Контакт

Европа

Протести во Русија, уапсен Aлексеј Навални во Москва

Објавено пред

 

– Рускиот опозиционер Алексеј Навални е уапсен во Москва за време на антикорупциските протести, кој тој ги организираше, иинформираат во неделата светските медиуми.

 

Во неколку градови низ Русија се одржаа протести против корупцијата на владините претставници, а десетици демонстранти се уапсени, пренесува АП, повикувајќи се на руските новински веб-сајтови и социјални мрежи.

 

Ројтерс објави дека десетици луѓе се уапсени во протестите во Русија откако опозицијата ги повика луѓето да излезат на улиците во знак на протест против корупцијата и да бараат оставка на премиерот Дмитриј Медведев.

 

Протестите, како што посочува американската агенција, ги организирал Навални, но фокусот е на последните тврдења дека премиерот Медведев има голем број на куќи, јахти и лозја.

 

Навални на својата веб страница изјави дека во повеќе од 80 градови низ Русија ќе се одржат протести иако повеќето од нив не се одобрени.  Кремљ во петокот објави дека планираниот протест во центарот на Москва е нелегална провокација.

 

Демонстрантите планираат да одржат митинзи во текот на денот и во Москва и Санкт Петербург, иако за тоа не добија дозвола, информира АП.

 

Денешните протести се едни од најголемите координирани собири, откако во 2011 година и 2012 година се одржаа протести по повод крадење на гласови на одржаните парламентарни избори.

 

Агенцијата забележува дека руските државни медиуми до пладне не информираа за протестите, додека на веб-сајтови и социјални мрежи беа објавени вести дека демонстрации се одржани во градови од Владивосток до Екатеринбург. Истите извоти наведуваат дека во Владивосток се уапсени десетици луѓе.

 

Новинарот на Ројтерс информира дека се уапсени најмалку 30 демонстранти , кои излегле на неовластениот митинг во Владивосток. Во овој град стотици млади луѓе се собраа на плоштадот во градот близу железничката станица. Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало “Корупцијата е крадење на нашата иднина” и “премиеровата одговорност. ”

 

Британската агенција наведува, цитирајќи очевидци дека најмалку четири демонстранти се уапсени во Екатеринбург, каде што се собраа 500 до700 луѓе, но полицијата не го потврди апсењето.

 

Во исто време, ТАСС ги цитираше руските адвокати и високи полициски службеници, кои предупредуваат дека учесниците на опозициските протести во центарот на Москва може да бидат казнети со парична казна од 20.000 рубли,  околу 333 долари, или тие ќе треба да поминат 15 дена во затвор, со кривична пријава за хулиганство.

 

Неименуван официјален претставник на полицијата изјави за руската агенција дека полцијата во  Москва  ќе ги преземе сите мерки за заштита на московјаните ако најавениот за попладнево во центарот на рускиот главен град се одржа протест, за кој се потенцира дека полицијата нема да дозволи какво бочп прекршување на законот и редот во градот./крај/мф/кс

Најново

Спорт8 минути

Мбапе го надмина Меси и стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства

Францускиот капитен Килијан Мбапе испиша историја на Светските првенства, откако со двата гола против Англија во натпреварот за третото место...

Спорт12 минути

Рајс: Ова е најдобрата Англија после долго време

Англискиот репрезентативец Деклан Рајс изјави дека оваа генерација е најсилната што Англија ја имала во последните години, по победата над...

Спорт22 минути

Kолку заработи Англија со бронзата на Светското првенство

Англија освои бронзен медал на Светското првенство, откако во спектакуларниот натпревар за третото место ја победи Франција со 6:4. Покрај...

Култура26 минути

Стоечки овации за Ана и Игор Дурловски на „Охридско лето“

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот...

Спорт7 часа

Спектакл во Мајами – Сака со хет трик ја сруши Франција во последниот меч на Дешан

Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал....

Спорт10 часа

Челзи го договори трансферот на Морган Роџерс

Челзи постигна усмен договор со Астон Вила и Морган Роџерс кој ќе стане еден од најплатените играчи. Астон Вила ја...

Црна хроника11 часа

Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син со месеци бил физички малтретиран во Аеродром

МВР истражува случај на врсничко насилство во Аеродром. Мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот син со месеци бил физички малтретиран...

Забава11 часа

И по разводот функционираат како тим: Џенифер Гарнер го пофали Бен Афлек дека е одличен татко

Џенифер Гарнер ретко зборува за односот со поранешниот сопруг Бен Афлек, но во ново интервју откри дека тој е „неверојатен...

Црна хроника11 часа

Се превртел багер во Гостивар, тешко повреден 38-годишен маж

Триесет и осумгодишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако багерот со кој изведувал работи се превртел на улицата...