Европа
Шпанија ја укина забраната за патување во Велика Британија
Шпанските власти ја укинаа забраната за патување во Велика Британија, која беше воведена поради појавата на мутираната форма на коронавирус во таа земја, информираат шпанските медиуми.
Владиниот портпарол и министер за финансии, Марија Хесус Монтеро, истакна дека забраната, која важеше повеќе од еден месец, е укината и дека од денес се дозволени патувања со авион и преку море.
Монтеро рече дека патниците што пристигнуваат од Велика Британија ќе треба да направат негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа пред патувањето.
Владата донесе одлука забраната за патување за Бразил и Јужна Африка да остане во сила до 13 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Се огласи болницата во Банска Бистрица: Ова се последните информации за состојбата на Роберт Фицо
Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше ранет во обид за атентат минатата недела, е стабилна, соопштија од болницата во Банска Бистрица.
„Клинички се подобрува, комуницира, воспалителните параметри полека се намалуваат. Премиерот останува под наша грижа“, соопштија од болницата во Банска Бистрица по денешната седница на Советот.
Фицо беше тешко ранет минатата среда по состанокот на кабинетот кога се приближи до насобраните луѓе.
Тој со хеликоптер беше префрлен во болницата во Банска Бистрица каде итно беше опериран и оттогаш е таму.
Претходните денови се зборуваше за префрлање на премиерот во друга институција, но како што може да се заклучи од денешното соопштение на болницата, тој засега останува во Банска Бистрица.
Европа
Украина со дронови нападна руска рафинерија: „Има штета, престана да работи“
Руска нафтена рафинерија во Славјанск, во Краснодарската област, беше оштетена по напад со беспилотно летало кон крајот на минатата недела, објави денеска државната новинска агенција Тасс, цитирајќи претставник на компанијата за безбедност.
Шест беспилотни летала погодија област на нафтена рафинерија во Славјанск во јужниот дел на Русија Краснодар во раните утрински часови, според локалните власти.
Новинската агенција Интерфакс објави дека рафинеријата престанала да работи по нападот.
„Причинета е штета. Ќе се утврдат нејзината големина и опсег“, ја цитира Тасс изјавата на безбедносниот претставник Едуард Труднев во понеделникот.
Рафинеријата во Славјанск е приватна постројка со капацитет од околу 100.000 барели дневно. Произведува гориво за домашни потреби и за извоз.
Европа
Ердоган: Раиси беше вреден колега и брат
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изрази сочувство за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, нагласувајќи дека Турција стои во солидарност со Иран.
Ердоган на платформата Х напиша дека се сеќава на Раиси со почит и благодарност, наведувајќи дека иранскиот претседател вложил напори за мир во Иран и регионот.
„Турција стои покрај Иран во ова тешко време“, рече Ердоган, нарекувајќи го Раиси „вреден колега и брат“.
Покрај Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, идентификувани се уште три лица кои загинаа во хеликоптерска несреќа во северозападен Иран, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.
Убиени се имамот во градот Табриз, ајатолахот Мохамад Али Ал-е Хашем, началникот на иранската провинција Источен Азербејџан, генерал Малек Рахмати и командантот на единицата за заштита на претседателот, Сардар Сејед Мехди Мусави.
Загинаа и одреден број телохранители и екипаж на хеликоптер кои се уште не се идентификувани.