Европа
Јункер нема повторно да се кандидира за шеф на ЕК
Претседателот на Европската комисија, поранешниот луксембуршки премиер, Жан-Клод Јункер, изјави дека нема да се кандидира за новиот мандат на чело на извршното тело на Европската унија кој му истекува во 2019 година.
„Нема да има нова кампања, бидејќи нема повторно да се кандидирам“, изјави во саботата челникот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во разговорот за германското јавно радио Deutschlandfunk.
Јункер е на една од најмоќните позиции во Европската унија дојде во 2014 година, откако Европската народна партија (EPP) победи на изборите.
Сега 62-годишник, кој во 1989 година доживеа сообраќајна несреќа и две седмици мина во кома, беше премиер на Луксембург во период 1995 до 2013 година. Во периодот од 1989 до 2009 година беше и министер за финансии. Исто така, беше челник и на Еврогрупата (министрите за финансии на земјите членки на еврозоната) од 2005 до 2013 година.
Еден од втемелувачите на еврото, Јункер ги водеше тешките преговори за меѓународната помош за презадолжената помош за Грција и другите членки на еврозоната, и беше клучната личност во решавањето на економската криза во Европската унија во 2009 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Виткоф: Во преговорите меѓу Русија и Украина остана само едно прашање
Стив Виткоф, специјалниот пратеник на американскиот претседател за разговорите Украина-Русија, денес нагласи дека останува „само едно прашање“ што може да се реши ако двете страни сакаат.
Виткоф се придружи на панел-дискусија за Украина во Давос, велејќи дека преговорите се „на крајот од процесот“ и дека е „оптимист“.
„Се сведовме на едно прашање, разговаравме за различни верзии од него, што значи дека е решливо“, нагласи американскиот мултимилијардер кој беше назначен за пратеник од Доналд Трамп пред 11 месеци.
„Ако двете страни сакаат да го решат, ние ќе го решиме“, рече тој.
На панел-дискусијата, Виткоф го пофали украинскиот преговарачки тим, со кого „поминал повеќе од сто часа“ од состаноците во Женева.
„Буквално е толку обемно“, рече пратеникот, кажувајќи им на Украинците во салата дека се претставени од „неверојатен преговарачки тим“.
По Давос, Виткоф патува за Москва, каде што е најавен состанок со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа и за Абу Даби, каде што работни тимови од Украина и Русија работат на преговорите.
„Мислам дека ќе успееме“, ја заврши својата интервенција пратеникот.
Европа
(Видео) Погоден нафтен терминал во Русија, има загинати
Во напад врз нафтен терминал во близина на селото Волна во руската Краснодарска област загинаа две лица, соопшти гувернерот Венијамин Кондратиев доцна вчера вечер.
„Нафтениот терминал моментално е во пламен, погодени се четири резервоари со нафтени производи. 29 парчиња опрема и 97 лица, вклучувајќи ги и припадниците на руското Министерство за вонредни ситуации, се ангажирани во отстранувањето на последиците“, рече Кондратиев.
On Wednesday evening, Ukraine carried out strikes on the Tamanneftegaz oil and gas terminal located near the settlement of Volna in Krasnodar Krai, southern Russia.
A video below shows the activity of Russian air defenses in the area and the moment of one of the Ukrainian… pic.twitter.com/GBEXwOiJx1
— Status-6 (War & Military News) (@Archer83Able) January 21, 2026
Тој додаде дека ова е втора ноќ по ред Краснодарската област да биде изложена на напади. Во ноќта од вторник кон среда, беспилотно летало ја погоди рафинеријата Афипски. Во објектот избувна пожар. Тоа е една од најголемите рафинерии во јужна Русија, која и претходно беше цел на напади со беспилотни летала. Пожари беа регистрирани таму и по нападите во септември и ноември минатата година.
Украина ги смета руските енергетски објекти за воени цели бидејќи тие директно ја финансираат војната на Русија против Украина. Киев редовно извршува напади длабоко на руска територија со цел да ги ослабне воените способности на Кремљ.
Европа
Украинскиот министер за одбрана: Целта е да се убиваат 50.000 Руси месечно
Украина сака да „убива 50.000 Руси месечно“, изјави новиот министер за одбрана Михајло Федоров за време на прес-конференција, наведувајќи ги своите приоритети за мандатот.
Зборувајќи за своите планови во својата нова улога, Федоров рече дека има две клучни цели, од кои првата е да управува со системот.
„Управувањето мора да се гради околу луѓе кои се способни да постигнат јасно дефинирани цели. Ако некој не покаже мерливи резултати, не може да остане во системот“, рече тој.
Тој го наведе зголемувањето на руските жртви како втора стратешка цел. „Втората стратешка цел е да се убијат 50.000 Руси месечно“, рече тој. Додаде дека, според украинските податоци, минатиот месец биле убиени 35.000 руски војници и дека овие загуби биле „потврдени со снимки“.
„Ако достигнеме 50.000, ќе видиме што ќе се случи со непријателот. Тие ги гледаат луѓето како ресурс, а недостатокот на овој ресурс е веќе видлив“, нагласи тој. Москва и Киев ретко официјално ги објавуваат своите загуби. Украина проценува дека вкупните руски загуби од почетокот на целосната инвазија надминале 1.200.000 луѓе. Оваа бројка ги вклучува мртвите, ранетите и исчезнатите.

