Европа
Британски експерти: Ќе мора редовно да се вакцинираме против Ковид-19

Поради новите соеви на коронавирусот, кои се позаразни и кои го заобиколуват човечкиот имунитет, ќе биде потребна редовна ревакцинација против коронавирусот, изјави шефицата на британскиот Институт, кој работи на секвенционирање на геномот на коронавирусот.
Ковид-19 уби повеќе од 2,65 милиона луѓе во светот од неговото појавување во Кина кон крајот на 2019 година.
Вирусот мутира на секои две недели, побавно од грипот или ХИВ, но доволно за да бидат потребни модификации на вакцините, велат експертите.
Шерон Пикок, шеф на британскиот Институт, истакна дека играта мачка и глушец со коронавирусот бара меѓународна соработка, пишува „Ројтерс“.
„Треба да прифатиме дека секогаш ќе ни треба повторна вакцинација, имунитетот против коронавирусот не трае вечно“, рече Пикок.
„Ние веќе ги менуваме вакцините за да се справиме со еволуцијата на овој вирус, се појавуваат варијанти со комбинација на поголема зараза и можност делумно да се заобиколи нашиот имунолошкиот одговор“, додаде научничката од Британија.
Таа е убедена дека редовната ревакцинација, како што е против грипот, ќе биде неопходна поради идните видови коронавирус, но истакна дека напредокот во производството на вакцини дозволува вирусот да се развие навреме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Фрлени „молотови коктели“ кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со „молотов коктел“, а нема информации за жртви, јавува „Анадолија“.
Инцидентот се случил околу 8 часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат многу странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два „молотови коктела“ биле фрлени во дворот на конзулатот, но, за среќа, не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.
Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.