Европа
Анкета: Лепен го добива првиот круг од изборите, но ќе биде поразена во вториот
Челничката на крајната десница Националниот фронт (NF), Матен Лепен, според сé судејќи, ќе победи во првиот круг од француските претседателски избори, додека ќе загуби во вториот од независниот кандидат Емануел Макрон покажува уше една анкета објавена во четвртокот.
Истражувањето на институтот Harris Interactive покажа дека на првиот круг од француските претседателски избори на 23-ти април претседателката на Националниот фронт Марин Лепен би победила со 24 отсто, додека поранешниот социјалистички министер за економија Емануел Макрон, би освоил 21 отсто од гласовите.
Франсоа Фијон, конзервативецот од партијата Републиканци, кого анкетите до пред две седмици пред избувнувањето на скандалот со наводното фиктивно вработување на неговата сопруга, го покажува како главен фаворит за шеф на државата, сега има 19 отсто поддршка.
Анкетата предвидуваа дека центристот Франсоа Баеру, доколку се кандидира е добие пет отсто од гласовите во првиот круг. Меѓутоа, тој сé уште не ја истакна својата кандидатура. Доколку тоа не го стори, неговите гласачи, најверојатно, ќе поддржат некој од кандидатите Макрон или Фијон.
Анкетата објавена во саботата на институтот Ifop предвидуваше дека Марин Лепен е фаворит за лидер по првиот круг од претседателските избори на 23-ти април со 25 отсто, а на второто место е независниот кандидат поранешниот министер за економија Емануел Макрон со 20,5 отсто, одека конзервативецот поранешниот премиер Франсоа Фијон со 18,5 отсто.
Но, бидејќи традиционално левицата, центристите и конзервативците се сојузуваат против Националниот фронт, анкетата покажува дека во вториот круг на 7-ми мај Лепен има шанси од 37 отсто, наспроти Макрон со 63 отсто./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

