Европа
Балтикот бара ЕУ-дебата откога кинески амбасадор го доведе во прашање нивниот суверенитет
Откога кинескиот амбасадор во Франција предизвика меѓународен скандал доведувајќи го во прашање на суверенитетот на земјите што произлегоа од поранешниот Советски Сојуз, се очекува гневот од Источна Европа и Украина да прелие на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ закажан за денеска, пренесува „Еурактив“.
Според кинескиот амбасадор во Франција, Лу Шаје, земјите што произлегоа од поранешниот Советски Сојуз немаат ефективен статус според меѓународното право бидејќи не постои меѓународен договор што го потврдува нивниот статус како суверени нации.
Коментарите на Лу фрлаат сомнеж не само врз суверенитетот на Украина туку и врз сите поранешни советски републики, кои станаа независни нации по падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, вклучувајќи ги и земјите членки на ЕУ.
Иако француското МНР изрази вџашеност од коментарите на Лу, нема индиции дека амбасадорот бил повикан да ги објасни своите забелешки зашто Париз чека официјален Пекинг да потврди дали овие коментари ја одразуваат позицијата на Кина.
Естонија, Литванија и Латвија, пак, во неделата координирано ги повикаа амбасадорите на Кина во секоја земја за објаснување.
Контроверзните коментари на Лу доаѓаат пред денешниот редовен состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, на кој требаше да се разговара за односите меѓу ЕУ и Кина.
Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, кој ги нарече коментарите неприфатливи, додаде дека ЕУ се надева оти тие не ја претставуваат официјалната политика на Кина.
Борел минатата недела во Европскиот парламент ја критикува какофонијата од ставови и немањето координација меѓу членките на ЕУ во однос на Кина. Коментарите на Лу повторно ја разгореа дебатата за единствен пристап на ЕУ кон Кина и дали ЕУ треба да смета на помош од Пекинг за менување на позицијата на Русија.
Тајмингот е проблематичен и за францускиот претседател Емануел Макрон, кој со својата посета на Пекинг претходно месецов и последователните изјави предизвика вознемиреност кај некои западни сојузници.
Според Антоан Бондаз, експерт за Кина во Фондацијата за стратешки истражувања (ФРС) со седиште во Париз, ЕУ треба да ја ревидира својата постојна стратегија за Кина од 2019 година за целосно да ги вклучи политичката, дипломатската и економската поддршка на Кина за Русија, како и заклучоците од говорот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, за Кина, во кој таа посочи дека Европа треба дипломатски и економски „да се ослободи од ризикот“ со Кина, која станува порепресивна дома и понаметлива во надворешните односи.
„Затоа мора да се задржи триптихот – партнер за соработка, економски конкурент и системски ривал – но, стратешките цели на ЕУ мора да бидат подобро дефинирани, особено во смисла на намалување на ризикот“, додаде тој.
Бондаз смета дека ЕУ, пред сè, треба да биде понаметлива и јасно да стави до знаење дека војната во Украина е приоритетно безбедносно прашање за блокот, како и дека испораките на оружје за Русија би биле против меѓународното право и против нашите безбедносните интереси на Унијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.
Европа
Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин
Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.
Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.
Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.

