Европа
Црквите во Германија се побунија поради велигденското затворање

Претставнците на двете најголеми христијански цркви во Германија, католичката и протестантската, изразија изненадување од мерките на сојузната влада, кои предвидуваат велигденски верски церемонии, без присуство на верници, и најавија дека нема да ги следат препораките на владата.
„За време на Божик покажавме дека со претпазливост можеме да одржиме миса во присуство на верници. Затоа не сакаме да се откажеме од велигденската миса“, рече Георг Батицинг, претседател на германската бискупска конференција.
Протестантската црква во Германија досега одбиваше да ја коментира препораката на сојузната влада и најави консултации со претставници од политиката.
Претседателот на германскиот протестантски совет, Хајнрих Бедфорд-Стром, изрази зачуденост од одлуката.
„Одлуката нѐ изненади многу, особено имајќи предвид дека тоа е најважниот христијански празник“, рече тој.
Најави дека протестантската црква најпрвин ќе се обиде да открие од претставниците на политиката зошто предложените концепти за хигиена не се доволни и дека потоа ќе се одлучи како да се справат со барањето да не се одржи миса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шведска го одложува планот за ублажување на мерките

Шведска, која во текот на пандемијата ги избегнуваше мерките за заклучување, ќе го одложи планот за ублажување на некои ограничувања поврзани со Ковид-19 поради актуелното високо ниво на инфекција, објави владата на таа земја.
Шведска минува низ третиот пандемиски бран, а бројот на пациенти што се лекуваат во одделенијата за интензивна нега е на највисоко ниво од пролетта минатата година, објави „Ројтерс“.
„Кога ќе се намали притисокот врз здравството и падне нивото на инфекција, тогаш владата ќе биде подготвена да почне со укинување на ограничувањата“, рече премиерот Стефан Левен на прес-конференција додавајќи дека тоа сè уште не е постигнато.
Во споредба со повеќето земји, Шведска остана релативно отворена за време на пандемијата, но ограничувањата на јавните собири и работното време на рестораните се во сила, а некои објекти, како што се базени и спортски стадиони, се затворени.
Европа
Норвешка не вакцинира со „астразенекa“, ќе им позајми 216.000 дози на Шведска и Исланд

Норвешка, која привремено ја прекина употребата на вакцината на „Астразенекa“, ќе им позајми на Шведска и Исланд 216.000 дози на нивно барање, објави норвешкото Министерство за здравство во четвртокот.
„Задоволен сум што вакцината што ја имаме на залиха може да биде корисна иако вакцината на ‘Астразенекa’ во Норвешка е ставена во мирување“, рече во изјавата министерот за здравство Бент Хеј.
Тие 216.000 дози вакцини од англо-шведската лабораторија треба да се искористат до јуни, а некои до јули. 200 000 дози ќе бидат насочени кон Шведска, а 16 000 кон Исланд.
„Ако продолжиме да ја користиме ‘астразенекa’, тие ќе ги вратат позајмените дози кога ќе ги побараме“, прецизира Хеј.
Како и нејзиниот дански сосед, Норвешка престана да ја користи „астразенекa“ на 11 март за поблиску да ги проучува нејзините несакани ефекти, ретки, но потенцијално тешки.
Од 134.000 администрирани инјекции во Норвешка, пет случаи на тешка тромбоза, од кои три биле смртни, се пријавени кај релативно млади здрави лица. Друга вакцинирана жена починала од мозочно крвавење.
Европа
НАТО е загрижен за руската акција, се солидаризира со Чешка

НАТО изрази целосна солидарност со Чешката Република, која протера 18 руски дипломати и изрази длабока загриженост за руската акција во евро-атлантската област.
„Сојузниците се длабоко загрижени за дестабилизирачката акција што Русија продолжува да ја спроведува низ целата евро-атлантска област, вклучувајќи ја и територијата на aлијансата и изразува целосна солидарност со Чешката Република“, се вели во соопштението на НАТО.
Чешкиот министер за надворешни работи, Јакуб Кулханек, го информирал Северноатлантскиот совет, составен од амбасадори на земјите членки, за активностите на руското разузнавање што доведе до експлозија во складиште за муниција во 2014 година во чешкиот град Врбетице. Во експлозијата загинаа две лица и се предизвика голема материјална штета.
Според изјавата на НАТО, министерот Кулханек потврдил дека чешките власти идентификувале двајца руски разузнавачки оператори одговорни за експлозијата и дека меѓу нив е истото лице што го барала Велика Британија во врска со нападот во Солисбери, Англија, во 2018 година, кога е користен нервен отров „новичок“.
Затоа Чешка протера 18 агенти на руската разузнавачка служба и размислува да донесе нови мерки.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?