Европа
Британски план Б за зимата: работа од дома, задолжителни маски, сертификат за Ковид-19
Заклучувањето, задолжителното носење маски, сертификат за Ковид-19 и работа од дома уште еднаш може да станат дел од секојдневниот живот оваа зима како план Б во борбата против пандемијата, најави британскиот министер за здравство.
Министерот Саид Џавид рече дека владата е подготвена за план Б доколку англискиот здравствен систем се најде под неподнослив притисок.
Според него, планот Б вклучува – задолжително носење маски, работа од дома, задолжителни сертификати за Ковид-19 за ноќни клубови, забрана за настани во затворени простории за повеќе од 500 луѓе, забрана за настани на отворено со повеќе од 4.000 присутни, јасна и итна комуникација за нивото на ризик.
Тој нагласи дека заклучувањето е последната опција ако планот Б не успее, пренесуваат британските медиуми.
„Секоја одговорна влада мора да се подготви за сите опции и иако никој не ги сака овие мерки, ние мора да бидеме подготвени за нив за секој случај“, рече Џавид.
Британските власти нагласуваат дека не постои мерка што точно ќе покаже кога и дали треба да се активира планот Б, а портпаролот на Борис Џонсон рече дека ќе се земат предвид неколку фактори, од бројот на хоспитализирани преку клинички слики до бројот на новозаразени.
Британија ќе ги ревидира упатствата за патување на 1 октомври, а Џавид додаде дека е можно да се воведат задолжителни сертификати за Ковид-19 за здравствените работници и за оние во социјалните институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германија има план од 10 точки за Украина, објави Ројтерс
Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна интеграција на пазарот и можни федерални гаранции за инвестиции. Планот беше презентиран вчера за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Берлин, додека европските лидери се обидуваат да испратат силна порака до американскиот претседател Доналд Трамп за единството на континентот во поддршка на Украина, објави Ројтерс.
„Силната украинска одбранбена индустрија е од суштинско значење за одбраната од руска агресивна војна и е важен елемент на безбедносните гаранции за одвраќање на идната руска агресија“, според документ дистрибуиран за време на посетата на Зеленски, која следеше по продолжувањето на мировните разговори со американските претставници.
Зајакнување на одбранбената соработка
Според новиот план, Германија и Украина ќе соработуваат поблиску на истражувањето во одбраната, заедничките инвестиции и набавките. Како најголем европски поддржувач на Украина, Германија, исто така, размислува за користење на федерални гаранции за поттикнување инвестиции во одбранбената индустрија на Украина.
Конкретни чекори и иницијативи
Планот, исто така, предвидува испитување на можноста за заедничка набавка на одбранбена опрема произведена во Украина, особено беспилотни летала-пресретнувачи, за заштита на воздушниот простор на НАТО, како дел од европската иницијатива „Небесен штит“.
Со цел зајакнување на индустриските врски, во Берлин ќе се формира канцеларија за врска за украинската одбранбена индустрија наречена Ukraine Freedom House. Министерствата за одбрана на двете земји ќе одржуваат редовни консултации на високо ниво, а Германија ќе го зголеми присуството на своите воени аташеа во Киев и ќе ја интензивира размената на експерти.
Во документот, исто така, се наведува дека Германија и Украина ќе преземат сеопфатни мерки за спречување на корупцијата. Овој потег е одговор на загриженоста на Западот по најголемиот корупциски скандал во Киев за време на војната, што доведе до оставка на двајца министри и началникот на кабинетот на претседателот Зеленски.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Москва со беспилотни летала
Руската престолнина синоќа повторно беше цел на беспилотни летала, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Ова е втор голем напад со беспилотни летала за помалку од една недела по големиот напад на 10 декември, објави „Киев индепендент“.
Русите: Соборивме најмалку 18
Според Собјанин, руската воздушна одбрана собори најмалку 18 беспилотни летала што се движеа кон Москва. Тој рече дека нема извештаи за жртви или штети и дека службите за итни случаи ги расчистуваат остатоците од соборените беспилотни летала.
Taking the war to russian’s front door in Moscow tonight:
🔥Drones are attacking Moscow: explosions are heard and smoke is rising. Muscovites are panicking. Cope is real. pic.twitter.com/45Ca3Wym77
— Beefeater (@Beefeater_Fella) December 14, 2025
Руското Министерство за одбрана подоцна објави подетаљни податоци тврдејќи дека вкупно 130 беспилотни летала биле пресретнати во Русија преку ноќ. Од нив, велат тие, 25 биле соборени над Московскиот Регион.
Експлозии и прекини во сообраќајот
Жителите на истринскиот округ, 40-ина километри западно од Москва, пријавија повеќе од десетина гласни експлозии, објави рускиот телеграм-канал „Шот“. Експлозии се слушнале и во Кашира и во Коломна, јужно од главниот град.
Нападите доведоа и до привремени ограничувања на воздушниот сообраќај на московските аеродроми „Жуковски“ и „Домодедово“. Претходните напади исто така ги прекинаа воздушните операции приземјувајќи и одложувајќи стотици летови.
Европа
Евростат објави колку бегалци од Украина примила секоја земја од ЕУ
Евростат објави детаљни податоци за тоа колку граѓани, кои не се од ЕУ, а избегале од Украина, моментно имаат статус на привремена заштита во Европската Унија.
На 31 октомври оваа година вкупно 4,3 милиони такви лица имале статус на привремена заштита. Во споредба со крајот на септември оваа година, вкупниот број на лица од Украина под привремена заштита се намалил за 6.170 (-0,1 %).
Земјите членки на ЕУ, кои примиле најголем број корисници на привремена заштита од Украина, биле Германија (1.229.960 лица; 28,6 % од вкупниот број во ЕУ), Полска (965.005; 22,5 %) и Чешка (393.005; 9,1 %).
Список на земји според примени бегалци од Украина:
- Германија – 1.229.960
- Полска – 965.005
- Чешка – 393.005
- Шпанија – 250.135
- Романија – 197.675
- Словачка – 137.600
- Холандија – 132.200
- Ирска – 117.805
- Белгија – 93.520
- Австрија – 90.340
- Норвешка – 82.590
- Финска – 77.335
- Бугарија – 75.255
- Швајцарија – 70.950
- Италија – 56.940
- Франција – 54.005
- Литванија – 50.600
- Шведска – 48.315
- Данска – 45.230
- Унгарија – 42.430
- Грција – 37.685
- Естонија – 34.965
- Латвија – 31.280
- Хрватска – 28.070
- Кипар – 24.755
- Словенија – 10.950
- Малта – 2.445
- Лихтенштајн – 845

