Европа
Франција: Рација во седиштето на Националниот фронт поради наводна злоупотреба на фондовите на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/marine-pen.jpg)
Истражители спроведе рација во седиштето на францускиот Национален фронт (FN), како дел од истрагата за тврдењата дека екстремно десничарската партија и нејзиниот лидер Марин Лепен злоупотребиле фондови на ЕУ за плати на лица наведени како помошници во европскиот парламентот а всушност наводно работеле на други места.
Ова е вторпат за помалку од една недела полицијата да врши рација во канцелариите на Лепен во Нантер, западно од Париз. Националниот фронт ваквите обвинувања ги нарече политички мотивирани и неосновани.
„По вторпат се случува рација во истите канцеларии поради истите тврдења, што значи дека првата рација е рамна на ништо “, наведе Националниот фронт во соопштение, објавено по полициската акција во неделата.
Партијата го осуди потегот како „медиумска операција чија единствена цел е да се наруши непреченото водење на кампањата за претседателските избори на Лепен. Во соопштението, исто така, се истакнува дека рациите се случуваат во време кога Лепен прави големи исчекор во анкетите.
Според една неодамнешна анкета на Opinionway, Лепен е на пат да ја запечати убедлива победа во првиот круг од претседателските избори и да освои 27 отсто од гласовите.
Сепак, таа би можела да го изгуби во вториот круг од изборите во мај, кога би требало да се соочи или со левиот центрист Емануел Макрон или со кандидатот на конзервативците Франсоа Фијон./крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Украинска политичарка застрелана во глава: „Ситуацијата е сериозна“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-19-215957.jpg)
Непознат сторител пукал во Ирина Фарион, поранешна украинска пратеничка од крајната десница, соопштија украинските власти. Фарион (60) е хоспитализирана со прострелна рана во главата, соопшти украинската национална полиција. Нејзината состојба е „исклучително сериозна“, додаваат тие.
Полицајците се обидуваат да го идентификуваат напаѓачот, пишува Киев Индепендент. Претседателот Володимир Зеленски беше информиран за ситуацијата од страна на министерот за внатрешни работи и шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ).
„Секое насилство е за осуда и кој и да е одговорен мора да ги сноси последиците“, рече Зеленски.
Ирина Фарион, која е позната по нејзините контроверзни изјави за употребата на рускиот јазик во Украина, се приклучи на ултранационалистичката партија Свобода во 2005 година и беше пратеник во парламентот меѓу 2012 и 2014 година.
Во јуни 2024 година, таа беше вратена како професорка на Катедрата за украински јазик на Политехничкиот универзитет во Лавов, набргу откако беше отпуштена. Фарион предизвика бес кога на 6 ноември рече дека не може да ги нарекува украинските војници украински ако зборуваат руски.
Скандалот околу нејзините изјави ескалира откако таа наводно добила порака за поддршка од Максим Хлебов, проукраински студент кој живее на окупираниот Крим. Таа го објави мејлот на своите социјални мрежи, по што наиде на остри критики.
Службата за безбедност на Украина (СБУ) во ноември 2023 година соопшти дека Фарион е под кривична истрага и за нејзините изјави за војниците кои зборуваат руски и за протекувањето на пораката на Хлебов.
Европа
Русите нудат парична награда за првиот уништен Ф-16
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/ruski-vojnik.jpg)
Руски фирми нудат парични награди за уништување на F-16 Fighting Falcons, охрабрувајќи ја својата војска да ги уништи западните авиони кои наскоро ќе се појават над небото на Украина.
Ова првпат беше објавено на каналот Телеграм на руското Министерство за одбрана на почетокот на оваа недела.
„Ќе има награда за уништување на борбените авиони Ф-15 и Ф-16. Наградата за првиот ќе биде 15 милиони рубли“, се вели во објавата, цитирајќи го директорот на руската нафтена компанија ФОРЕС Илја Потанин.
Инаку, 15 милиони рубљи се еднакви на околу 170.000 долари или околу 155.500 евра.
Министерството за одбрана соопшти дека се понудени и парични награди од 500.000 рубљи за уништување на тенковите на НАТО во Авдиивка, пренесува „Њузвик“.
На приложеното видео во објавата на Телеграм, може да се видат руски војници како добиваат награди и се ракуваат со нивните претпоставени офицери.
Европа
Зеленски ја моли новата британска влада: „Дозволете ни да ја нападнеме Русија со моќни ракети“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-19-194232.jpg)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се обрати на министрите на новата британска влада, на покана на премиерот Кир Стармер, и го повтори апелот до западните сојузници да дозволат напади врз Русија со ракети со долг дострел.
Зеленски е првиот странски лидер кој лично се обратил пред британскиот кабинет откако поранешниот американски претседател Бил Клинтон го стори тоа во 1997 година.
Украинскиот претседател рече и дека Британија треба да ги убеди своите партнери, кои зазедоа различни позиции за тоа како Украина може да го користи оружјето што им е доставено, да ги укинат ограничувањата за употреба на оружје и муниција.
„Во моментов го немаме главниот одговор на тоа прашање, што се однесува на нашите долгорочни можности. Ве молиме, убедете ги другите партнери да ги укинат овие ограничувања“, рече Зеленски.
Стармер му рекол на Зеленски дека Британија ќе ја забрза испораката на клучната помош за Украина, откако неговиот министер за одбрана на почетокот на овој месец потврди дека помошта ветена од претходната конзервативна влада ќе биде доставена за 100 дена.