Европа
Пукање во училиште во Франција, има повредени
Едно лице вооруженo со автоматска пушка, пукаше во средно училиште во градот Грас, кој се наоѓа во јужниот дел на Франција, пренесоа во четвртокот медиумите.
Во сериозниот инцидент, неколку лица се полесно повредени, а напаѓачот е уапсен.
Според телевизискиот канал BFM вооружениот човек пукал кон директорот на училиштето.
Француските власти преку своите апликации на социјални мрежи издадоа предупредување: “инцидентот ја загрозува јавната безбедност”.
Петходно беше информирано дека пукањето е окарактеризирано како терористички напад, но властите сепак не соопштија како тие го третираат. Од полицијата додаваат дека е премногу рано да се зборува за можните мотиви и дали тоа е терористички чин.
Инаку, денеска во канцеларијата на ММФ во Париз експлодира писмо бомба, при што е повреден 62-годишен маж.
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека експлозијата во Париз е терористички акт.
Француската влада преку мобилна апликација веднаш прогласи тревога за опасност од терористички напади. крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
