Европа
Британската влада мисли дека на Шкотска не ѝ е потребен нов референдум за независност
Заканите за одржување нов шкотски референдум за независност создале непотребна несигурност и поделби, изјави портпаролот на британската влада во понеделникот, одговарајќи на медиумските извештаи дека во Шкотска владејачката парти се подготвува да бара референдум.
„Прашањето не е дали може да се одржи нови референдум, туку дали треба да се одржи, а едноставниот одговор на тоа е – не. Заканите со референдум создадоа непотребна несигурност и поделби“, се вели во изјавата на портпаролот на владата во Лондон којашто ја цитираат медиумите.
Притоа истакнал дека „одлуката за останувањето во Обединетото Кралство која шкотскиот народ ја донесе во 2014 година и сите докази укажуваат дека народот во Шкотска не сака нов референдум“.
Шкотската премиерка Никола Старџен ѝ постави на британската колешка по должност Тереза Меј на 31-ви јануари ултиматум од два месеца да го договори излегувањето на Велика Британија од Европската унија, и навести нов референдум за независност на Шкотска. Многу наскоро потоа британската влада соопшти дека не мисли оти би требало повторно да се организира референдум за независност на Шкотска.
Според медиумите на Островот, до крајот на март, кога треба да биде активиран членот 50 од Лисабонскиот договор со кој се регулира истапувањето на земја членка од ЕУ, можно е да биде одржан конгрес на Шкотската национална партија (SNP) чиј лидер е Старџен, и која доминира во парламентот на овој британски ентитет. Се претпоставува, исто така, дека на конгресот може да биде објавено одржување на нов референдум за независност на Шкотска од Обединетото Кралство.
Исто така, SNP има намера активно да биде вклучена во процесот на дискусијата за условите за излегувањето од ЕУ, предложувајќи во договорот околу 50 амандмани.
Како челник на Шкотската национална партија (SNP), Старџен пред референдумот од 23-ти јуни 2016 година водеше кампања за останувањето на Обединетото Кралство во ЕУ и шкотските избирачи се изјаснија за зачувување на членството во Унијата, како и гласачите во Северна Ирска, додека Англија и Велс со своите повеќе гласачи го одредија излегувањето.
„Ќе сториме сé за волјата на граѓаните на Шкотска да биде земена предвид“, изјави претставничката на SNP за правни прашања, Џоана Чери. Таа истакнува дека планот на владата мора да добие одобрување од новиот министерски совет, во кој влегуваат и челниците на автономните региони на Обединетото Кралство, односно Англија, Велс, Северна Ирска и Шкотска.
На контроверзниот референдум за независност во 2014 година мнозинството, со 55 наспроти 45 отсто, гласаше Шкотска да остане во составот на Обединетото Кралство. Меѓутоа, откако на британскиот референдум беше изгласано излегувањето од ЕУ, според Старџен „тоа не е повеќе земјата во којашто Шкотите тогаш одлучија да останат“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
На парадата на Путин имаше само еден тенк, луѓето се потсмеваат: „Па, барем вози“
Иако воената парада во Москва е нормално можност Русија да се пофали со својата војска, оваа година само еден тенк помина низ Црвениот плоштад. За работите да бидат уште поинтересни, тоа беше тенк Т-34, произведен пред 90 години – уште пред да се роди Путин.
Да потсетиме, на воената парада и минатата година учествуваше еден тенк, истиот Т-34. Многумина го исмеваат Путин поради ова.
The only Russian tank present at today’s Victory Day parade in Moscow is a single T-34. pic.twitter.com/ut3T6zr31v
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) May 9, 2024
„Овој Т-34, легендарниот советски тенк од Втората светска војна, беше единствениот руски тенк изложен на парадата на Денот на победата на Црвениот плоштад денес“, напиша Макс Седон, шеф на московското биро за „Фајненшл тајмс“. „Сите останати мора да се некаде зафатени!“
Про-украински корисник на „Икс“ напиша: „Па, барем вози“.
Друг корисник додаде: „Ништо не говори „втора армија на светот“ како осамениот тенк на победничката парада втора година по ред“.
Европа
Поранешниот премиер на Малта, Џозеф Мускат обвинет за корупција: случајот го истражуваше и убиената новинарка
Поранешниот премиер на Малта, Џозеф Мускат, беше обвинет за корупција во врска со скандалот, кој го истражуваше и познатата новинарка Дафне Каруна Галиција. Како што пренесува „Гардијан“, освен за Мускат, обвинението е покренато и против гувернерите на Централната банка на Малта, како и против вицепремиерот. Тие се обвинети во врска со скандалот околу приватизацијата на болниците.
Мускат беше обвинет за примање мито, корупција во јавните служби и перење пари, соопшти агенцијата АФП. Обвиненијата против него ги нарече „фантазија и лаги“, тврдејќи дека е жртва на политичка одмазда.
Malta’s former prime minister charged with corruption over hospital scandal https://t.co/TpFy0DGNV4
— Guardian news (@guardiannews) May 9, 2024
Заедно со него беа обвинети и Крис Фарне, вицепремиер, кој требаше да биде следниот еврокомесар и Едвард Шикулна, поранешен министер за економија и актуелен гувернер на Централната банка на Малта. Тие се обвинети за измама и проневера.
Фарне, кој беше министер за здравство во времето на скандалот кога беше приватизирана болницата, рече дека „апсолутно нема сомнеж дека судот ќе утврди нешто друго освен неговата целосна невиност“. Шикулна не го коментираше обвинението, но претходно негираше дека направил нешто незаконско.
Се очекува дека ќе бидат обвинети уште најмалку двајца високи владини функционери. Обвинението е дел од долгорочната истрага за одлуката на лабуристичката влада од 2015 година, на чело со Мускат, управувањето со три јавни болници да го префрли на приватната компанија „Виталс глобал Хелткер“ како дел од зделката чија вредност се проценува. на четири милијарди евра.
🧵1⃣Last year, we launched the first in a series of investigations we’re supporting with research and investigation coordination: a deep dive into the financial flows in the Malta hospitals privatisation deal. Revisit reporting by our project partners ⬇️https://t.co/HPcKrXbJjJ
— Daphne Caruana Galizia Foundation (@daphnefdtn) April 30, 2024
За овој скандал информираше и Дафне Каруна Галиција, позната истражувачка новинарка од Малта, која беше убиена во експлозија на бомба поставена под нејзиниот автомобил во 2017 година. Фондацијата формирана во нејзино име по смртта на новинарката објави дека оваа пресуда „докажува дека нејзиното истражување за наместена приватизација било точно“.
Смртта на Дафне Каруна Галиција предизвика голем шок на мирниот медитерански остров. Опсежната независна истрага во 2019 година покажа дека владата не учествувала во атентатот, но дека државата мора да сноси одговорност за создавање „култура на неказнивост“.
Европа
Голем протест во Шведска, не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета Тунберг
Вечерва претставникот на Израел настапува на Изборот за песна на Евровизија што се одржа во арената Малмe во Шведска, што предизвика повеќе протести кои се одржаа денеска во Малме.
„Ќе имаме многу видлива полиција на терен“, изјави портпаролот на полицијата Филип Анас. „Им беше дадена дозвола бидејќи оценуваме дека може безбедно да се спроведат. Доколку има некакво нарушување, ќе се справиме со тоа“, додаде тој.
Во 16 часот започна протестот против учеството на Израел на Евровизија, а организаторите очекуваа до 25.000 луѓе. Од полицијата велат дека се собрале меѓу 6.000 и 8.000 луѓе.
Локалните медиуми јавуваат дека на улиците излегле граѓани од сите генерации, вклучувајќи родители и деца. Демонстрантите удираа во тапани и извикуваа палестински пароли. Некој закачи палестинско знаме на покривот на улична кујна.
„Не го слушате ли детскиот плач? Не ја гледате крвта на децата? Сите деца се еднакви“, извикуваа демонстрантите.
На протестот е и шведската активистка Грета Тунберг.
Во 18:00 часот на друга локација во градот ќе се одржи музичка демонстрација за поддршка на учеството на Израел на Евровизија.
Третиот настан ќе се одржи вечерва во Хили, каде се наоѓа арената Малме. Тоа е уште еден протест против учеството на Израел во музичкиот натпревар.