Европа
Снежни бури во Франција и Германија
Снежна бура ги погоди во петокот некои делови на западна Европа, во прв ред Германија и Франција, каде се во прекин патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај, а дел од домаќинствата останаа без електрична енергија.
Поле на низок притисок под називот „Егон“ повторно ја донесе зимата во Германија при што во текот на ноќта кон петокот невремето следено од обилни врнежи од снег прво ги зафати западните делови од земјата, а во текот на денот исе прошири и на нејзиниот источен дел.
„Егон целосно го парализираше сообраќајот во Германија во неделата, многу училишни автобуси не стасаа до своите дестинации, а на северот од земјата еден возач загина кога неговото возило излета од патот“, соопшти полицијата во петокот.
Ситуацијата поради обилните снежни врнежи особено е критична во сојузните покраина Баварија и Тиринг, каде што многу сообраќајници се блокирани од гранки од дрвја кои попуштиле под товарот на снегот. Во голем број региони во западна Германија забранет е сообраќајот и полицијата ги отстранува возилата од автопатите и ги упатува на паркиралиштата.
Во текот на утрото на меѓународниот аеродром Франкфурт откажани 125 летови поради силните налети од ветар, а слична ситуација е забележана и на другите аеродроми во централна Германија.
И супербрзиот воз ICE во поголемиот дел од земјата е принуден да вози со намалена брзина, што предизвика многубројни доцнења во железничкиот сообраќај, До попладнето „Егон“ стаса и во источниот дел од Германија, каде што досега не се забележани поголеми проблеми ниту обилни врнежи.
Во Франција во петокот прекинот на довод на електрична енергија погоди повеќе од 237.000 домаќинства, откако невремето мина преку Нормандија, на северот од земјата. Една жена загина во Сен-Жанет, на југоистокот од Франција, кога врз неа паднало стебло, Во Дипе, на крајбрежјето, ветовите достигнувал брзина од 146 километри на час. Во некои делови од Франција, училиштата и факултетите во петокот не работеа./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
По разорниот циклон, кој ја поплави централна Европа, сега се закануваат лавини
Силниот циклон донесе катастрофални поплави во централна Европа, а беа погодени Австрија, Полска, Чешка, Словачка и делови од Унгарија. На некои локации наврнале над 400 литри дожд на квадратен метар.
Воедно, драстичниот пад на температурата донесе многу силно заладување, па на планините завеја снег.
Снежната линија се спушти на 1.000 метри надморска височина, а падна од 20 до 80 сантиметри снег, локално и повеќе, при што снегот беше проследен со урагански ветрови со брзина од 160 км/ч.
❄️ Il neige encore dans les Alpes autrichiennes ce lundi avec des congères dépassant les 2 mètres dans les stations, comme ici à Obertauern. Un épisode historique en septembre ! (© Hotel Alpenland) pic.twitter.com/A7j6drm74U
— Météo Express (@MeteoExpress) September 16, 2024
Најобилен снег падна на Алпите, особено на Алпите во јужна и западна Австрија, каде што локално на повисоките места наврнаа и до 2 метра снег.
Снегот ги изненади сите, во многу области два месеца порано, а пристигна по летото, кое никогаш не било потопло.
Инаку, снег над 3.000 метри надморска височина е можен и во лето, но ова лето на австриските Алпи над 3.000 метри е забележана низа од повеќе од 65 дена без снег, со температури во плус.
Силниот и обилен снег и снежната бура блокираа многу планински предели.
На Алпите сè уште паѓа снег, а бидејќи е многу влажен, лавините се закануваат во многу области.
Impressive snowline in the Austrian alps today as the weekend deluge (and huge snow dump) develops. pic.twitter.com/TB5Smize9F
— Dave Throup (@DaveThroup) September 13, 2024
Инаку, интересна е и многу острата линија помеѓу снегот и дождот, а оваа остра линија над Линц ја покажува и фотографијата споделена на социјалните мрежи.
Така, додека во долините на Алпите наврнаа повеќе од 200 литри дожд, заедно со поплавите, снегот вееше на над 1.000 метри.
Европа
Борис го напушти регионот над Унгарија и се упати кон југозапад
„Хунгаромет“ на својата фејсбук-страница напиша дека циклонот Борис, кој со денови беше над Унгарија, го напуштил регионот и се упатил кон југозапад.
Одтаму додаваат дека веќе не се очекуваат значителни врнежи.
Како што се наведува, најмногу врнежи имало во Австрија и Чешка, каде што количината дожд надминала 200 милиметри, но многу дожд наврнал и во Словачка и Хрватска.
Во Унгарија најмногу дожд наврна во околината на Сопрон и Мосонмаѓаровар, каде што количината врнежи надмина 100-150 милиметри.
Најмалку 17 лица загинаа во поплавите од Романија до Полска во последните неколку дена.
Европа
Украина: Русите со меч убија заробен украински војник
Комесарот на украинскиот парламент за човекови права Дмитро Лубинец изјави дека руските војници извршиле уште едно воено злосторство – егзекуција на невооружен украински воен заробеник со меч.
Уште едно воено злосторство – на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како Русите веројатно со меч егзекутирале невооружен украински воен заробеник со врзани раце со лента“, напиша Лубинец на Телеграм.
„Нивото на варварство и крвожедност е непроценливо“, пишува Лубинец и додава дека ваквите постапки се грубо кршење на Женевската конвенција за постапување со воените заробеници.
Тој наведува и дека испратил писма до меѓународните организации, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и ОН, со цел да евидентира уште едно кршење на човековите права од страна на Русија.
На социјалните мрежи утрово беа објавени фотографии од погубениот украински војник. Војникот бил избоден со меч со натпис „За Курск“. На раката на војникот се гледа сива лента.
На фотографиите се гледа крваво тело на патот, зад него има оштетени воени возила и згради. Не е познато каде и кога се направени фотографиите.
„Би сакал да нагласам дека ваквите показни егзекуции имаат за цел да го деморализираат украинското општество. Меѓутоа, гледајќи ги таквите акции, мора да станеме уште порешителни во борбата против агресорите“, пишува Лубинец.