Европа
Уапсен пилот кој со авион сакал да удри во Нотр Дам во Париз

Француската полиција го уапси пилотот, кој најави дека со авион-цесна ќе удри во париската катедрала Нотр Дам, пренесуваат француските гласила. Полицијата тврди дека за време на претресот не нашла планови за таква акција. Уапсениот пилот е под психијатриска опсервација.
Поранешниот пилот на патнички авиони беше уапсен во четвртокот во Париз, откако на пријател му најавил дека ќе удри во катедралата Нотр Дам со мал авион.
Човекот што го пријавил тврди дека поранешниот пилот имал проблеми со пари и алкохол, како и дека е психолошки нестабилен.
Тој беше уапсен во локалната црква, а во моментот на апсењето носеше шише виски во џебот, пренесуваат медиумите.
Според нивните извештаи, за време на претресот во неговата соба, полицијата не нашла ништо за да ги потврди тврдењата дека тој планирал да удри со авион во катедралата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Пронајдени нови докази за убиството на малолетната Луиза во Германија, оружјето сѐ уште мистерија

Полицијата сѐ повеќе се сомнева дека убиството на малата Луиза било планирано, особено кога се појавија нови детали од истрагата.
Полицијата ги пребарала куќите на девојките и пронашла докази дека тие биле под истрага за кривична одговорност пред убиството на Луиза.
„Билд“ пишува дека девојките наводно злосторството го планирале со денови. Тие тврдат дека при пребарувањето на „Гугл“ на нивните телефони откриле дека го барале терминот „отсуство на кривична одговорност“.
Иако девојките го признале убиството, оружјето со кое го извршиле делото сѐ уште не е пронајдено.
Во меѓувреме, полицијата ја прекина потрагата по оружјето. Имаше шпекулации дека се работи за мал нож, а британски „Дејли мејл“ објави дека Луиза можеби е убиена со турпија за нокти.
„Не се планирани натамошни претреси на областа. Направивме сѐ што е човечки можно за да го најдеме оружјето со кое беше убиена“, соопштија од полицијата.
Медиумите потсетуваат дека 12-годишната Луиза била избодена 32 пати од своите пријателки, кои потоа ја оставиле да искрвави. Неофицијалната тепачка меѓу пријателките избувнала поради видео на „Тик-ток“, а ножот со кој беше прободена Луиза никогаш не беше пронајден.
Германски „Билд“ претходно објави дека Луиза наводно првин била малтретирана, потоа избодена и оставена сама да крвави до смрт во шумата.
Поради големиот број убодни рани и степенот на повреди по телото на девојчето, обвинителите говорат и за таканареченото претерано убиство.
Неофицијално, најдобрата пријателка на Луиза (13) ја убедувала помладата девојка да ја убие Луиза. Сомнежите се дека мотивот за убиството е одмазда.
Соседите ги виделе девојчињата заедно во шумата.
Девојчињата подоцна се соочиле со своите контрадикторни изјави пред родителите и психолозите по што го признале делото.
Европа
Естонија протера руски дипломат

Министерството за надворешни работи на Естонија денеска го повикало вршителот на должност на руската амбасада во Талин и му врачи дипломатска нота дека вработен во руската амбасада со дипломатски статус е прогласен за „персона нон грата“, соопшти МНР на Естонија.
Според извештаите, Министерството за надворешни работи на Естонија смета дека активноста на рускиот дипломат била спротивна на Виенската конвенција за дипломатски односи и тој мора да ја напушти Естонија најдоцна до 29 март, пренесува „Интерфакс“.
Протераниот руски дипломат, како што тврди естонското министерство, „директно и активно учествувал во поткопувањето на безбедноста и уставниот поредок на Естонија, ширејќи пропаганда што ги оправдува руските воени дејствија и се занимаваше со создавање расцеп во естонското општество“.
Европа
(Видео) Поранешниот сопруг ја избол, ја заклучил и ја оставил да умре – жената тајно повикала полиција

Полицијата во Велика Британија објави видео од спасувањето на жената, која била избодена 29 пати од својот поранешен партнер.
54-годишната Мартина Тарнер добила тешки повреди, кои ѝ оставиле трајни лузни.
Во болницата ѝ биле констатирани убодни рани, крвавење на срцето, две скршени ребра и изгореница на ногата.
Мартина, чиј прекар е Тина, успеала да го преживее нападот, иако добила многу тешки повреди.
Повредите ѝ ги нанел поранешниот партнер Стивен, кој по малтретирањето, ја заклучил во куќата, а потоа скокнал од мостот во реката.
Во меѓувреме, полицијата објави видео од спасувањето на жената. На видеото се гледа како полицајците со ламба го кршат прозорецот во кујната, преку кој потоа влегле внатре и ја спасиле жената од сигурна смрт.
Ја пронашле жената како се крие во плакар облеана во сопствената крв.
Стивен, кој вообичаено боледувал од биполарно растројство, збеснал кога му рекла дека ќе ја напушти куќата, пишува „Дејли мејл“.
Во напад на бес извадил нож од кујната и ја пробол со него. Стивен потоа зел уште еден нож и продолжил да ја боде Мартина иако таа го молела да престане.
„Морам да престанам, не сакам да одам во затвор поради тебе“, ѝ рекол тој.
Потоа му се јавил на синот и му рекол дека направил нешто многу лошо.
Додека разговарал со својот син, жената ја искористила можноста да повика помош. Кога го завршил разговорот, излегол од нејзината куќа и ја заклучил вратата.
Потоа возел до блискиот мост, од каде што скокнал во реката, но бил спасен од речната полиција.
Полицијата веднаш ја пренела Тина во болница со повреди опасни за животот.
Стивен бил уапсен веднаш штом го извлекле од водата и е осуден на доживотен затвор. Тој ќе мора да издржи минимум 12 години пред да може да поднесе барање за условно ослободување.
„Премногу животи се уништени од семејното насилство. Секоја жртва ќе мора да живее со траумата до крајот на својот живот. Овој напад засекогаш ми го промени животот. Мило ми е што можам да продолжам да закрепнувам. Продолжувам да се борам за другите жртви да стигнат до правдата, за она што не им е направено“, рече Тина.