокирање и користење на нејзините средства, во износ на нелегално замрзнатите средства и изгубениот приход“, се вели во соопштението на регулаторот.
Поголемиот дел од замрзнатите руски средства се депонирани на сметките на белгискиот депозитар Euroclear. Билансот на Euroclear Bank покажа вкупна вредност од 227 милијарди евра на крајот на септември, вклучувајќи 193 милијарди евра „поврзани со санкционирани руски средства“.
Руската централна банка поднесе тужба против Euroclear во московскиот арбитражен суд кон крајот на минатата недела поради „нелегални дејствија“ и плановите на Европската Унија да ги користи руските замрзнати средства, барајќи исплата од 18,1 билиони рубљи (192,2 милијарди евра), според канцеларијата за односи со јавноста на московскиот суд.
Дипломатите на ЕУ изјавија за Euractiv дека околу 18 милијарди евра од замрзнатите средства се чуваат на сметки кај група француски приватни банки. Уште неколку милиони се во германски банки, а десетици илјади евра се на банкарски сметки во Шведска, Кипар и Луксембург, соопшти Euractiv.
Фајненшл тајмс објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека околу седум милијарди евра се чуваат и на сметки кај приватни банки во Белгија.
Европа
(Видео) Лукашенко: Неуспехот во потрагата по мир може да ескалира во глобален конфликт
Белорускиот претседател Александар Лукашенко повика на брза акција за прекин на конфликтот во Украина во интервју објавено во вторникот нагласувајќи дека САД мора да останат вклучени во дипломатските напори. Лукашенко е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и ѝ ја отстапи белоруската територија на Москва за инвазија на Украина во 2022 година.
„Сега многу работи зависат од ставот на Трамп и од САД. Најважно е Трамп да не отстапува од овој став“, изјави Лукашенко за американската телевизиска мрежа „Њузмакс“, а делови од интервјуто ги пренесе белоруската државна новинска агенција „Белта“.
„Доколку сè зависеше исклучиво од Трамп, војната ќе беше завршена одамна… Но ова е повеќестран процес и Трамп не може сам да го реши… Конфликтот мора да биде замрзнат од горе до долу. Кога луѓето ќе престанат да се убиваат едни со други, можете да седнете и да се договорите за што сакате“, рече белорускиот претседател.
Лукашенко рече дека неуспехот во потрагата по мир може да заврши лошо за Европа и целиот свет и да прерасне во некаков вид глобален конфликт.
Американскиот претседател ги предводи напорите за наоѓање решение за ставање крај на конфликтот. Првичниот американски мировен предлог, критикуван од многумина во Европа како премногу проруски, претрпе измени.
Американските и украинските претставници одржаа консултации за предложениот договор заедно со европските претставници за време на дводневните разговори во Берлин оваа недела.
Трамп изрази фрустрација и од Путин и од украинскиот претседател Володимир Зеленски поради континуираниот неуспех да се стави крај на речиси четиригодишната војна. Руските сили држат речиси 19 проценти од украинската територија и се обидуваат да воспостават целосна контрола врз источниот регион Донбас.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа уште една рафинерија во Русија
Нафтена рафинерија во рускиот град Славјанск на Кубан во Краснодарската област беше потресена од силни експлозии синоќа. Се верува дека украинските сили ја нападнале со беспилотни летала. Речиси истовремено, непосредно пред полноќ, беше пријавен и напад со беспилотни летала во Саратовската област, објавува „Киев Индепендент“.
Славјанск на Кубан се наоѓа во јужна Русија, недалеку од Азовското и Црното Море, додека Саратовската област во својата најблиска точка е на околу 330 километри од североисточната украинска граница. Киев сè уште не ги коментирал нападите, а информациите сè уште не се независно потврдени.
Украина редовно извршува напади врз руската воена и енергетска инфраструктура со цел да ја ослабне борбената моќ на Москва во тековната војна. Бидејќи рускиот енергетски сектор директно ги финансира воените напори на Кремљ, Киев ги смета енергетските објекти за легитимни воени цели.
Овие напади следат по големиот напад на украинските сили врз руските воени и нафтени објекти на 14 декември, погодувајќи цели низ Русија и на окупираните територии, вклучувајќи го и Крим, како што објави Генералштабот на Украина. Само два дена претходно, на 12 декември, беше потврден и нападот врз рафинеријата „Славнефт-Јанос“ во Јарослављ, една од петте најголеми во Русија.
Во меѓувреме, гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, на 14 декември тврдеше дека украинскиот ракетен напад врз градот Белгород предизвикал „сериозна штета“ на локалната инфраструктура.

