Европа
Унгарскиот претседател Јанош Адер доби нов мандат
Унгарскиот претседател Јанош Адер во понеделникот доби нов мандат, откако беше одржан вториот круг на гласање во унгарскиот Парламент.
За Адер, номиниран од страна на владејачката партија Фидеш на премиерот Виктор Орбан, гласаа 131 пратеник, додека неговиот противкандидат, претставникот на опозицијата на левото крило, освои 39 гласови. Како што се наведува, 29 пратеници се воздржале од гласање.
Според унгарскиот Устав, претседателот е одговорен за одржување на национално единство и може да добие максимум два петгодишни мандата.
Инаку, 57-годишниот Адер е поранешен претседател на Унгарскиот парламент и член на Европскиот парламент./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
